фудбал

Рашид Гезал е ново засилување на Бешикташ

29-годишниот фудбалер Рашид Гезал во Лестер пристигна од Монако во 2018 година, но не се наигра во тој клуб и беше испраќан на позајмици, прво во Фиорентина, потоа во Бешикташ каде што играше одлично.

После завршувањето на сезоната Бешикташ одлучи да го откупи Гезал за околу пет милиони евра.

Гезал е репрезентативец на Алжир, а минатата сезона постигна осум голови за освојувачот на двојна круна во Турција.


Норвежанецот Хауге потпиша за Ајнтрахт

Ајнтрахт Франкфурт официјално го  објави ангажирањето на Јенс Петер Хауге, кој доаѓа од Милан со едногодишна позајмица.

Под одредени услови, тимот од Бундеслигата ќе има обврска да го купи 21-годишното крило на крајот од сезоната за проценетата сума од 12 милиони евра. Милан му се заблагодари на Хауге за неговата професионалност и му посака се најдобро во иднина.

Норвешкиот интернационалец, кој има три натпревари во дресот на Норвешка, помина само една сезона на „Сан Сиро“ по неговиот трансфер од Бодо Глимт вреден 5 милиони евра. Тој постигна 5 гола и 1 асистенција на своите 25 натпревари за „росонерите“, од кои повеќето ги одигра како замена. Младиот играч потпиша со својот нов клуб договор за период од пет години.


Премиерлигашите најзагреани за Корентин Толисо

Баерн може да го продаде својот играч за врска Корентин Толисо, објави „Билд“. Според изворот, 27-годишниот Французин е интересен за Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вест Хем.

Исто така во информацијата се вели дека Баерн е подготвен да го ослободи играчот за најмалку 10 милиони евра. Францускиот фудбалер во моментов е во самоизолација откако беше позитивен на тестирање за коронавирус.

Актуелниот договор на Коренти Толисо со германскиот клуб истекува на 30 јуни 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува фудбалерот на 20 милиони евра. Во сезоната 2020/2021, играчот од средниот ред одигра 16 натпревари во германската Бундеслига и постигна еден гол.


Француски Лион ќе биде новиот клуб на Шаќири

Трансферна цел на Олимпик Лион е играчот за врска на Ливерпул, Џердан Шаќири. Францускиот клуб вчера дал понуда да го купи 29-годишниот Швајцарец, објави весникот „Л‘Екип“.

Претходно беше објавено дека Ливерпул сака да добие околу 15 милиони евра за играчот од средниот ред.

Медиумите објавија дека Лацио, Наполи, Севиља и Виљареал исто така сакаат д аго купат Шаќири. Самиот играч ја објави својата желба да го напушти Ливерпул и да се врати во Италија, каде што веќе играше за Интер. Швајцарскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2018 година.

Шаќири во кариерата има настапува за Стоук Сити, Интер, Баерн Минхен и Базел. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 12 милиони евра. Фудбалерот има договор со Ливерпул до 2023 година.


Бешикташ се откажа од трансфер на Диего Коста

Бешикташ одлучи да се откаже од идејата да потпише со напаѓачот Диего Коста. Претседателот на Бешикташ, Ахмет Нур Чеби, смета дека барањата на Бразилецот се преценети и стави вето на договорот. Диего Коста сакаше да добива 4 милиони евра годишно. Покрај платата, тој побара процент од продажбата на дресовите со неговото име и бонуси од 1 милион евра. Диего Коста во моментов преговара со бразилскиот Атлетико Минеиро.

Напаѓачот е слободен агент откако го напушти Атлетико Мадрид во декември 2020 година. Трансфермаркт го проценува играчот на 6 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот успеа да одигра само седум натпревари за Мадрид, на кои постигна два гола.


Салихамиџиќ најави дека Баерн ќе тргне по Халанд

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изненадувачки или не го искажа интересот на Баварците за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Ова го направи пред германскиот ТВ канал „Спорт 1“, каде што исто така рече дека би било „аматерски“ од нивна страна доколку не ги проучат можностите за привлекување на норвешкиот напаѓач.

„Тој е врвен фудбалер и од она што го слушам, прекрасно момче. Мораме да ја погледнеме таа можност, но тој е играч на Борусија Дортмунд. 60 гола на 60 натпревари. Ќе бевме целосни аматери ако не ја разгледавме оваа можност“, рече Салихамиџиќ.

Ерлинг Халанд има договор со Борусија Дортмунд до летото 2024 година, но следното лето ќе има клаузула за раскинување во неговиот договор вредна 75 милиони евра. Сите големи тимови во Европа се заинтересирани за него.


Дејвис и Коман заздравија од повредите и се приклучија кон стројот на Нагелсман

Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман денеска се приклучија на Баерн Минхен откако се опоравија од повредите.

Дејвис ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб на натпреварот од Голд купот кон средината на јули, а Коман се подготвуваше индивидуално по повредата на реброто што ја заработи за време на пријателскиот натпревар против Наполи.

Баерн ќе ја брани титулата во Бундеслигата од петок кога игра против Борусија (Менхенгладбах), а официјалниот деби н аклупата на Баварците ќе го има тренерот Јулијан Нагелсман.

Тренерот Нагелсман ќе биде без дефанзивецот Лука Ернандез бидејќи Французинот се опоравува од повредата на коленото и според медиумите тренира само индивидуално.


Влаховиќ ги одби понудите и продолжи со Фиорентина

Српскиот напаѓач од екипата на Фиорентина Душан Влаховиќ ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Тој се согласил на новата понуда од „виолетовите“, откако му беа понудени нов договор со плата од три милиони евра годишно.

Според изворот, српскиот фудбалер се согласил со предложените услови, но новиот договор се уште не е склучен, бидејќи страните разговараат за клаузулата за обештетување на напаѓачот во износ од 60 милиони евра.


Кркиќ пак ќе игра со Иниеста, потпиша за Висел Кобе

Шпанскиот фудбалер Бојан Кркиќ има нов клуб, ќе игра за Висел Кобе.

Бојан Кркиќ е еден од оние играчи за кои може да се каже дека не го исполнија потенцијалот и очекувањата. Се појави во септември 2007 година во првиот тим на Барселона соборувајќи го рекордот за најмлад дебитант и се најавуваше дека може да тргне по патот на Меси.

Меѓутоа „вечниот талент“ шеташе по Европа и ја бараше среќата. Се проба во Рома, Милан ,Ајакс, Стоук…Потоа во САД играше за Монтреал Имапкт. И на таа епизода и дојде крајот и сега ќе игра за Висел Кобе каде што ќе биде соиграч со Андрес Иниеста.


Русин ќе го суди Суперкупот

Денес УЕФА објави дека Сергеј Карасев од Русија ќе го суди натпреварот за Суперкупот на УЕФА помеѓу Челзи и Виљареал, што се игра во среда на 11-ти август на Националниот фудбалски стадион во Белфаст, Северна Ирска.

Карасев има 42 години, и е меѓународен судија од 2009. Тој судеше и на три натпревари на Еуро 2020.