фудбал

Најава за филмот посветен на Златан Ибрахимовиќ (видео)

Златан Ибрахимовиќ на својот Твитер профил ја објави најавата за филмот кој ќе излезе подоцна годинава, а во кој се открива неговиот пат во фудбалскиот свет.

„Јас сум Златан“ е името на филмот за кој ИМДБ тврди дека е вистинска приказна за шведскиот фудбалер кој кариерата ја започна во Малме, а потоа преку Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси, повторно се врати во Милан каде се уште настапува на прагот на својот 40. роденден.

Во филмот базиран на автобиографијата „Јас, Ибра“, која Ибрахимовиќ ја напиша со помош на Дејвид Лагеркранц, ќе биде прикажан и неговиот однос со агентот Мино Рајола.


Дембеле четири месеци надвор од терените

Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле денес беше успешно опериран во Финска и тоа кај докторот Ласе Лемпнаинен, соопштија од клубот.

Дембеле се здоби со повреда за време на Европското првенство, а прегледите покажаа дека ќе мора да биде опериран. Сега му претстои пауза од четири месеци, па на терените ќе се врати на почетокот на ноември.

Дембеле во Барса дојде во 2017 година за 135 милиони евра, но не ги оправда очекувањата најмногу поради честите повреди.



Леванте спремен да го продаде Енис Барди

Tимот на македонскиот репрезентативец Енис Барди се соочува со финансиски проблеми.

Уште пред 20-тина дена беше најавено дека Леванте може да го продаде Барди за 16 милиони евра со цел да го покрие минусот. Оваа информација денес повторно е актуелна во шпанските медиуми.

Дел од шпанските медиуми објавија дека Леванте д оовој момент не добил официјална понуда меѓутоиа дека за Барди интерес покажале Фенербахче, Галатасарај, Арсенал…

Иднината на Барди веројатно не беше тема во претходниот период затоа што македонскиот репрезентативец беше на Еуро 2020 со Македонија, сега кога го заврши настапот може да се посвети на клупските планови.


Роберто Солдадо нов соиграч на Барди во Леванте

Леванте на официјалната веб-страница го објави потпишувањето на договор со напаѓачот Роберто Солдадо. Договорот со 36-годишниот фудбалер важи до јуни 2023 година.

Солдадо се приклучува на Леванте бесплатно, откако во Ла Лига беше исплатена сума од 1 милион евра за да го раскине тековниот договор со Гранада. Во сезоната 2020/21, Солдадо одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и даде две асистенции. Напаѓачот играше за Гранада од 2019 година. Претходно играше за Виљареал, Тотенхем, Валенсија, Хетафе, Осасуна и Реал Мадрид.

Во шпанското првенство што заврши, Леванте го зазеде 14-то место со 41 поен, додека Гранада го освои деветтото место со 46 поени. Во минатата сезона од Лигата на Европа, Гранада стигна до четвртфиналето каде беше елиминирана од Манчестер Јунајтед.



Клоп ти си?

Клоп е хит на социјалните мрежи.
Германецот се појави на „Вембли“ и предизвика луда реакција на навивачите пред почетокот на дуелот меѓу Англија против Германија.
Тренерот на Ливерпул, Клоп ужива со пиво и пее заедно со англиските фанови.
По првото полувреме на „Вембли“ резултатот е 0:0.


„Европското првенство е смешно!“

Велс во саботата во осминафиналето од Европското првенство беше елиминиран од Данска, откако беа поразени со 4:0 во Амстердам.

По тешкиот пораз, се огласи дефанзивецот на Велс, Крис Гантер, кој не беше воодушевен што ЕУРО се одржува во 11 различни градови ширум Европа.

Велс првите два натпревари ги играше во Азербејџан, потоа во Рим, па во Амстердам.

„Секоја репрезентација имаше свои навивачи каде и да настапуваше.“ – напиша Гантер на социјалните мрежи, па продолжи:

„Но Велс не, освен 350 луѓе кои ги прекршија владините правила и ја загрозија својата финансиска состојба како би стигнале таму. И ние играчите и навивачите заслуживме повеќе од овој смешно организиран турнир, но кој вели дека животот не е суров?“

Велс на Европското првенство патуваше 5.382 километри, а повеќе од нив патуваа само Швајцарија и Шведска.


Венгер критичен кон Франција и селекторот Дешамп

Арсен Венгер не крие дека е изненаден од вчерашната сензационална елиминација на „галските петли“. Франција која беше главниот кандидат за титулата, доживеа елиминација од Швајцарија по изведувањето на пеналите.

„Тимскиот дух не смее да се доведе во прашање. За жал, имавме проблем, премногу ја базиравме играта на контра-нападите. На ваков собир се постигнуваат многу голови од изградени акции. Франција покажа многу малку од тоа. Швајцарија имаше изградени акции и постигна такви голови“, рече Венгер кој ја има улогата на стручен коментатор.



Велшки Кардиф загреан да го доведе Висар Муслиу

Висар Муслиу по Европското првенство го привлече вниманието на европските екипи.

Низ медиумите на Островот може да се прочита дека 26 годишниот дефанзивец е мета на Кардиф Сити. Муслиу во овој момент настапува за Мол Фехеревар, а ако Кардиф сака да го доведе во своите редови ќе мора да плати најмалку четири милиони евра.

Муслиу на Европското првенство на два натпревари ги одигра комплетните 90 минути, а во третиот беше заменет во финишот.

Ќе потсетиме пред да се пресели во МОЛ тој го носеше дресот на Шкендија, Вардар и Ренова.


Лидс доведува директна замена за Алиоски

Лидс Јунајтед е пред потпис со играчот на Барселона, Џуниор Фирпо, тврдат медиумите од Италија кои најавија дека Милан извиси на трансфер маркетот.

Милан инсистирал на позајмица, но Лидс Јунајтед е поблиску до договор, откако понудиле 15 милиони евра плус бонуси.

25-годишниот Фирпо запиша 18 натпревари за Барселона изминатата сезона, игра на позицијата лев бек што уште повеќе ги подгрева шпекулациите дека Езгјан Алиоски нема да продолжи со Лидс на „Еланд Роуд“.


Андонова уште една година во Леванте

Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, го продолжи договорот со Леванте на уште една година.

Ова го соопшти женскиот фудбалски клуб на Леванте, и истакна задоволство што Андонова останува во тимот уште најмалку една сезона.

Андонова во 2019. година дојде во Леванте од Барселона, а претходно играше за ПСЖ, Розенгард и Турбине Постдам.