фудбал

Белгиецот Дембеле објави фудбалска пензија

Поранешниот играч за врска на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле се повлече од фудбалот.

Дембеле планира да живее во Антверпен, Белгија и да поминува повеќе време со семејството. Последниот клуб на Дембеле беше кинескиот Гуангжу Сити, во кој се пресели во јануари 2019 година од Тотенхем.


Клоп: Салах ќе настапи против Лестер, а Мане ќе добие денови одмор

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека напаѓачот Мохамед Салах би можел да учествува на натпреварот од англиската Премиер лига против Лестер Сити на 10 февруари.

„Мо се врати, веќе разговарав со него. Тој, секако, е многу разочаран, но со нетрпение ги очекува натпреварите на Ливерпул. Првото нешто што ми рече беше: „Подготвен сум“. Тој е искусен фудбалер, неверојатно физички подготвен. Сега тој ќе има сесија за опоравување и ќе видиме како ќе се чувствува утре. Садио Мане по можност ќе лета за Ливерпул на 9 февруари во вечерните часови. Секако дека ќе ја пропушти средбата со Лестер. Она што го постигна со тимот значи многу за Сенегал. Ние го почитуваме тоа и никогаш не помисливме да го повикаме рано. Нека прави што сака, затоа што тоа го заслужува“, изјави Клоп, за прес-службата на Ливерпул.


Даглас Коста потпиша за ЛА Галакси

Даглас Коста пред почетокот на оваа сезона одлучи да го напушти Јувентус и да се врати во Бразил.

Овој 31-годишен Бразилец ја напушти „старата дама“ и кариерата ја продолжи во Гремио каде што пристигна како позајмен играч до крајот на сезоната, но во овој клуб остана само една сезонма.

Откако Гремио испадна во втора лига Коста се реши да го напушти клубот во кој ја започна кариерата и така го навлече бесот на навивачите. Бразилецот не сакаше да игра во понизок ранг и кариерата ја продолжува во САД.

Нов клуб на Даглас Коста ќе биде Лос Анџелес Галакси.


Аталанта без напаѓачот Запата во наредните 4 месеци

Напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата заработи повреда на натпреварот против Каљари кој екипата од Бергамо го загуби со 1:2.

Колумбиецот се појави на теренот за прв пат по 21 декември,и влезе во игра како резерва во 58. минута, но кратко потоа беше принуден да го напушти теренот. 

По завршувањето на натпреварот беше соопштено дека неговата повреда се покажа посериозна од очекуваното, и фудбалерот може да не игра меѓу три и четири месеци.


Мегвајер разочаран: Многу лесно испуштивме два бода

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајер, изрази разочарување после ремито со Барнли од 1:1, во 24.коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ беа многу подобра екипа во првото полувреме, меѓутоа чврстиот тим на Барнли успеа да изедначи на стартот од второто полувреме.

Искусниот дефанзивец е свесен дека навијачите на Манчестер Јунајтед се повторно разочарани од ваквиот резултат.

„Имавме контрола во првото полувреме и моравме да победиме после големиот број на шанси кои ги направивме. Едноставно, моравме да постигнеме втор гол. Вака повторно многу лесно прокоцкавме два бода“, изјави капитенот Мегвајер.


Челзи му нуди нов договор на Мејсон Маунт

Челзи сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Мејсон Маунт, објави новинарот Николо Шира на својот Твитер.

Во наредните недели лондонскиот клуб ќе разговара со играчот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Маунт со „сините“ истекува во 2024 година. Челзи е подготвен да му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред и планира да му ја зголеми платата.


Последен обид – ПСЖ го прави Мбапе најскапоплатен играч во тимот

Париз Сен Жермен продолжува да се надева дека ќе успее да ја задржи својата ѕвезда Килијан Мбапе и поради оваа причина е подготвен да го направи најплатен играч во тимот, надминувајќи ги Меси и Нејмар.

 Мбапе има договор до крајот на сезоната и е слободен да преговара со други клубови. Се верува дека Реал Мадрид води во трката за неговиот потпис. Минатата недела имаше информации дека „кралскиот клуб“се договорил за неговите лични услови и ќе добива рекордни 50 милиони евра годишно на „Сантијаго Бернабеу“.

Според информациите во некои француски медиуми, ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатен играч со тоа што ќе му понуди астрономски, но и краткорочен нов договор. Раководството на Париз не губи надеж дека 23-годишниот напаѓач ќе потпише нов договор и ќе остане во тимот. Оптимизмот доаѓа од тоа што Мбапе никогаш не изјавил дека ќе си замине по крајот на сезоната.


Кјелини ќе ги скокне февруарските обрвски заради повреда

Џорџо Киелини заработи повредан а мускулот поради што ќе биде надвор од терените во наредните 20-тина дена, пренесуваат италијанските медиуми.

Киелини се повреди пред два дена и натпреварот против Верона го заврши на 15 минути пред крајот. Како што стојат работите дефанзивецот ќе ги пропушти натпреварите против Сасуоло, Аталанта и Торино, но и осминафиналето во Лигата на шампионите против Виљареал.

Очекувањата се да се врати на терен на крајот на месецот против Емполи. Имајќи предвид дека и Бонучи е повреден Алегри ќе има проблеми до крајот на месецот со дефанзивата.

Против Сасуоло во четврток најверојатно со Матијас Де Лихт ќе игра Даниеле Ругани.


Пипо Инзаги отпуштен од клупата на Бреша

Филипо Инзаги доби отказ на кормилото на Бреша и претседателот Масимо Селимо ќе бара нов тренер и покрај тоа што Инзаги имаше добри резултати сезонава.

Бреша е трета во Серија Б со само два бода помалку од лидерот Лече, но и во таква ситуација Инзаги доби отказ. Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми дошло до недоразбирања во претходниот период помеѓу Селино и Изнаги.

Селино поради тоа чекал само барем некој лош резултат за да има алиби за отказот. Во последните две кола Бреша одигра реми со послаби противници и тоа беше ситуацијата која ја чекаше Селино за да го отпушти славниот Пипо.


Аронсон од Салцбург на мета на италијанските и шпанските гиганти

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.

Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД. Неколку клубови од Премиер лигата, Милан, Јувентус и Севиља внимателно ги следат неговите настапи и сакаат да го донесат на лето во своите редови.