фудбал

Манчестер Јунајтед тргнува по Хари Кејн

Германскиот весник „Билд“ тврди дека Манчестер Јунајтед ова лето подготвува понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Црвените ѓаволи“ се решени да доведат напаѓач од светска класа и последните информации се дека ќе направат огромни напори за ангажман на англискиот репрезентативец.

28-годишниот Хари Кејн и порано се поврзуваше со трансфер на Олд Трафорд. Сепак изминатото лето тој беше многу блиску до премин во градските ривали на Јунајтед, тимот на Манчестер Сити, но до тоа не дојде бидејќи претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не се согласи со негова продажба.


Манчестер Јунајтед работи на трансфер на Хакан Чалханоглу

Новинарски извори од Италија трврдат дека Манчестер Јунајтед почна да работи на доведување на Хакан Чалханоглу од Интер 

Трансферот би се реализирал во летниот период, а од таборот на „црвените ѓаволи“ веруваат дека Турчинот би бил вистински избор како појачување за средниот ред од тимот.

Чалханоглу во Интер се пресели минатото лето во слободен трансфер и веднаш стана клучен играч на нероазурите, откако претходно четири сезони играше за градскиот ривал Милан. Тој има договор со Интер до 2024 година, и се очекува Манчестер Јунајтед да издвои прилично висока сума ако сака да го види на „Олд Трафорд“.


Реал Мадрид може да си ги дозволи и Мбапе и Халанд

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Реал Мадрид ќе има доволно финансиски средства за да може да ги купи двете ѕвезди на светскиот фудбал – Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Двајцата играчи се претставени како главни цели на претседателот на клубот Флорентино Перез кој најави дека ќе стори се што е можно да ги доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Се шпекулира дека Мбапе веќе постигнал личен договор со „Кралскиот клуб“, и ќе се приклучи на Мадрид откако ќе му истече договорот со Париз Сен Жермен.

Ситуацијата со Халанд е нешто поинаква. Тој има откупна клаузула вредна 75 милиони евра, и има голем број на клубови кандидати за негов потпис меѓу кои се Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Париз Сен Жермен и други. Сепак, и во вој случај Реал е во добра позиција и верува дека може да ги победи конкурентите.


Бускетс од следната сезона ќе игра во МЛС лигата

Серхио Бускетс ги игра последните натпревари за Барселона и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Шпанецот добил понуда од Интер Мајами, клубот на Бекам, кој сака да го довесе во „пакет“ со Луис Суарез.

Според шпанските медиуми Бускетс дал начелна согласност за трансферот и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.


ПСЖ го договори Канте од Челзи

Нголо Канте на лето би можел да се пресели од Челзи во ПСЖ.

Според информација на британски „Телеграф“, парискиот клуб сериозно ќе тргне по потписот на францускиот репрезентативец. Неговиот договор со Челзи е до следното лето и најверојатно нема да биде продолжен.

30-годишниот играч од средниот ред одигра 16 настапи оваа сезона во Премиер лигата, постигнувајќи два гола и две асистенции.


Барселона блиску до ангажман на Кристенсен од Челзи

Дефанзивецот, Андреас Кристенсен, по се изгледа дека на крајот од сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Челзи.

Данскиот интернационалец нема намера да потпише нов договор со клубот од Стенфорд Бриџ, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Каталонците од поодамна ја следат ситуацијата со Кристенсен, и сега се во можност да ја искористат шансата за негово ангажирање како слободен играч, без обештетување.

25-годишниот Андреас Кристенсен настапува за Челзи од 2015 година, и неговата пазарна вредност според Трансфермаркт изнесува 35 милиони евра.


УЕФА го раскинува договорот за спонзорство со рускиот „Гаспром“

После одземањето на организацијата за домаќинство на финалето од Лигата на шампионите кое требаше да се одржи во рускиот град Санкт Петерсбург, УЕФА се реши на уште еден чекор со што ќе го изрази своето незадоволство од руската воена акција во Украина.

Имено, од УЕФА бараат начин како да го раскинат спонзорскиот договор за Лигата на шампионите со компанијата „Гаспром“, која е еден од главните финансиери на натпреварувањето.

Оваа разрешница се очекува во наредните денови кога и ќе се дознае какви финансиски последици истата би предизвикала.


Рудигер ќе го издаде Челзи и ќе потпише за Манчестер Јунајтед

Антонио Рудигер би можел да направи сензационален трансфер на лето и да потпише за Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Договорот на Рудигер со Челзи истекува на лето, но се помали се шансите да ја продолжи соработката со „сините“ откако ги одби сите нивни понуди. ПСЖ и Реал Мадрид од поодамна се заинтересирани за Германецот, но сега во трката се вклули и Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ испратиле најдобра понуда до неговиот агент и во моментов се во пол-позицја за неговиот потпис.

Доколку вистина дојде до овој трансфер, тоа сигурно би било големо предавство и тоа навивачите на Челзи нема да му го простат.


Од Галатасарај оптимисти за европскиот двомеч против Барса

Барселона во осминафиналето од Лигата на Европа ќе игра двомеч со турскиот гигант Галатасарај.

Каталонскиот тим секако е голем фаворит за пласман во помеѓу најдобрите тимови во ова натпреварување, но од истанбулскиот клуб јасно тврдат дека нема да се предадат во овие натпревари.

Тие сметаат дека Галатасарај може да ја исфрли Барселона, а изјавата на членот на Управниот одбор Нихат Кирмиз е прилично оптимистичка.

„Веруваме дека ќе ја исфрлиме Барселона. Не смееме да заборавиме дека ние сме Галатасарај.


Бразилскиот селектор, Тите, ја напушта репрезентацијата после СП во Катар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, најави дека ќе ја напушти функцијата по завршувањето на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година.

Селекцијата на Бразил е петкратен светски првак и е една од фаворитите на првенството.

„Да бидам искрен, ќе останам селектор на тимот само до крајот на Светското првенство“, изјави 60-годишниот селектор во интервју за бразилска телевизија“.