фудбал

У-17: Оптимизам помеѓу играчите пред натпреварот со Србија

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за натпреварот против Србија во рамки на контролниот турнир што се одржува во Скопје.

Нашите млади фудбалери во воведното коло од турнирот славеа победа со 2:1 против Кипар. Марко Стојилевски и Зани Назифи беа стрелци на головите. 

Даниел Марковски, фудбалерот на Хелсинборг и член на младата репрезентација на Македонија е задоволен од прикажаната игра против Кипар.

– „Одигравме одличен натпревар против Кипар, но секогаш има простор за напредок, секогаш може подобро. На теренот делувавме одлично како колеткив, бевме подобра екипа, сосема заслужено остваривме победа. Играме против Србија, репрезентација која има голем квалитет, очекувам тешка средба со многу борба и отворена игра. Се надевам дека ќе оствариме нова победа“.

Капитенот Марко Ѓорѓиев вели дека оваа репрезентација на Македонија посакува учество на Европско првенство.

– „Нашата желба и цел е да обезбедиме учество на Европско првенство. Играме долго време заедно и одлично се познаваме. Овој контролен турнир претставува подготовка за она што не очекува во октомври, а тоа се квалификациите за пласман во елитната фаза. Одигравме добар натпревар со Кипар, се надевам дека повторно ќе бидеме на посакуваното ниво и на дуелот со Србија“.

Нашите фудбалери во октомври ги очекуваат квалификации за пласман во елитната фаза за Европско првенство. Во нашата група се Република Ирска, Полска и Андора.


Куртоа: Свесен сум дека моите одбрани го спасија Реал

Тибо Куртоа, по натпреварот кој го доби неговиот тим против Интер со 1-0 во Лигата на шампионите, ја истакна својата улога во постигнувањето на позитивниот резултат.

„Остваривме одличен резултат против силен противник. Моите одбрани беа одлучувачки, но ова е она што се очекува од мене во Реал Мадрид. За време на паузата, разговаравме многу едни со други и со тренерот, а второто полувреме помина малку подобро. Можеби Интер заслужи повеќе, нивните шанси беа поопасни“, рече Белгиецот.

Во 89. минута од средбата Реал Мадрид дојде до победа со голот на Родриго на асистенција на Камавинга. Во второто коло од групата Д од Лигата на шампионите на 28 септември, Реал Мадрид ќе го пречека молдавскиот Шериф, кој сензационално го совлада Шахтјор со резултат 2-0, додека Интер ќе игра на гости кај Шахтјор Доњецк.


Македонија падна за две места на ФИФА листата

ФИФА денес ја објави новата ранг листа на репрезентациите, а по септемврискиот циклус од квалификациите за СП има одредени промени.

Според очекувањата , по трите нерешени резултати, Македонија е со пад на ранкингот од две позиции и сега е на 74-та позиција. Избраниците на Благоја Милевски загубија околу два и пол поени и од 1345,47, паднаа на 1342,92 според новите рангирања. Македонија шанса за поправење на ранкингот ќе има веќе во октомври кога игра против Лихтенштајн на гостински терен, потоа со Германија пред својата публика и уште едно гостување кај Ерменија.

На врвот на ФИФА ранг листата лидер остана Белгија пред Бразил, Англија и Франција. Во првата десетка се уште Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.Од нашите противници Германија е на 14-то место, Романија е 42-ра, Исланд е 60-ти, додека Ерменија е на 89-то место.


Белингем стана рекордер во Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд и англискиот репрезентативец Џуд Белингем постигна гол во воведното коло од групата Ц од оваа сезона во Лигата на шампионите и влезе во историјата на натпреварувањето.

Белингем беше стрелец на последниот натпревар на Борусија минатата сезона во Лигата на шампионите (пораз од Манчестер Сити 1: 2 во четвртфиналето), а со гол во тој натпревар стана најмладиот фудбалер во историјата на натпреварувањето кој постигнал гол на два натпревари во низа.

Досега, рекордер беше Килијан Мбапе (18 години и 85 дена), а Белингем (18 години и 78 дена) сега го надмина.


Мегваер: Не е само Лингард, сите сме виновни за овој пораз

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, беше разочаран по вечерашниот пораз од Јанг Бојс во првото коло од Лигата на фудбалските шампиони.

