фудбал

Пеп ќе биде селектор по епизодата во Манчестер Сити

Пеп Гвардиола призна дека сака да се испроба во работа со национален тим.

„Кога ќе завршам во Манчестер, ќе ми биде интересно да работам на СП или ЕП. Но, обично тоа не е лесно – има многу малку слободни работни места во такви случаи. Меѓутоа, доколку тоа не се случи, ќе продолжам да го тренирам клубот. Ако зборуваме за работа во Англија, тогаш мислам дека можам да работам само во Манчестер Сити. Знаете, пред многу години никогаш не би помислил дека ќе станам менаџер на Манчестер Сити и ќе бидам во тимот шест сезони. Да видиме што ќе се случи понатаму“, изјави Гвардиола.

За потсетување, 50-годишниот тренер работи во Манчестер Сити од 2016 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија три пати и играше во финалето на Лигата на шампионите.


Масовна тепачка на српски ракометен натпревар (Видео)

Голема тепачка изби на ракометен натпревар во српската Супер Б лига, помеѓу екипите на Врбас и Колубара.

Инцидентот настана кога еден од играчите на Врбас со тупаница удри играч од противничката екипа. После ова настана масовна тепачка во која се вклучија ракометари и тренери од двете екипи. 

Тепачката траеше неколку минути по што натпреварот продолжи и заврши со победа на домаќинот Врбас 27:26.



Себаљос побарал од Анчелоти да се врати во матичниот Бетис

Карло Анчелоти врши одлична работа во Реал Мадрид, како одминува времето кралскиот клуб изгледа се подобро, но Италијанецот не може да им угоди на сите фудбалери. Еден од оние кои се назадоволни од својот статус е Дани Себаљос.

Според „Ел Национал“, Карло Анчелоти бил изненден кога Себаљос побарал во јануари да се врати во Бетис, клубот каде ја почна кариерата.

Себаљос не сакал да остане во Реал Мадрид, ниту пак да се врати во Арсенал каде претходно играше на позајмица, негова желба е се пресели во Бетис, смета дека тоа е местото каде што би блеснал.

Доколку Бетис испрати соодветна понуда, Флорентино Перез нема да му прави проблем на Себаљос да замине. Реал Мадрид како стартери ги има Касемиро, Крос и Модриќ, а на клупата се Валверде, Камавинга и Иско, па кралскиот клуб има доволно избор за средниот ред.


Херта од Берлин го отпушти тренерот Дардаи

Бундеслигашот Херта од Берлин му врачи отказ на тренерот Пал Дардаи после ремито од 1:1 со екипата на Аугсбург на домашен терен. 

„Би сакале да му се заблагодариме на Пал за неговата работа. Минатата сезона го презеде тимот во тешка ситуација и успеа да го задржи во Бундеслигата“, изјави директорот на Херта, Фреди Бобиќ.

На неговото место до крајот на сезоната клубот го назначи 47-годишниот Тајфун Коркут. Тимот на Херта се наоѓа на 14. место од табелата во првата Бундеслига. 

https://twitter.com/HerthaBSC_EN/status/1465249043932663808?s=20



Полицијата спречи инцидент меѓу Чави и Емери

Барселона го победи Виљареал, а Унаи Емери беше лут на судиските одлуки, па одби да се поздрави со Чави на крајот на мечот.

Домаќините пропуштија повеќе добри шанси, а бесни се и на неколку судиски одлуки, особено на играта со рака на Пике во казнетиот простор. По последниот судиски свиреж Емери избега кон соблекувалната и одби да се поздрави со тренерот на Каталонците, а тоа го налути Чави.

Каталонски „Спорт“ открива дека тоа довело до голема вербална расправија помеѓу двајцата тренери во тунелот, па полицијата интервенирала да не дојде до физичка пресметка.


Карик: Убеден сум дека немаше пенал за Челзи

Времениот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, вели неговиот тим требало да победи на дербито со Челзи и дека противникот добил непосточеки пенал.

„Кога имаш водство на ваков натпревар разочарувачки е да не победиш. Убеден сум дека не беше пенал. Де Геа одбрани неколку добри шутеви, но, ние бевме подобриот состав на теренот“, изјави Карик по дербито на Премиер-лигата.


Кин: Потребни се повеќе промени во Манчестер Јунајтед

Рој Кин се осврна на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и најавата дека Ралф Рангник кој ќе го преземе кормилото на „црвените ѓаволи“ ќе донесе нови луѓе во стручниот дел.

„Кој и да дојде се надевам  ќе ги донесе вистинските одлуки. Време е да се ослободиме од луѓето што работат во клубот бидејќи имаат пријателства со некого. Тука останаа лица што работеа претходно со Мурињо и со Солскјер. Мора да има промени, не станува збор за лојалност туку за квалитетен кадар“, потенцираше Рој Кин.


Манчестер Јунајтед со официјална потврда, Ралф Рангник е нов тренер на екипата

Манчестер Јунајтед преку официјално соопштение го потврди назначувањето на Ралф Рангник за привремен тренер кој ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на сезоната.

Од „Олд Трафорд“ пренесуваат дека германскиот стручњак останува во клубот и по завршувањето на сезоната, и во наредните две години ќе работи на позицијата консултант.

„Возбуден сум што станав дел од Манчестер Јунајтед и целосно сум фокусиран оваа сезона да биде успешна. Екипата располага со голем број таленти и ќе се обидам максимално да го искористам нивниот потенцијал, индивидуално и тимски“, изјави 63- годишниот Рангник.


Алегри: Целта на Јуве не е титула, туку влез во ЛШ

Масимилиано Алегри се откажа од борбара за титулата и изјави дека целта на тимот оваа сезона е пласман во Топ 4. Јувентус загуби од Аталанта на домашен терен и додатно се оддалечи од врвот, а прилично засотанува и од четвртото место на табелата.

„Не ги користиме шансите кои ги создаваме. Аталанта имаше еден удар, ја искористи нашата грешка, и победи. Имаме многу добар состав, но некогаш тешко даваме голови. Постои анксиозност, играчите избрзуваат. Никогаш не сум сметал дека сме фаворити за титулата. Целта е да се избориме за Топ 4. Ако бидеме реални, и притисокот ќе се намали. Штом сме на оваа позиција после 14 кола, значи ова ни е нивото во моментов“, изјави Алегри.


Бензема ја продлабочи својата легенда и го сруши рекордот на Анри

Реал Мадрид во еден од најинтересните натпревари во шпанската Примера во 15. коло ја совлада Севиља со 2-1.

Рафа Мир ја доведе Севиља во водство во 12. минута, но 20 минути подоцна работите на почетокот ги врати Карим Бензема. Победничкиот гол за Реал Мадрид во 87. минута со одличен удар го постигна Винисиус Жуниор и така ги остави „кралевите“ на првата позиција на табелата.

Со вчерашниот гол Бензема влезе во историјата на Франција. Имено, ова му беше 361 гол во клупскиот фудбал со што се издвои на листата на француските фудбалери пред легендарниот Тиери Анри кој има 360.

295 голови Бензема постигна за Реал Мадрид, а преостанатите 66 во дресот на Лион од каде што во 2009 година дојде на „Сантијаго Бернабеу“.