фудбал

Барса пријави загуба од 481 милиони евра за една сезона

Барселона издаде соопштение по состанокот на бордот на директори на клубот кој се одржал вчера. Каталонскиот гигант потврди дека на крајот од сезоната 2020/2021 загубиле 481 милиони евра.

Одборот на директори го одобри буџетот на клубот за оваа сезона во износ од 765 милиони евра, но тој мора да помине низ дополнителна постапка за одобрување на Собрание на делегати. На 6 октомври ќе започне целосна проверка на работите на клубот за да се најдат одговорните за финансиските проблеми. Тимот сериозно има намера да го среди она што се случи за да ги отстрани сите тешкотии за работењето на клубот во сезоната 2021/22.

Да потсетиме, во септември Каталонците ќе одиграат четири натпревари – со Гранада, Кадиз и Леванте во шпанското првенство, како и со Бенфика во Лигата на шампионите. Доколку тимот не постигне позитивни резултати, Лапорта може да се одлучи за одредени промени.


Како Ливерпул прими два гола во две минути? Клоп има одговор!

Во првото коло од Лигата на шампионите Ливерпул и Милан одиграа одличен меч, а црвените после пресврт славеа со 3:2.

Но, претходно пресврт направи и Милан, кој откако имаше негатива од 1:0, поведе со 1:2. Токму околу головите во краток период во мрежата на својот тим говореше Јирген Клоп.

„Прекрасна фудбалска вечер на Енфилд, почнавме одлично, но нас на крајот на првото полувреме не стигна казната поради опуштање. Не понесе нашата одлична игра и ја изгубивме дисциплината. Затоа ги примивме тие два гола“– изјави Германецот, па додаде:

„Верував дека можеме да се вратиме и да победиме во продолжението. Постигнавме одлични голови и заслужено победивме.“


Дани Алвес и Сао Паоло го раскинаа договорот

Сао Паоло го потврди раскинувањето на договорот со поранешниот дефанзивец на Барселона и Јувентус, Дани Алвеш. Договорот меѓу двете страни беше раскинат денес.

„Официјална изјава: Фудбалскиот клуб Сао Паоло објавува дека денес е потпишан договор за отпуштање на играчот Даниел Алвеш, кој беше поврзан со клубот со договорни обврски до декември 2022 година“, објави прес-службата на Сао Паоло на Твитер. Да потсетиме дека поради пандемијата на коронавирус, клубот ги намали платите на играчите, вклучувајќи го и Алвеш.

Со договор меѓу двете страни, беше договорено сумата да биде исплатена подоцна. По Олимписките игри во Токио, Дани Алвеш рече дека Сао Паоло го одложува плаќањето на долгот. После тоа, односот помеѓу играчот и клубот се влоши. Фудбалерот одби да се врати во базата на клубот додека не ги добие ветените пари.


Серија А е следната дестинација на Иско

Иско ја игра последната сезона во Реал Мадрид и на лето како слободен агент ќе го напушти клубот. Иско не е во плановите на Карло Анчелоти и добива мала минутажа, па донесе конечна одлука да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми од извори блиски до фудбалерот пренесуваат дека Иско веќе се договорил со Милан, кој му ветува дека ќе има важна улога во тимот.

„Росонерите“ се спремни да го донесат следното лето како слободен агент, но не е исклучено трансферот да се реализира уште во јануари.

Милан е во одлични односи со Реал Мадрид и ќе се обиде да го реализира трансферот во јануари за симболична сума.


Ибрахимовиќ за прв пат во кариерата со ваква изјава!

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона ја започна со големи проблеми со повреди, поради што одигра само половина час во дрестона Милан. Го немаше во првото коло на Лигата на шампионите, во кој Милан беше поразен на Енфилд со 3:2.

Росонерите следниот голем првенствен дуел го имаат во Торино против Јувентус. Новарот на „MilanNes“ го праша дали ќе се врати за тој меч.

„Се уште не сум сигурен, но одам ден по ден. Не е никаква тајна дека имам проблем со тетивата и не сакам да се влоши таа ситуација.“

После тоа даде изјава која ни по ништо не е карактеристична за него.

„Сакам да бидам во форма целата сезона и морам да внимавам, не сум Супермен. Иако, проблем е што многу и тешко работам и уживам во тоа.“


Шест натпревари доволни за историја на Мурињо и Рома

Историското прво коло од Конференциската лига донесе уверлива победа на Рома на Олимпико против ЦСКА Софија. Натпреварот заврши со резултат 5:1 за домашната екипа.

Натпреварот во Рим започна со неочекувано водство на гостите, но Рома до крајот постигна пет погодоци и лесно дојде до првите бодови. Два гола постигна Лоренцо Пелегрини, а по еден Ел Шарави, Манчини и Абрахам.

Уверливата победа не го натера тренерот на екипата Жозе Мурињо на пофални зборови. Тој истакна дека не му се допадна тоа како неговите играчи играа на тој натпревар, дека не беше квалитетен натпревар и воопшто не беше задоволен.

Сепак, оваа победа значеше место за Мурињо во клупската историја на Рома.

Само трет пат од основањето на клубот во 1927. година, Рома запиша шест победи во првите шест натпревари од сезоната. Досега тоа го направи само два пати, под водство на Руди Гарсија во сезоните 2013/14 и 2014/15.


У-18: Ново реми во контролата со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.

Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари. 

Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.

Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2. 

Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.


Ако Куман добие отказ, Барса мора да му плати 12 милиони евра

Поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите сериозно го разниша столчето на Роналд Куман во Барселона.

Раководството на клубот седна да разговара за неговата иднина. Дел од медиумите во Шпанија пренесуваат дека некои директори на Барселона барел Куман веднаш да биде отпуштен и покрај тоа што Барселона за тоа ќе плати 12 милиони евра.

Од друга страна другиот дел од директорите преферирале Куман да добие уште една шанса да го подобри впечатокот.

Наводно Лапорта не бил толку загрижен за поразот, колку од начинот на кој Каталонците го изгубиле натпреварот.


Симеоне спремен да преговата за трансфер на Инсиње

Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за капитенот на Наполи и италијански репрезентативец, Лоренцо Инсиње.

Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.

Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.

За него се заинтересирани неколку италијански клубови, но најконкретен е интересот на Атлетико Мадрид.

„Јорганџиите“ се спремни да му понудат 6,5 милиони евра по сезона доколку пристигне без обештетување, сума која никој од заинтересираните клубови не е спремен да ја понуди.


Кејн ќе го продолжи договорот со Тотенхем Хотспур?

Хари Кејн може да го продолжи договорот со Тотенхем, пренесува весникот „Гардијан“ на денешните страници, но капитенот на Англија постави посебен услов за тоа да се случи.

28-годишниот играч ќе потпише нов договор со Тотенхем доколку раководството на тимот се согласи да има клаузула за откуп во него. Во Англија, не постои практика да се вклучат такви клаузули во договорите на играчите, за разлика од Шпанија, каде што тоа е практика, но може да се направи исклучок за Кејн. Доколку двете страните се договорат за нов договор, тогаш платата на Хари Кејн значително ќе се зголеми и тој ќе стане еден од најплатените играчи во Премиер лигата.

Во последните недели беше објавено дека Тотенхем е подготвен да му понуди договор со неделна плата од 400 илјади фунти. Актуелниот договор на напаѓачот на Тотенхем истекува летото 2024 година.