Неговиот тим поведе со голот на Кристијано Роналдо, но, по исклучувањето на Ван Бисака и големата грешка на Лингард во финишот на мечот, Швајцарците ги освоија бодовите.

„Сите направивме грешка вечерва – нема да го обвиниме Лингард. Почнавме добро во второто полувреме. Во наредниот натпревар ќе се обидеме да стигнеме до три бода“, рече играчот на „црвените ѓаволи“.


Горецка се согласил на нов договор со Баерн Минхен

Баерн Минхен е во завршна фаза од преговорите за продолжување на договорот со нивниот играч за врска Леон Горецка. Новинарот Никола Скира го објавува ова на својот Твитер профил.

Според изворот, договорот со играчот ќе биде продолжен до 2026 година, додека платата на играчот ќе биде значително зголемена.

Во август, беше објавено дека платата на Горецка ќе биде 12-15 милиони евра. Минатата сезона, фудбалерот одигра 32 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна осум гола и седум асистенции.

Играчот од средниот ред ги брани боите на Баерн од 2018 година, а претходно играше за Шалке 04 и Бохум. Трансфермаркт го проценува фудбалерот на 70 милиони евра. Актуелниот договор на Леон Горецка со клубот од Минхен е до следното лето.


Андонова: Не очекуваат тешки натпревари, шансата ќе ја бараме против Австрија

Женската А репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за Светското првенство 2023. Нашата женска селекција против Англија, топ фаворит во групата ги започнува европските квалификации за мундијалот во Австралија и Нов Зеланд. 

Против англичанките играме на утре во Саутемптон, а четири дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески” ќе се спротиставиме на селекцијата на Австрија.

Капитенот на женската А репрезентација на Македонија и член на шпански Леванте, Наташа Андонова вели дека шансата за остварување на поволен резултат треба да ја бараме во дуелот со Австрија пред домашната публика.

– “Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. 

– Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции. 

– Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари.“


Џеко: Апсолутно незаслужен пораз!

Поразот од 0:1 од Реал Мадрид е во целост незаслужен, изјави по натпреварот напаѓачот на Интер Един Џеко во кратката анализа на мечот од премиерното коло од групата Д во Лигата на шампионите.

Интер го дочека Реал Мадрид на Сан Сиро и беше подобрата екипа, но никако не можеше да постигне погодок со кој и би го потврдиле тоа. Единствениот погодок на натпреварот, доволен за три бода на Реал Мадрид, беше дело на Родриго во 89. минута.

Натпреварот веројатно ќе имаше различен расплет доколку Џеко искористеше една од трите шанси кои ги имаше пред противничкиот гол, но или Куртоа или одбраната на Реал го спречуваа да стане стрелец.

„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу, многу повеќе.“ – рече Џеко по натпреварот додавајќи:

„Одигравме одлично, но тешко е кога нема да постигнеш гол.“

По првото коло од групата Д, Интер и Шахтјор се во вториот дел од табелата без освоен бод, а Шериф и Реал Мадрид имаат по три бода.


Барса ги брои последиците после Баерн: Алба и Педри повредени по дебаклот

Пред два дена Каталонците беа поразени од Баерн Минхен, а во овој натпревар се соочија  и сп овреда. Жорди Алба и Педри ќе мораат да одат на пауза.

Двајцата се повредија во вчерашниот натпревар. Алба ја истегна задната ложа и ќе биде надвор од теренот барем еден месец. Педри заработи повреда на квадрицепсот и ќе отсуства околу две недели.

Куман сега не може да смета на Серхио Агуеро, Дембеле, Ансу Фати и Мартин Брајтвајт.

Барселона во наредниот период има густ распоред и ја очекуваат три натпревари во првенството и еден меч во Лигата на шампионите.


Лапорта му постави ултиматум на Куман

Роналд Куман добил ултиматум од три натпревари во кои треба да го подигне нивото на игра на тимот, пренесува каталонски „Спорт“.

Барселона беше убедливо поразена од Баерн Минхен во ЛШ, а раководството е загрижено поради бледата игра на тимот.

Претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, одржал итен состанок со тренерот Куман, кој траел до доцна во ноќта.

Барселона бара од Куман веднаш да реагира и да го подигне нивото на игра на тимот, бидејќи нема повеќе да толерираат натпревари како тој синоќа против Баерн.