фудбал

Меси закажа прес-конференција на „Камп Ноу“

Лионел Меси за утре во 12 часот на „Камп-Ноу“ во Барселона, закажа прес-конференција на која ќе каже што се случи околу неговото напуштање на тимот. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо, а оваа конференција сигурно ќе предизвика огромно внимание.

Пред неколку дена Барселона соопшти дека Меси и официјално го напушта клуб, за кого настапуваше цели 17 години и освои сè што може да се освои на клупски план.


Тотенхем го „грабна“ Аргентинецот Кристијан Ромеро

Тотенхем официјално го објави трансферот на дефанзивецот Кристијан Ромеро, кој се приклучува на тимот со петгодишен договор.

Клубот и плати 55 милиони евра на Аталанта, која претходно денеска го купи од Јувентус за сума од 16 милиони евра. 23-годишниот Ромеро минатата сезона играше за Аталанта со позајмица од „Старата дама“. Во 2019 година, тој беше привлечен од гигантот во Торино од Фабио Паратичи, кој сега е спортски директор на Тотенхем. Тој никогаш не доби шанса во „Бјанконерите“ и беше испратен на позајмица прво во неговиот поранешен тим Џенова, а потоа и во Аталанта.

Во текот на минатата сезона, централниот дефанзивец одигра 42 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања и со своите одлични настапи беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А за сезоната 2020/21.

Ромеро летово дебитираше за репрезентацијата на Аргентина како стартер на Копа Америка, кој го освои со неговата селекција. Тој е второто засилување на Тотенхем, привлечено од Аталанта ова лето, по голманот Пјерлуиџи Голини. Аргентинецот ќе игра со број 4 во својот нов тим.


Јуве го позајми Демирал во Аталанта

Аталанта го објави трансферот на дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал. Клубот од Бергамо го зеде играчот на позајмица со можност за понатамошно купување.

За позајмицата на играчот, Аталанта ќе плати 2,5 милиони евра, а за понатамошно откупување на играчот, ќе треба да се платат уште 25 милиони евра. Покрај тоа, Јувентус ќе добие одреден процент од следната продажба на играчот.

Демирал се приклучи на Јувентус од Аланијаспор во 2019 година. Претходно, турскиот фудбалер играше за Спортинг Лисабон и Сасуоло. Од 2018 година, Демирал е дел од турската репрезентација. Минатата сезона, Демирал одигра 24 натпревари за Јувентус, на кои имаше една асистенција.


Меси ќе биде нов фудбалер на ПСЖ

Жоан Лапорта вчера кратко зборуваше за можниот трансфер на поранешниот капитен на Барселона, Лионел Меси во ПСЖ.

Ден претходно, Барселона официјално објави дека аргентинскиот напаѓач, кој играше за каталонскиот клуб во текот на целата кариера нема да може да го продолжи договорот.

„Би сакал повторно да го видам Меси како игра за Барселона. Но, тој ќе треба да одлучи за својата иднина. Треба да го прашате за следниот клуб. ПСЖ? Не можам да одговорам на ова прашање, не знам дали ги интересира. Но, познато е дека тие имаат можност да потпишат со Меси“, изјави Лапорта за „Марка“.

Меси играше за Барселона од 2005 година. Неговиот договор со каталонскиот клуб истече на крајот на јуни.

Денес потврда стигна од братот на газдата на ПСЖ, кој на својот твитер профил напиша дека преговите се завршени, а наскоро тоа и официјално ќе биде потврдено.



Ако пропадне трансферот на Локатели, Јуве го враќа Пјаниќ

Јувентус ја разгледува можноста за купување на играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ. Според изворот, раководството на клубот од Торино е во контакт со агентите на играчот.

Претходно, Јувентус се обиде да го купи играчот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели, но преговорите меѓу двете страни се во застој. Досега овие два тима не можеа да постигнат договор за висината на трансферот. Јувентус понуди позајмица со последователен откуп за вкупно 25 милиони евра. Од друга страна, Сасуоло очекува да добие 35-40 милиони евра за играчот.

