фудбал

Флорентино Перез позитивен на ковид-19

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се зарази со коронавиру, објавија од Реал Мадрид на официјалната веб-страница.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека нашиот претседател, Флорентино Перез е позитивен на КОВИД-19. Тој нема никакви симптоми“, соопшти прес-службата на клубот.
Перез за првпат ја презеде функцијата претседател на клубот од Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, по двата порази од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал (0-1) и во националниот шампионат со Мајорка (1-2), Перез поднесе оставка.
Втор пат Флорентино Перез беше избран на чело на Реал Мадрид во 2009 година и сè уште е претседател. Реал Мадрид оваа сезона е на третото место на табелата со 40 освоени бода.


Клоп остана без уште еден играч до крајот на сезоната

Откако доведе две нови засилувања на последниот ден од трансфер периодот, Јирген Клоп доби нова лоша вест.
Ливерпул го доведе Бен Дејвис од Престон, потврден е и трансферот на турскиот фудбалер Озан Кабак. И двајцата ќе бидат важен дел од одбраната на Ливерпул сезонава, посебно сега кога се знае дека и Жоел Матип е повреден.
Двете нови засилувања на Ливерпул се стопери, се работи за дефицитарна позиција во Ливерпул поради долгорочните повреди на Ван Дајк и Гомез.
Но, не се само тие двајца. Во натпреварот против Тотенхем се повреди и Матип, а Клоп потврди дека ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.
Според некои информации, со оваа повреда Матип можеби и ја заврши неговата епизода во Ливерпул, бидејќи клубот подготвува „подновување“ на одбраната, посебно сега со доведувањата на Дејвис и Кабак.


Солскјер има „необично“ барање од неговите играчи

Оле Гунар Солскјер има посебно барање од своите играчи, за време на натпреварите да вршат посилен притисок врз судиите кога има сомнителни ситуации.
Менаџерот на Јунајтед смета дека неговите играчи се многу „меки“, се однесуваат премногу добро кон судиите, а потенцираше дека треба да притиснат повеќе.
Солскјер изјави дека неговите играчи мора почесто да бараат судиите да се консултираат со ВАР собата, досега тоа не го правеле, сега треба да притиснат повеќе, грешки се случуваат, а судиите во Англија доста често не го користат ВАР.
„Против Шефилд моите играчи требаше да направат поголем притисок врз судијата, моите играчи се однесуваат како една многу добра група на луѓе, време е тоа да се промени, мора почесто да ги браниме своите ситуации на теренот.“ – изјави Солскјер.


Рамос го напушта Реал, познат новиот клуб и неделната плата!

Шпанскиот „Ел Чирингито ТВ“ јавува дека Серхио Рамос ова лето заминува во Манчестер Јунајтед. Веќе е позната и неговата плата, а во Манчестер тој ќе заработува 226 илјади евра неделно.
Капитенот на Реал веќе на раководството на клубот му најави дека заминува во Англија. Тоа би значело дека Рамос ќе го напушти Реал по цели 15 години верност на мадридскиот клуб.
За потсетување, договорот на Рамос истекува ова лето, а тој не ја прифати клупската понуда за продолжување бидејќи не е задоволен од условите.
Имено, Реал нуди едногодишен договор и плата од 10,8 милиони евра, а Рамос сака договор на две години и плата од 12 милиони. Претходно, Рамос се поврзуваше и со трансфер во ПСЖ, но тоа е малку веројатно доколку Меси пристигне во Париз, бидејќи францускиот првак нема да може да издвои толку средства.
Рамос сезонава во дресот на Реал одигра 18 натпревари со три постигнати погодоци и една асистенција. Според Трансфермаркт, неговата вредност се проценува на 14 милиони евра.


Навивачите наскоро се враќаат на трибините?!

Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас најави дека враќањето на навивачите на трибините е можно веќе во април. Минатата година, фудбалот во Шпанија беше прекинат на три месеци поради пандемијата на коронавирусот, а поради тоа сезоната беше завршена во текот на летото. Навивачите не присуствуваа на натпреварите од Примера и Сегунда уште од март. Во Шпанија во последните неколку денови се шпекулира околу евентуалното враќање на навивачите на стадионите, а Тебас изјави дека е оптимист и наредните недели ќе бидат клучни при донесувањето на одлуката. „Се ќе зависи од наредните неколку недели. Доколку се зголеми бројот на вакцинирани и се намали бројот на заразени, можно е навивачите во април и мај да се вратат на стадионите. Сите се наоѓаме на крајот од тунелот.“ – изјави Тебас за медумот Кадена Сер.


Откажан трансферот на Деле Али во ПСЖ

Трансферот на Деле Али од Тотенхем во ПСЖ нема да се случи, бидејќи „мамузите“ ќе го блокираат секој обид на Англичанецот да си замине денес. Играчот од средниот ред сакаше да се пресели во ПСЖ, каде неодамна дојде неговиот поранешен тренер Маурисио Покетино. Сепак, најавената позајмица нема да се се случи. Тотенхем одлучил дека нема да има доволно време да најде замена за него до крајот на преодниот рок и затоа нема да му дозволи да си замине.


Херта доведе две засилувања во заден час

Германскиот бунделсигаш Херта вечерва се засили со уште двајца нови фудбалери. Како што потврдија од клубот, прво големо засилување е Сами Кедира, кој дојде во дресот на берлинци како слободен фудбалер, откако претходно го раскина договорот со Јувентус. Второ ново засилување во Херта оваа зима е српското крило Немања Радоњиќ. Тој доаѓа на 6-месечна позајмица со право на откуп на договорот од француски Олимпик Марсеј за сума од 12 милиони евра. За шестмесечната позајмица Германците му платија на Марсеј половина милион евра.


Парагваецот Санабрија потпиша за Торино

Торино успеа да го ангажира напаѓачот на Бетис, Антонио Санабрија. 24-годишниот интернационалец од Парагвај потпиша четиригодишен договор со „биковите“. Тој ќе мора да помине одреден период во карантин бидејќи на задолжителните лекарските прегледи било утврдено дека е заразен со ковид-19. Санабрија има искуство од Серија А бидејќи ги носеше дресовите на Рома, Сасуоло и Џeнова. Тој во тековнава сезона во шпанското првенство одигра 16 мечеви за Бетис и успеа да постигне три гола.


Нејмар се предомисли и сега сака нов договор со ПСЖ

Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на ПСЖ, Нејмар, кој има договор до летото во 2022 година се определил да ја продолжи соработката со францускиот состав. Според одредени информации, брзоногиот напаѓач сака да остане што е можно подолго на „Паркот на принцовите“ и затоа потенцирал дека нема амбиции да го напушти Париз. „Сакам да останам во Пари Сен Жермен. Навистина сум среќен. Многу работи се променија. Исто така сакам да остане и Килијан Мбапе”, потенцирал Нејмар.


УЕФА и ФИФА му дадоа поддршка на ФФМ во спорот со АМС

Повторно покажувајќи ја својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности, Фудбалската федерација на Македонија како што најави на прес – конференцијата одржана на 22 јануари го споделува официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија.
„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор. Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.
Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство. Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“.