фудбал

ФФМ ќе гради национален стадион за 10.000 луѓе

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини, генералниот секретар, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу во „Куќа на фудбалот“ имаа работна средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски и шефот на кабинетот на градоначалникот во општината, Марјан Христов.

На состанокот разговараа за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

„Би сакал да упатам благодарнот до градоначалникот Муцунски за конструктивниот разговор. Инфраструктурата е секогаш важна. Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат.

Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време.

Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина, изјавил претседателот на ФФМ, Сејдини.

За градоначалникот Муцунски, ФФМ го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво.

„Вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа.  Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“, наведе Муцунски.


Александар Исак е планот Б, доколку Барселона не успее да го доведе Халанд

Голема желба на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е доведување на напаѓачот Ерлинг Халанд ова лето.

Меѓутоа, евентуалниот трансфер на норвежанецот ќе биде доста комплициран проект, бидејќи за него се интересираат и многу други европски гиганти. Тука мора да се напомене и високиот износ кој Барселона ќе треба да ја плати за трансферот, провизијата за менаџерот Мино Рајола како и самата плата на играчот.

Доколку каталонците не успеат со доведување на Халанд, како втора опција се споменува играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак.

За напаѓачот од Шведска постои голем интерес и од голем број на клубови од Премиер лигата меѓу кои предничи Арсенал, но се претпоставува дека тој повеќе преферира да остане во Шпанската Ла Лига.


Рангинк пресече, Јунајтед го продава Џеси Лингард

Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Њукасл за фудбалерот, Џеси Лингард. „Враните“ сакаат да го изнајмат до крајот на сезоната и сакаат да му ја покријата целата плата.

Сепак, „црвените ѓаволи“ не се согласуваат со понудата бидејќи  договорот на играчот истекува на крајот од сезоната. Тимот од „олд Трафорд“ е  подготвен да ги разгледа понудите само за негова продажба , но, не сака да го изнајмува.

Лингард неодамна изјави дека сака да игра редовно во Вест Хем. „Чеканите“ внимателно ја следат ситуацијата.


ФИФА го ограничи бројот на позајмици во една сезона

ФИФА реши да го ограничи бројот на фудбалери кои ќе одат на позајмица во текот на една сезона.

Тоа значи дека клубовите во 2022/23 ќе можат да позајмат најмногу 8 фудбалери во сезоната 2023/24 ќе можат да позајмуваат максимум седум а од 1 јули 2024 година вкупниот број на позајмени фудбалери ќе биде 6.

Правилата не се однесуваат на играчите помлади од 21 година. Минималниот договор за позајмица ќе биде помеѓу два трансфер периоди – зимскиот и летниот.


Скалони го изостави Меси од квалификациониот двомеч против Чиле и Колумбија

Лионел Меси не е вклучен во составот на националниот тим за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2022 година, кои ќе се одржи во јануари и февруари.  Ова беше објавено на „Твитер“ од страна на репрезентацијата на Аргентина.

Веќе на 28 јануари, Аргентина ќе игра на гостински терен со репрезентацијата на Чиле, додека на 2 февруари ќе биде домаќин на Колумбија.

Во квалификациите за СП 2022 во Јужна Америка на врвот е Бразил (35), а потоа следуваат Аргентина со 29 и Еквадор со 23 освоени бодови.

Да потсетиме дека Меси имаше инфекција со коронавирус. Аргентинскиот фудбалер се опоравуваше од вирусот и ги пропушти натпреварите на ПСЖ со Лион (1:1) и Брест (2:0). Тој се врати во составот на ПСЖ во вторникот на 18 јануари.


Венеција пријави десет ковид-позитивни, бара одложување на дуелот против Интер

Десет нови случаи на фудбалери и вработени кои се заразени со ковид-19 се пријавени во Венеција, соопшти клубот од Италија.

Тимот кој настапува во Серија А има вкупно 14 случаи со позитивни тестови за коронавирус. Венеција во сабота треба да го пречека италијанскиот шампион Интер, но, натпреварот може да биде одложен.

Според најновите здравствени протоколи поврзани со натпреварите во Серија А, клубот може да побара одложување доколку 35% од играчите се тестираат позитивно за КОВИД-19. Венеција не прецизира колку има заразените играчи во тимот и колку се од придружниот персонал.


Барселона го „брка“ Дембеле од Барселона

Директорот на фудбалскиот клуб Барселона Матеу Алемани, потврди дека Усман Дембеле ќе треба да го напушти клубот.

„Стана јасно дека Дембеле не сака да продолжи да настапува за Барселона. Тој не е подготвен да биде дел од нашиот проект. Го известивме дека мора да веднаш да си замине од тимот и очекуваме дека тој ќе биде продаден до крајот на јануари“, истакна Алемани.

Договорот на францускиот репрезентативец со Барселона истекува на крајот од сезоната, па клубот ќе направи се што може да го продаде Дембеле и барем нешто да заработи од неговиот трансфер.


Јувентус ја одреди цената за продажба на Матијас Де Лихт

Според информациите достапни во италијанските портали, Јувентус е подготвен да го продаде дефанзивецот Матијас Де Лихт, но само за доколку некој плати 65 милиони евра.

Според информациите, најголем интерес за 22-годишниот Холанѓанец покажува Барселона и тренерот Чави, кој во играчот гледа долгорочно решение за проблемите во одбраната на тимот.

Иако од Јувентус немаат желба за продажба на Де Лихт, менаџерот на играчот, Мино Рајола го убедува својот клиент да го напушти Торино.

Освен Барселона, во битка за евентуален трансфер на Де Лихт би можеле да се вклучат и екипите на Челзи и Баерн.


Роналдо до Рангник: Зошто јас?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо,беше видно нерасположен од одлуката на тренерот Рангник да го извади од игра во финишот од натпреварот со Брентфорд, кој Јунајтед го доби со 3:1.

Камерите ја забележаа реакцијата на Роналдо и прашањето до тренерот Рангник, Зошто јас? Зошто мене ме извади од игра?

После натпреварот, германскиот тренер ја објасни неговата одлука, велејќи дека ја разбира реакцијата на Роналдо кој има голема желба за постигање на голови, но тој морал да го извади од игра за да го одмори и зачува за натпреварот со Вест Хем Јунајтед кој се игра викендов.


Баерн со ултиматум за Левандовски: Или нов договор или продажба

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски може да го смени тимот ова лето, соопшти „Билд“.

Според изворот, клубот од Минхен планира да го продаде играчот на лето доколку не се согласи да го продолжи договорот со него. Актуелниот договор на Полскиот интернационалец со Баерн е со важност до летото 2023 година.

Да потсетиме дека Левандовски ја доби наградата за најдобар играч во 2021 година според ФИФА. Роберт стана најпродуктивниот играч во изминатата година со неговите 69 гола на 59 натпревари за Баерн и Полска. Роберт Левандовски постигна 43 првенствени гола, 11 во Лигата на шампионите, 2 во германскиот Суперкуп, 2 на Светското клупско првенство и 11 за Полска.

Баерн е водечки во германската лига. Избраниците на Јулијан Нагелсман имаат 46 бодови на 19 првенствени натпревари. Борусија Дортмунд е на второто место со 40 бодови.