Белгија во проблеми пред четвртфиналето со Италија
Непријатни вести за навивачите на Белгија, откако двајца клучни играчи се повредени и нема да настапат на четвртфиналниот дуел.
Селекторот Роберто Мартинез изјави дека Еден Азар и Кевин Де Брујне се повредени и нема да настапат на 2. јули против Италија.
Според процените на лекарскиот тим, двајцата ќе бидат на располагање на селекторот Мартинез доколку Белгија ја мине Италија и се пласира во полуфиналето.
Дуелот Италија и Белгија се игра на 2 јули на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Со асистенција против Франција испиша историја на ЕУРО
Швајцарскиот фудбалер Стевен Зубер со асистенцијата за погодокот на Харис Сеферовиќ во 15. минута од натпреварот помеѓу Франција и Швајцарија постави рекорд на европските првенства.
Таа асистенција беше четврта за него на ова ЕУРО, а ниту еден фудбалер досега немал повеќе на едно европско првенство откако се бележи тој податок.
До првите три асистенции стигна на натпреварот против Турција, кога ги „намести“ сите три погодоци на неговата репрезентација.
Белерин е замената за Хакими во Интер
Интер е заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Нероаѕурите“ постигнаа договор со ПСЖ за продажба на Хакими, а во Белерин гледаат идеална замена за Мароканецот. 25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.
Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Челзи го позајми Гилмор во Норвич
Играчот за врска на Челзи, Били Гилмор, се согласи во наредната сезона да биде испратен на позајмица во Норвич.
Шкотланѓанецот ќе биде подложен на лекарски прегледи откако ќе му помине карантинот бидејќи во изминатиот понеделник даде позитивен резултат на корона-вирус. Карантинот ќе му истече в четврток.
20-годишниот кој беше избран за играч на натпреварот против Англија во групната фаза на Евро 2020, во претходната сезона одигра 11 натпревари за „сините“ од кои пет беа во Премиер лигата.
Умтити по никоја цена не сака да си замине од Барса
Односите меѓу дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити и управата на клубот ескалираат. На крајот на сезоната, шефовите на Барса му порачаа на Французинот дека треба да бара нов клуб.
Фудбалерот, пак, планира да остане во Барселона до истекот на сегашниот договор и нема намера да прифати понуда од друг клуб. Покрај тоа, Барса сака да преговара со играчот за намалување на платата, но тој нема да се согласи.
Управата на клубот веќе е уморна од позицијата на фудбалерот по ова прашање. Можно е да бидат преземени строги мерки против него доколку тој сепак одлучи да остане во тимот. Можна е и варијанта со раскинување на сегашниот договор, но Барса сака да се договори со Умтити на пријателски начин.
Де Бур ќе добие отказ, Холандија бира нов селектор
По поразот од Чешка во осминафиналето на Европското првенство, актуелниот селектор на Холандија, Франк де Бур може да добие отказ.
Според информациите, раководството на Холандската федерација уште синоќа било подготвено да му соопти на Де Бур дека соработката ќе биде прекината. Многу членови на управниот одбор на холандската фудбалска федерација се незадоволни од работата на селекторот, и гневни на за синоќешниот пораз во осминафиналето, каде „лалињата“ влегоа како големи фаворити.
Договорот на Меси со Барса истекува за два дена
Во сенка на Европското првенство и Копа Америка, најголемите клубови полека се подготвуваат за новата сезона.
Најнеизвесно е во Барселона, која и понатаму не знае што ќе биде со Лионел Меси, односно за тоа малку се зборува. Марка објави драматичен текст во кој пишува дека на ѕвездата на Барса договорот му истекува во среда на полноќ и дека во клубот веќе владее паника.
„До 30. јуни останаа уште два дена. Доколку нешто не се промени, Меси ќе стане слободен играч, што никој на Камп Ноу не сака да се случи. Лапорта со денови работи на тоа Меси ниту секунда да не помине како слободен играч. Проговорите траат веќе доста долго и наводно се во финална фаза, но капитенот се уште не одлучил. Лапорта се надеваше дека ќе се објави продолжувањето на соработката за роденденот на Меси, но тоа не се случи. Доколку потпише нов договор, тоа ќе биде на две години.“ – пишува Марка.
Додека Лапорта е зафатен со неговиот договор, Меси е на Копа Америка, каде ќе ја предводи Аргентина против Боливија, а неговата репрезентација веќе обезбеди пласман понатаму, па можно е селекторот да го одмори.
Меси за тоа време би можел да го реши својот договор со Барселона, каде за 21 година освои 35 трофеи. ПСЖ пројави интерес за неговиот потпис, но засега најреално е дека тој ќе остане во Барселона.
Повредата на Де Брујне е сериозна, дали за него заврши Европското првенство?
Еден Азар и Кевин Де Брујне се повредија на вчерашниот меч со Португалија на Европското првенство и засега нема информација колку ќе отсуствуваат од фдубалските терени. Особено е сериозна состојбата со скочниот зглоб на фудбалерот на Манчестер Сити, чии шанси за понатамошен настап на ЕП се минимални.
„Веројатно ќе ни требаат 48 часа за да констатираме за каква повреда станува збор и кај Кевин и кај Еден“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. „Како што е моментно глуждот на Кевин Де Брујне, изгледа лошо. Ќе видиме. Во овој момент не сме добиле никаква медицинска дијагноза од медицинскиот оддел“, изјави селекторот на „црвените ѓаволи“.
„Кралевите“ се распрашуваат за Дани Олмо
Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација. Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блескаше оваа сезона, па сега е стандарден член на шпанската репрезентација.
Лајпциг нема намера да се откаже од услугите на 23-годишниот Олмо за сума помала од 50 милиони евра, па „кралевите“ ќе треба да го одврзат паричникот.
Главна мета на Реал Мадрид ова лето е Килијан Мбапе, а доколку не успеат да го реализираат тој трансфер ќе се насочат кон Дани Олмо.
Де Хеа се повреди на тренинг, го пропушта осминафиналето против Шпанија
Голманот на Шпанија, Давид де Хеа, по се изгледа нема да брани на денешниот осминафинален меч на Европското првенство 2020 со репрезентацијата на Хрватска. Шпанскиот фудбалер бил принуден предвреме да го заврши последниот тренинг поради проблеми со нозете.
„Де Хеа доживеа непријатност во задниот дел на левата нога за време на тимска сесија. Како резултат на првичниот преглед, играчот покажа мала повреда на мускулите на бутот“, велата од шпанската репрезентација.