фудбал

Сколс верува дека Погба ќе потпише нов договор со Јунајтед

Манчестер Јунајтед на фантастичен начин ја започна новата сезона во Премиер лигата и тоа со триумф над Лидс од 5-1.

Легендата на Јунајтед, Пол Сколс верува дека ваквите изданија како денешното ќе го натераат Погба да потпише нов договор.

„Мислам дека ќе остане. Мислам дека тоа ќе го направи. Кога играше пред неколку години во тим кој не функционираше добро како што изгледа овој, со бројот на напаѓачки играчи, со вештината што ја има мислам дека ќе му додаде многу за овој тим. Мислам дека тој ќе заврши со потпис на нов договор. Ако овој тим продолжи на овој начин, напредува како што е – не сакам да се возбудувам премногу – но тоа е тим што може да продолжи и да освојува трофеи и тоа е она што тој сака да го направи“, истакна Сколс.


Европскиот првак бара 50 милиони евра за Абрахам

Челзи сака да добие 50 милиони евра за нивниот напаѓач Тами Абрахам, објавија медиумите од Островот. Интерес за фудбалерот има од италијанскиот тим Рома, но и од Арсенал.

Наводно, највисоката понуда која бид ададена за Абрахам е од клубот од Рим, но е во висина од 45 милиони евра.

Во сезоната 2020/21, Абрахам одигра 32 натпревари за Челзи, во кои постигна 12 гола и 6 асистенции. Меѓутоа, во изјава дадена во текот на вчерашниот ден, напаѓачот рече дека нема намера да оди во Рома.


Кањос: Го сонував овој старт и победата над Арсенал

Шпанецот Серхио Кањос не го криеше воодушевувањет откако беше стрелец на првиот гол во новата сезона во Премиер лигата во натпреварот во кој неговиот тим стигна до победа од 2-0.

Фудбалерите на Брентфорд не се исплашија од враќањето во најсилната англиска конкуренција после 74 години и го победија Арсенал. Еден од хероите на оваа победа беше Серхио Кањос кој го постигна првиот гол.

„Ова е неверојатно сонував како го постигнувам првиот гол на стадионот. Бевме многу возбудени поради овој натпревар, но заслужено победивме. Освоивме големи три побда, нека се радуваат нашите навивачи. Се уште не можам да верувам дека го постигнав првиот гол ол во сезоната, неверојатен момент за мене и моето семејство. Пресреќен сум. На крајот најважно е што Брентфорд победи“, изјави Кањос.

Во второто коло Брентфорд ќе игра против Кристал Палас.


Реал демантира дека ќе ја напушти Ла Лига за Премиер лигата

Вчера се појави вест дека Флорентино Перез наводно имал план да го префрли Реал Мадрид во англиската Премиер лига.

Таков план не е реален, звучеше лудо, па клубот брзо се огласи и со официјално соопштение. Во соопштението клуб ги демантира информациите дека сака да ја напушти Ла Лига и сака да се приклучи на Премиер лигата.


Артета го продава Пјер-Емерик Обамејнаг?

Арсенал е спремен да го продаде искусниот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.

32-годишниот фудбалер нема вредност колку што ја чини екипата, Арсенал Габонецот го плаќа 300.000 фунти неделно и тоа е една од најголемите плати во Премиер лигата.

Затоа „Тајмс“ тврди дека раководството одлучило да го продаде до крајот на преодниот рок, но не е сигурно дека ќе успее во такво нешто дури и навистина да сака. Обамејанг тешко дека ќе најде друг клуб кој сега ќе му ја даде таа плата.

Во редовите на Арсенал тој пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд за 56 милиони фунти. Имаше две добри сезони, но откако минатата сезона го обнови договорот со плата до 300.000 фунти како да исчезна.


Рен понуди 12 милиони за Ловро Мајер, Динамо пред уште една рекордна продажба

Динамо Загреб е вистински гигант на овие простори, посебно кога се трансферите во прашање.

Често пати овој клуб знае да продава скапо и добива суми што незамисливи за најголем дел од клубовите од овие простори. Уште еден доказ за тоа е понудата која ја добил Динамо за Ловро Мајер од 12 милиони евра.

Француски Рен сака да го види Мајер во своите редови, па до Загреб ја испратил понудата.

Засега не е познато дали во Динамо ќе ја прифатат оваа понуда пред двомечот за влез во Лигата на шампионите против Шериф.


Лук Шо добива нов договор на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед планира да го задржи дефанзивецот Лук Шо со нов договор.

Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да понуди нов договор на англискиот репрезентативец до 2026 година. Актуелниот договор на Шо истекува во 2023 година. Во сезоната 2020/21, 25-годишниот Шо одигра 47 натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 1 гол и 6 асистенции.

На Европското првенство, тој беше дел од селекцијата на Англија, која стигна до финалето каде загуби од Италија по изведувањето пенали.


Пике ја намали платата, за Барса да ги регистрира засилувањата

Барселона објави дека официјално ги регистрирала Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Реј Манаи за да играат во шампионатот. Релевантните информации се појавија на официјалната веб-страница на клубот.

Барселона посебно му се заблагодари на дефанзивецот Жерард Пике, кој се согласи на значително намалување на платата, така што клубот доби можност да ги регистрира новите играчи. Исто така, Барселона продолжува активно да преговара со Жорди Алба и Серхио Бускетс во врска со оптимизацијата на договорите.

Барселона објави дека нема да го обнови договорот со Меси и тој си замина од клубот. Ова се должи на финансиските и структурните пречки наведени во прописите на шпанската лига.понатамошна соработка.


Марамчето на Меси се продава за еден милион долари

Компанијата за онлајн продажба „Меркадо Либре“ објави дека за милион долари продава марамче од хартија со кое аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги избриша очите и носот за време на збогувањето од шпанска Барселона.

Непознат продавач во објавата напишал дека, покрај солзите, шамивчето содржи и „остатоци од носот на Аргентинецот“, и дека со помош на тоа, некој може да го клонира Меси.

Рекламата привлече голем интерес од љубителите на фудбалот ширум светот, а голем број корисници на интернет на шега ја коментираа објавата.


Хозе Домингез пристигна под „Тумбе кафе“

Oткако го доведе Бразилецот Јуфо, битолски Пелистер се засили и со Шпанецот Хозе Домингез.

Во Битола 29-годишниот Домингез доаѓа од Валенсија од Малдиви и станува збор за фудбалер кој може да одговори на неколку позиции, но природна му е стоперската. Може да помогне и како десен бек и како последен играч за врска.

Низ кариерата Домигез настапуваше за клубови од пониските лиги во Шпанија, Гибралтар, Норвешка, Малдиви…

Ќе потсетиме, Пелистер сезоната ја отвори со пораз од Македонија Ѓорче Петров (1-0). Во второто коло во недела ќе се сретне со Струга Трим Љум.