Пјаниќ играше за Јувентус од 2016 до 2020 година. Фудбалерот се пресели во Барселона летото 2020 година, потпишувајќи четиригодишен договор. Бразилскиот играч за врска Артур се пресели во спротивна насока.


Виеира убеден дека Заха ќе остане во Кристал Палас

Патрик Виеира се надева дека ќе го задржи Вилфрид Заха, кој наводно летово повторно е на чекор од заминување од клубот.

Кристал Палас во текот на летото го доведе Патрик Виеира на местото од Рој Хоџсон, а промената доведе и до промени во составот на играчи. Сепак, Вилфрид Заха допрва треба да се одлучи дали ќе остане во екипата и следната сезона.

„Добро ја знам ситуацијата на Вилфред во последните години, но имавме навистина добар разговор и со нетрпение очекувам да работам со него“, рече Виеира за „Скај Спортс“.

„Тој е еден од најталентираните играчи во лигата и не сакаме да се збогуваме со нашите најдобри играчи“, дополни тој.

28-годишниот Заха има договор со Кристал Палас до летото 2023 година.


Јовиќ бара уште една шанса од Карло Анчелоти

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ нема намера до крајот на проедниот рок да го напушти Реал Мадрид.

Јовиќ не се наигра во Мадрид од доаѓањето во клуборт летото 2019 година и за „кралевите“ настапи само на 32 натпревари.

Претходната полусезона Јовиќ ја помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт. Реал имаше план да го испрати на нова позајмица, но српскиот фудбалер не го посаккува тоа.

23-годишниот фудбалер побарал последна шанса од клубот и тренерот Карло Анчелоти. Тој само бара шанса и смета дека има квалитет да го носи дресот на Реал Мадрид.

Пред неколку дена Јовиќ ова и јасно го порача за шпанските медиуми.


Лукаку побарал Интер да ја прифати понудата на Челзи

Напаѓачот на Интер и репрезентацијата на Белгија, Ромелу Лукаку, би требало да се врати во Челзи во овој преоден рок.

28-годишниот фудбалер се обратил до раководството на Интер со барање да ја прифатат понудата на лондонскиот клуб. Интер веќе двапати ја одби понудата од Челзи, но сумата од 110-120 милиони евра може да ги убеди. Претходно беше објавено дека Лукаку се договорил личните услови со Челзи со плата од 15 милиони евра годишно. Тоа е двојно повеќе од неговата плата во Интер.

Ромелу Лукаку му припаѓаше на Челзи од 2011 до 2014 година, а игра за Интер од 2019 година. Минатата сезона, напаѓачот одигра 36 натпревари во Серија А, постигна 24 гола (шест од пенал) и даде 11 асистенции.


Туанзебе од Манчестер Јунајтед се сели на „Вила Парк“

Астон Вила ја доби битката со Њукасл за 23-годишниот играч на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот Аксел Туанзебе. Според информациите кои беа објавени, Астон Вила ќе го земе играчот на позајмица.

Во исто време, Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година. Туанзебе претходно играше на позајмица во Астон Вила во 2018/2019 година.

Во завршената сезона на англиското првенство, Туанзебе одигра 9 натпревари за Манчестер Јунајтед (4 во стартниот состав) и доби два жолти картони. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 8 милиони евра.


Баерн купува уште еден фудбалер од РБ Лајпциг

РБ Лајпциг нема да го задржи играчот за врска Марсел Забицер, за кого Баерн е сериозно заинтересиран.

Според одредени натписи во медиумите, РБ Лајпциг е подготвен да го пушти својот капетан да оди во Баерн Минхен доколку платат 15-18 милиони евра. Марсел Забицер е капетан на РБ Лајпциг. Игра за германскиот клуб од 2014 година. Во текот на кариерата, тој ги бранеше и боите на РБ Салцбург, Рапид и Адмира.

Договорот на Марсел со Лајпциг важи до летото 2022 година. Минатата сезона играчот од средниот ред учествуваше на 27 натпревари од германската Бундеслига, во кои постигна осум гола (четири од пенал) и даде три асистенции.