фудбал

Нзонзи, Фацио и Сантон не се дел од плановите на Мурињо во Рома

Жозе Мурињо одлично ја започна сезона на кормилото на Рома и победи на првите четири натпревари во Серија А и Конференциската лига.

„Специјалниот“ сакаше да го да го растовари клупскиот буџет и да се ослободи од четворица фудбалери. Еден од нив Хавиер Пасторе го напушти клубот, додека останатите тројца, Стивен Нзонзи, Давиде Сантон и Федерико Фацио се уште се во Рома.

После завршувањето на преодниот рок Мурињо го загуби трпението, па ги избрка тројцата фудбалери од тимот да тренираат одвоено. Исто така клубот најави дека не тројцата ќе им бидат намалени платите.

Нзонзи ги одби понудите на Монпелје и Бордо, Сантон не сакаше да се пресели во Венеција, додека Фацио го одби Кадиз.


Солскјер го стопирал заминувањето на Ван де Бек од „Олд Трафорд“

Агентот на Дони ван де Бек го обвини Манчестер Јунајтед дека го блокирал трансферот на неговиот клиент.

Поранешниот фудбалер на Ајакс им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во септември во 2020 година за 35 милиони фунти плус 5 милиони како бонуси, но, не се наметна кај тренерот,  Оле Гунар Солскјер. Тој имаше само 36 настапи и главно влегуваше од клупата за резерви.

Ван де Бек беше поврзуван со трансфер во Евертон, но,  норвешкиот тренер го „блокирал“  трансферот. Затоа неговиот агент, Гвидо Алберс, објаснува дека  Дони сака да игра редовно и дека не е задоволен од статусот.


Горњик Забрзе е новиот клуб на Давид Тошевски

Македонскиот младински репрезентативец, Давид Тошевски во последниот ден од преодниот рок заврши во Полска. Тој е испратен на нова позајмица од руски Ростов и во новата сезона ќе игра во полската фудбалска елита.

Тошевски ќе го носи дресот на Горњик Забже. Интересно е што во овој клуб од пред неколку месеци настапува и славниот Лукас Подолски.


Торган Азар се повреди и нема да игра во репрезентативниот ФИФА прозорец

Торган Азар нема да учествува на претстојните квалификации за СП во дресот на Белгија поради повреда.

28-годишниот играч за врска беше вклучен во националниот тим за натпреварите со Естонија, Чешка и Белорусија, но е повреден. Азар не е во состојба да настапи и го напушти кампот по утринскиот тренинг. Играчот е планирано да го продолжи закрепнувањето со Борусија Дортмунд, објави денеска белгиската фудбалска федерација.

Торган Азар има 8 гола на 39 натпревари за Белгија и беше дел од тимот што летово стигна до четвртфиналето на Европското првенство.


Ристовски: Благодарност до селекторот и Пандев што ја добив капитенската должност

Стефан Ристовски кој ја презеде капитенската лента по заминувањето на Горан Пандев, вели дека тоа е за него голема чест.

„Сакам уште еднаш јавно да се заблагодарам на капитенот Горан Пандев. Тој треба да биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Секако, голема благодарност и до селекторот што ми дава доверба да бидам предводник. Имаме промени, нема многу време, доволно сме професионални за да продолжиме каде што застанавме. Се надевам на позитивен резултат и убав нов почеток“, изјави Ристовски.


Барди: Ние сме како семејство, оваа селекција има повеќе лидери

Фудбалерот на Леванте и наш репрезентативец, Енис Барди добро ја почна сезоната за својата екипа, играше на сите контролни и официјални натпревари, а против Ерменија, Исланд и Романија треба да биде главен оргханизатор на играта во средниот ред на нашата репрезентација.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација и за другарството кое го имаме тука. Секогаш кога ќе добиеме повик, едвај чекаме да дојдеме тука. Дел од нас доста години се заедно, 90% сме истите играчи. Добро се познаваме и знаеме што направивме низ изминатите години додека сме тука. Клучните играчи сме сите, нема тука поединци. Ова е едно семејство во кое сите сме важни. Така треба да мислиме и понатаму. Се што помина мора да оставиме зад нас и да живееме во моментов. Ерменија има многу добра репрезентација, со овој селектор променија доста работи во тимот. Но, ние ќе се фокусираме на нашата работа и што треба ние да правиме како и секогаш. Секој меч е многу важен и тежок да се победи, поразлично ништо не треба да дадеме, ние го знаеме нашиот квалитет и кои сме, само тоа да го покажеме на терен и да ги исполниме задачите на селекторот“, изјави Енис Барди.


