фудбал

Барса ќе достави понуда од 70 милиони евра за Дани Олмо во јануари

Барселона е подготвена силно да тргне по потписот на играчот за врска на РБ Лајпциг , Дани Олмо во јануарскиот преоден рок.

Каталонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за 23-годишниот играч. Тој е приоритетна цел на Каталонците оваа зима.

На последниот ден од летниот преоден рок, Барса и Олмо се договорија за петгодишен договор, но клубовите не успеаја да се договорат за откупната цена. Се очекува во блиска иднина клубот да започне преговори со Лајпциг.

Актуелниот договор на Олмо со германскиот тим истекува летото 2024 година.


Рома со победа му донесе славје на Мурињо за неговиот голем јубилеј

Со натпреварот помеѓу Рома и Сасуоло беше затворена неделната програма од третото коло во италијанското првенство, а натпреварот одигран во Рим, јубилеен за Жозе Мурињо за кого ова беше 1000 меч во функција на тренер, заврши со резултат 2:1 за неговата екипа.

Рома во водство ја доведе Брајан Кристанте во 37. минута на асистенција на Лоренцо Пелегрини, а на 1:1 израмни Филип Џуричиќ во 57. минута. Сасуоло во првите три натпревари од Серија А постигна четири гол, а во три од нив учествуваше српскиот репрезентативец. Двапати погодуваше, а еднаш запиша асистенција.

Конечните 2:1 за продолжување на совршената низа на Рома во која има три победи во исто толку натпревари ги постави Стефан Ел Шарави во втората минта од судиското продолжение.

Мурињо на тој начин го одработи 1000 натпревар во тренерската кариера во која освои 25 трофеи. Ова за него беше 639. победа.


Трајковски дебитираше во дресот на Алборг

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски викендов за прв пат настапи за својот нов тим Алборг во Данската Суперлига.

Алекс Трајковски го имаше дебито за Алборг во дуелот со Виборг. Неговиот тим славеше со 2:3 во драматичен натпревар, кој на крајот имаше среќен крај за македонскиот репрезентативец.

Трајковски влезе во игра во 76. минута, а неговиот тим имаше водство 1:2, па домаќинот стигна до 2:2, и на крајот Алборг погоди за триумф од 2:3.


Роналдо: Враќањето во Манчестер ми е најдобрата одлука во кариерата

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека враќањето во таборот на „црвените ѓаволи“ е најдобрата одлука што ја донел.

„Враќањето во Манчестер Јунајтед е најдобрата одлука што сум ја донел. Ова беше направено во погоден момент. Сакам да пишувам историја, да му помогнам на Манчестер Јунајтед да постигне големи резултати и да освојува трофеи“, рече Роналдо.

Да потсетиме дека Кристијано Роналдо веќе играше за Манчестер Јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година, откако се пресели таму од Спортинг Лисабон, во кој ја започна својата кариера. Напаѓачот играше за Јувентус од 2018 година. 36-годишниот Португалец минатата сезона стана најдобар стрелец на италијанското првенство со 29 гола. Од 2009 до 2018 година, Кристијано Роналдо беше дел од Реал Мадрид.


Гнабри се повреди во Лајпциг, виси неговиот настап во Барселона

Серж Гнабри се повреди на натпреварот од 4. коло во германската Бундеслига со РБ Лајпциг (4-1). Гнабри беше заменет во продолжението од првото полувреме на натпреварот и на негово место во огра влезе, Џамал Мусиала.

Гнабри наскоро ќе помине медицински преглед. Според „Мундо Депортиво“, фудбалерот може да го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите на УЕФА против Барселона на 14 септември во Шпанија.

Гнабри се приклучи на Баерн Минхен во 2017 година. Играчот од средниот ред претходно играше за Арсенал, Вест Бромвич Албион и Вердер Бремен. Оваа сезона, 26-годишниот играч учествуваше на 4 натпревари од германската Бундеслига и постигна 2 гола. Од 2016 година, Гнабри е дел од германската репрезентација.


Данецот Братвајт го чека пауза од 3-4 месеци

Мартин Брајтвајт има потенцијално тешка повреда.

Според информациите, данскиот репрезентативец, кој имаше болки во коленото, се обиде да се опорави навреме за дуелот со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите, но наместо тоа ја влоши состојбата и предвреме го напушти денешниот тренинг на Каталонците. Доколку се потврди прогнозата за истрошена ‘рскавица на коленото, Брајтвајт може да биде надвор од терените во следните 3-4 месеци. Тој одлично ја започна сезоната со два гола и една асистенција во победата од 4:2 над Реал Сосиедад, а потоа беше стартер против Атлетик Билбао (1-1) и Хетафе (2-1).

30-годишниот фудбалер се приклучува на другиот повреден напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, а новото засилување Лук де Јонг останува единствениот напаѓач во тимот што игра во средина, бидејќи карактеристиките на Мемфис Депај се поголема активност на крилните позиции.


Фламенго е новиот клуб на Давид Луиз

Бразилскиот тим Фламенго на својата официјална веб-страница објави за склучувањето на договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз. Договорот на 34-годишниот фудбалер со бразилскиот клуб важи до декември 2022 година.

Луис се пресели во Фламенго како слободен играч откако го напушти лондонски Арсенал. Дефанзивецот имаше 30 настапи за „топџиите“ минатата сезона и постигна два гола. Лондонскиот клуб не му понуди нов договор на играчот.

Покрај Арсенал, Луис играше за Челзи, ПСЖ, Бенфика и бразилска Виторија. Во јули беше објавено дека за играчот е заинтересиран турскиот клуб Адана Демирспор, а во јуни, покрај Бенфика, Луис беше нтересен и за Олимпик Марсеј и Интер Мајами.


Куман за завршницата на трансфер периодот: Беше сра*е!

Барселона во последните моменти од преодниот рок остана без Антоан Гризман, кој замина во Атлетико Мадрид, а како негова замена од Севиља го донесоа Лук Де Јонг.

„Едвај имавме време да пронајдеме замена за Гризман. Беше сра*е, но знаев дека заминувањето на Гризман ќе ја поправи финансиската состојба на клубот и затоа го прифатив тој трансфер.“- кажа тренерот на Барселона, Роналд Куман, околу лудницата на последниот ден од преодниот рок.

Гризман замина на позајмица во Мадрид за 10 милиони евра, а ако одигра најмалку 50 проценти од натпреварите, Атлетико ќе мора да го откупи за 40 милиони евра, три пати помалку од парите за кои го продаде во Барселона пред две години.


КОНМЕБОЛ ќе гласа против идејата за СП на секои две години

Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години.

„Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

„Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Го поддржуваме актуелниот модел на Светското првенство“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.


Давид Луиз се врати во Бразил, потпишува за Фламенго

Бразилскиот ефанзивец Давид Луиз после 14 сезони поминати во Европа кариерата ќе ја продолжи во својата татковина во дресот на Фламенго.

Откако му заврши договорот со Арсенал, Давид Луиз беше слободен агент и имаше понуди од неколку европски клубови.

Се шпекулираше дека преговара со Лацио, Марсеј и Салернитана, но на крајот одлучи да ја прифати понудата од Фламенго и се врати во татковината.

Давд Луиз играше за Бенфика, Челзи, ПСЖ и Арсенал, освои многу значајни трофеи меѓу кои и Лигата на шампиони со „сините“.