фудбал

Познати се казните за Лукаку и Ибрахимовиќ

Италијанската фудбалска федерација ги објави казните за Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ по инцидентот на 26. јануари на натпреварот во Купот на Италија.
Ибра доби казна од 4.000 евра, додека Лукаку е казнет со 3.000 евра, но и двајцата избегнаа поголеми суспензии, бидејќи инцидентот не беше воопшто наивен.
Казни добија и клубовите, Милан ќе исплати 2.000 евра, додека Интер нешто помалку, односно 1.250 евра.


Зидан подготви „замка“ за Тухел

Реал Мадрид го дочекува Челзи во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите, а Зинедин Зидан подготвува изненадување.
Наводно, во отсуство на Ферланд Менди, во прв план треба да биде Марсело, но Зидан планира да стартува со Начо Фернандес.
Тој одлично го искористи отсуството на Серхио Рамос и Рафаел Варан, одигра перфектен двомеч со Ливерпул заедно со Милитао, па го натера Зидан да смета на него.
Се шпекулира дека Зидан би можел да изненади и со формација со тројца дефанзивци, каде Карвахал би добил поофанзивна улога покрај десната аут-линија, а прашање би останало кој ќе игра лево, бидејќи во средниот ред сигурни се Крос, Модриќ и Касемиро.
Крос се врати по кратка пауза, не е целосно опоравен, но ќе мора да стегне заби, што е веќе договорено со Зидан, а во нападот се незаменливи Бензема и Винисиус, а се очекува друштво да им прави Марко Асенсио.
Исто така, Зидан веќе со денови го подготвува и Еден Азар како фактор за изненадување во второто полувреме, белгијанецот скоро сигурно ќе добие шанса, посебно доколку резултатот не им биде во полза. Поради повреди, на списокот ги нема Рамос, Менди, Валверде и Лукас Васкез.


Гедикли го продолжи договорот со Баер Леверкузен

Баер Леверкузен, потпиша договор со германскиот младински репрезентативец, Емрехан Гедикли.
Тоа е прв професионален договор за 18-годишниот напаѓач кој во тековнава сезона беше на клупата на Леверкузен на три натпревари во Лигата на Европа.
„Му должам многу на Баер. Сакам со добри игри да вратам за шансите што ми беа дадени. Имам голема страст кога играм за тимот. Сакам да се етаблирам во професионалниот фудбал”, изјави Гедикли.


Паднал договор меѓу Баерн и Нагелсман, европскиот првак добива нов тренер

Jулијан Нагелсман, ги договорил условите со Баерн и ќе го преземе тимот на Баварците на крајот на сезоната.
Како што беше познато претходно, Ханси Флик ќе го напушти Баерн на крајот од сезоната и најверојатно ќе го преземе кормилото на германската репрезентација. Според „Билд“, Баерн најде замена за Флик, во тренерот кој има само 33 години, но веќе докажа дека е еден од најдобрите тренери во Европа.
„Билд“ пренесува дека Баерн и Нагелсман се договориле за личните услови во врска со договорот и дека остануваат само мали детали за крајот на преговорите.


Симеоне: Уште верувам дека можеме да ја освоиме титулата

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и покрај синоќешниот пораз кај Атлетик Билбао, верува дека неговиот тим сепак може да стане шампион.
„Јорганџиите“ немаат победа на ниту едно од последните четири гостувања во Примера и ја потрошија предноста пред конкурентите Реал Мадрид и Барселона.
„Пред неколку дена ме прашаа кој ќе биде најважниот натпревар до крајот на сезоната. Убеден сум дека психологијата ќе биде од клучно значење. Емоционалната состојба е таа што ќе игра клучна улога во битката за грбот на главата. Обично во Шпанија шампион е или Реал Мадрид или Барселона, ако не ја сметаме 2014 година, кога станавме први. Оваа сезона имавме големо водство, но и тогаш знаевме дека Реал и Барса нема да се предадат. Севилја исто така се приближи. Сè се менува многу брзо. Не знаеме што нè чека. Ние продолжуваме да веруваме дека работите зависат од нас. Мораме да покажеме карактер“, рече Симеоне.


Дембеле и Барса преговараат за нов договор

Осман Дембеле сезонава конечно игра како што се очекува од него во дресот на Барселона, но очигледно наскоро би можел повторно да ги налути Каталонците.
Дембеле во Барселона стигна во 2017 година како замена за Нејмар и Барселона го плати неверојатни 140 милиони евра, но французинот во претходните сезони имаше проблеми со повреди и не ги оправда очекувањата.
Откако Роналд Куман стигна на тренерското столче, Дембеле ја врати формата и фати ритам, па поради тоа Барселона неколку пати му понуди нов договор, но не доби потврден одговор.
Каталонски „Спорт“ објави дека во каталонската екипа се сомневале дека Дембеле свесно го одбива договорот поради намера да ја напушти Барселона целосно бесплатно.


Ватфорд го враќа Ешли Јанг во Премиер лигата

Ватфорд во следниот преоден рок сака да го ангажира играчот на Интер од Милано, Ешли Јанг, чиј договор со оваа екипа истекува на лето. Ова го објави новинарот Никола Скира на својот профил на Твитер.
Интересно е тоа што Ешли Јанг потекнува од екипата на Ватфорд, а играше за првиот тим од 2003 до 2007 година. Во тековната сезона во Серија А, 35-годишниот Јанг играше за Интер на 23 натпревари, постигна три асистенции и заработи четири жолти картони. Англичанецот игра за италијанскиот клуб од 2020 година.
Ешли Јанг претходно во кариерата играше за Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ватфорд. Фудбалерот е дел од репрезентацијата на Англија од 2007 година. Неговата вредност се проценува на десет милиони евра.


Дел Пиеро кандидат за нов претседател на Јуве

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Александро дел Пиеро, би можел да ја добие улогата на претседател и да го замени Андреа Ањели кој се најде на удар на јавноста по сите збиднувања околу Европската Суперлига.
Ањели нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но, акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај.
Покрај Дел Пиеро кој работи како консултант за „ЕСПН“, за директорската позиција кај „старата дама“ се шпекулира и со името на легендарниот тренер, Марчело Липи.


Холанѓанецот МекКели ќе им суди на Реал и Челзи во Мадрид

Познат е судискиот тим, кој ќе го води првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА, Реал Мадрид – Челзи. Оваа информација веќе ја објави УЕФА на својата официјалната веб-страница.
Средбата на мадридскиот тим со лондончани ќе ја суди тим на судии од Холандија, предводени од Дани МекКели. Во тимот ќе бидат асистентите Хесел Стегстра и Јан де Врис. ВАР ќе го води Кевин Блом, потпомогнат од Јохем Камфус. Резервен судија е Израелецот Гринфилд.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Челзи ќе се одигра на 27 април на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид (Шпанија). Средбата започнува во 21:00 часот, додека реваншот ќе се одржи на 5 мај во Лондон (Англија).


Македонија ЃП се раздели со тренерот Жикица Тасевски

Нашиот фудбалски прволигаш и тренерот, Жикица Тасевски, спогодбено ја прекинаа соработката откако „лавовите“ вчера загубија на домашен терен од Струга со 2-3.
„Како чин на морална одговорност одлучив да се разделам со Македонија ЃП. Благодарност до раководството со желба да успеат да се пласираат на едно од местата кои водат во Европа“ – изјави Тасевски.
Екипата од Ѓорче Петров во последните четири кола на дуелите со Пелистер, Шкупи, Шкендија и Вардар, ќе се обиде да обезбеди виза за Европа.