фудбал

Монако го посакува Филип Клемент како нов тренер на екипата

Монако веројатно брзо пронајде замена за Нико Ковач кој доби отказ од тренерската позиција во клубот. 

Се работи за актуелниот тренер на белгискиот Бриж, Филип Клемент, кој ја прифатил понудата да го преземе францускиот тим и веќе го известил својот сегашен клуб за неговата намера.

Под раководство на Клемент, екипата на Бриж освои три последователни титули во првенството на Белгија. Тренерот е убеден дека со евентуалниот трансфер во Монако ќе направи голем исчекор во неговата кариера.


Евертон потпиша со Виталиј Миколенко од Динамо Киев

Од Евертон пристигна официјална информација дека клубот во своите редови го доведе украинскиот репрезентативец Виталиј Миколенко, кој игра на позицијата лев бек.

Официјалната сума за 22-годишниот поранешен играч на Динамо Киев не е соопштена, но се претпоставува дека се работи за 21 милион евра. Миколенко според договорот ќе остане во Евертон до 2026 година.

„Мојата преселба во Евертон е голем и важен чекор во мојот живот. Отсекогаш сонував да играм во Премиер лигата. Имам 22 години, но имам доволно искуство и се надевам дека ќе продолжам да напредувам како фудбалер“. изјави Миколенко

https://twitter.com/Everton/status/1477218632237260802?s=20

Наполи го носи на позајмица Туанзебе од Манчестер Јунајтед

Италијанскиот клуб Наполи постигна договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на дефанзивецот Аксел Туанзебе.

24-годишниот Туанзебе ќе пристигне во Неапол како позајмен играч од „црвените ѓаволи“ до крајот на јуни 2022 година за сума од 500.000 евра, меѓутоа договорот не вклучува опција за купување по завршувањето на сезоната.

Туанзебе е роден во ДР Конго, Африка, но како тинејџер се вклучи во екипата на Манчестер Јунајтед. Тој во моментот е на позајмица во тимот на Астон Вила.


Буфон: Јуве не беше подготвен за ѕвезда како Роналдо

Џанлуиџи Буфон кој долго време играше за Јувентус, зборуваше за влијанието на напаѓачот, Кристијано Роналдо, врз тимот од Торино.

Претходно, легендарниот голман изјави, дека со доаѓањето на Португалецот, Јуве изгубил дел од ДНК. Роналдо за Јувентус играше три години и за тоа време постигна 101 гол. Сепак, со него тимот никогаш не ја освои Лигата на шампионите како што многумина сонуваа во Торино.

„Реков дека со Роналдо, Јувентус изгуби дел од својата ДНК, затоа што навистина мислам така. Кога потпишувате со фудбалер од таков калибар, знаете во што се впуштате. Во такви ситуации, играчите треба да бидат подготвени за транзиција на таков играч“, изјавил Буфон.


Венеција се засили со Куизенс од Баерн

Во претходниот период се појавија шпекулации дека Мајкл Куизенс е незадоволен од својот статус во Баерн, а се стана јасно кога во куп натпреварот против Волфсбург со опремата фрли кон својот тренер Јулијан Нагелсман.

Сега заврши незадоволството на фудбалерот од средниот ред така што го напушти клубот. Кариерата Куизенс ја продолжува во италијанска Венеција каде што прави перманенетен трансфер.
Французинот веќе е во Италија каде што го минува лекарските прегледи после што ќе потпише договор со Венеција. Во игра за неговиот потпис беше и ЦСКА Москва, но сепак фудбалерот се одлучил да продолжи во Италија.


Дани Алвес: Немаше да се вратам во Барса ако Бартомеу беше претседател

Дани Алвес се врати во тешките денови да и помогне на Барселона со своето искуство.

Алвес со Барселона има договор до крајот на сезоната и има опција да го продолжи доколку покаже дека се уште може да игра фудбал на највисоко ниво. Во разговор со шпанските медиуми Алвес отворено порача дека немало да се врати ако Бартомеу останел во клубот.

„Немаше да се вратам ако Бартомеу беше во клубот. Заминав кога тој беше претседател затоа што не сакав да соработувам со таков човек. Сигурно немаше да бидам јас тука, ако тој беше во клубот. Со Лапорта брзо се договоривме и целта на сите е да го вратиме клубот на врвот затоа што Барселона и таму припаѓа“, изјави Алвес.


Ериксен има пет понуди да ја продолжи својата кариера

Данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен, кој моментално е слободен играч, почна да тренира и доби неколку понуди од клубови од Данска, Холандија и Англија.

„Кристијан Ериксен веќе доби 4-5 понуди од дански, холандски и англиски клубови. Тој работи и тренира за наскоро да се врати во игра“, напиша новинарот Николо Шира.

Да потсетиме, на 17 декември италијанскиот Интер најави заминување на Ериксен од тимот. Двете страни со меѓусебен договор ја раскинаа соработката, бидејќи според правилата на Серија А, играчот од средниот ред не може да игра со дефибрилатор кој му беше вграден по срцевиот удар кој го имаше Ериксен на 12 јуни, на крајот од првото полувреме од натпреварот на ЕП 2020 Данска – Финска.


Гинтер го одби Баерн, следното лето ќе потпише за Интер

Интер планира да го ангажира Матијас Гинтер следното лето како слободен играч. Германецот ја одбил понудата на Борусија Менхенгладбах за продолжување на договорот.

Италијанскиот клуб го искористи моментот и реши да го ангажира играчот како слободен играч. Интер му понуди на Гинтер 4-годишен договор со плата од 3 милиони евра годишно плус бонуси. Да потсетиме, Гинтер стана играч на Борусија Менхенгладбах во 2017 година. Претходно германскиот дефанзивец настапуваше за Фрајбург и Борусија Дортмунд.

Оваа сезона Гинтер учествуваше на 15 натпревари од германската Бундес лига и не постигна гол. Како дел од германската репрезентација, Гинтер е светски шампион (2014) и победник на Купот на конфедерации (2017).


Дејвид Бекам наскоро ја добива титулата „Сер“

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, ова лето би требало да ја добие престижната титула „сер“.

Причината поради која Бекам досега не ја имаше добиено оваа титула беа даночни проблеми кои играчот ги имаше во Англија, но сега тие се решени и тој е ставен на зелена листа.

Легендата на Манчестер Јунајтед, титулата ја заслужи не само поради неговите достигнувања во спортот, туку и поради неговата хуманитарна работа преку која досега има донирано 50 милиони фунти.


Лукаку незадоволен од тактиката на тренерот Тухел

Фудбалерот на Челзи, Ромелу Лукаку, даде изненадувачка изјава за „Скај Италија“велејќи дека не се чувствува среќен во Челзи каде пристигна како огромно засилување пред само четири месеци.

Лукаку истакнува и дека не му се допаѓа системот и тактиката на игра од страна на тренерот Томас Тухел.

 Во моментот тој професионално ќе ги прифати сите задачи кои ќе му бидат доделени на теренот, но размислува за негово враќање во Италија во блиска иднина.

Оваа негова изјава ги разбранува медиумите во Англија и се очекува реакција од неговиот тренер,Томас Тухел.