Влашиќ потпиша за Вест Хем за 27 милиони евра

Никола Влашиќ го комплетираше трансферот во Вест Хем. Влашиќ стана четвртиот најскап хрватски фудбалер во историјата и за 27 милиони евра се пресели во Премиер лигата.

Влашиќ одигра фантастична сезона во ЦСКА Москва и беше избран за најдобар фудбалер во руската лига.

Долго се поврзуваше со трансфер во Милан, но „росонерите“ не беа спремни да ја платат сумата која ја бараше рускиот клуб.

На крајот Вест Хем се согласи да плати 27 милиони евра и Власиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.


Преку Инстаграм бараше да замине, па договори останување во клубот

Фудбалерот на Арсенал, Ејнсли Мејтланд-Најлс договори останување во клубот, иако претходно на својот Инстаграм профил јавно порача дека сака да ја промени средината.

Десниот бек беше желба на Евертон да биде доведен на позајмица, но Арсенал тоа го одби, иако Артета се помалку смета на 24-годишникот.

„Само сакам да отидам некаде каде што ме сакаат и каде ќе играм.“ – напиша Мејтланд-Најлс на Инстаграм, означувајќи го официјалниот профил на Арсенал.

Скај Спортс објави дека 24-годишниот фудбалер одржа состанок со клубот и договори дека ќе остане барем до јануари. Тој разговараше и со тренерот Микел Артета, а тема на истиот беше објавата на социјалните мрежи.

Во клубот се разочарани од ваквиот потег на играчот, но проблемот беше решен, по што се договорија заедно да се фокусираат на она што ги очекува.

Арсенал беше подготвен да го ослободи ова лето, но понудата од Евертон беше прениска.


Беше ѕвезда на Арсенал, сега тренира со италијански второлигаш

Џек Вилшер пред нешто помалку од десет години беше еден од најперспективните играчи за врска на светот. Беше клучен играч на Венгеровиот Арсенал и иднината на англиската репрезентација, а колку беше добар фудбалер, говори и тоа што Пеп Гвардиола сакаше да го доведе во Барселона.

Сепак, Вилшер не успеа да реализира ниту половина од својот потенцијал, воглавно поради повреди, а сега од Италија пристигнуваат уште бизарни вести поврзани со него.

Имено, Вилшер во моментот тренира со второлигашот Комо, кој минатата сезона играше во трета лига. Сепак, тој нема да може да заигра за клубот поради политичката одлука на Велика Британија. Со излегувањето на неговата држава од Европската унија, тој се води како играч надвор од ЕУ, па италијанските второлигаши не можат да го регистрираат ако нема работно искуство во Италија.


Лајпциг го промовираше засилувањето од Барселона

Екипата на Лајпциг официјално го промовираше засилувањето од Барселона, Илаиш Мориба кој доаѓа во германскиот тим откако штрајкуваше и одлучи да не го продолжи договорот со Барса, па каталонците беа приморани да продаваат.

Во Лајпциг тој се очекува да биде замена за Сабицер, кој претходно потпиша за Баерн Минхен.

Барселона велеше дека за Илаиш Мориба на кој му истекуваше договорот по крајот на сезоната бара меѓу 15 и 20 милиони евра.

Но, Тотненхем и Лајпциг наддаваа, па на крајот Барса доби и повеќе од што очекуваше.

Германскиот клуб ќе плати 16 милиони евра, плус 6 милиони евра во бонуси, а ќе добие и 10 проценти од евентуалниот следен трансфер на Илаиш.