фудбал

Пол Погба не е добредојден во ПСЖ!

Пол Погба е еден од најбараните играчи во овој преоден рок. Веќе подолго време е јавна тајна дека тој сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но клубот од Олд Трафорд ја чека вистинската понуда.

Една од најчесто споменуваните опции беше францускиот ПСЖ. Сепак, се чини дека Погба ги затвори вратите на најбогатиот француски клуб, а откриено е и зошто.

Играчот за врска на Јунајтед во интервју за француски Канал + коментираше за интересот на Парижаните: „ПСЖ? Не сум сигурен, не се гледам себеси таму. Причината се моите родители. И мајка ми и татко ми се навивачи на Марсеј”.

Навивачите на ПСЖ веднаш реагираа на споменувањето на нивните најжестоки ривали. Пред Паркот на принцовите, тие објавија голема порака во која се вели: „Погба, слушај ја мајка ти. Таа не те сака тука, а не те сакаме ни ние!”


Готово е – Мбапе го напушта ПСЖ!

Шпанскиот весник „Марка“ ја донесува веста дека Килијан Мбапе донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Најчитаниот шпански медиум пишува дека напаѓачот го известил раководството на ПСЖ дека нема да го продолжи договорот и дека е време за нови предизвици во неговата кариера. Наводно, Мбапе на тренерот Покетино му рекол дека нема да форсира заминување ова лето, но не планира да остане во Париз и наредната сезона, кога му истекува договорот.

За очекување е дека ПСЖ ќе се обиде да го продаде најскапиот играч на светот како не би го загубил без отштета. Посебен интерес за него покажаа Реал Мадрид и Ливерпул, а според „Трансфермаркт“, вредноста на Мбапе се проценува на 160 милиони евра.


Гигс се соочува со затворска казна од пет години?!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и некогашен репрезентативец и селектор на Велс, Рајан Гигс, се соочува со закана од затвор до пет години.

Велшанецот е обвинет за нанесување телесни повреди на неговата поранешна девојка Кејт Гревил ноќта на 1 ноември 2020. година. Подоцна истата вечер, тој физички ја нападнал жената која била на дваесетина години, а за среќа поминала без повреда.

Гигс е во врска со Кејт Гревил од 2017. година. Врската започнала кратко откако се откри дека тој со години ја изневерувал сопругата на својот брат – Стејси. Исто така, тој беше обвинет за заканувачко однесување врз неговата поранешна девојка од декември 2017. година до ноември 2020. година.

Обвинителството покажа видео пред судот, на кое се гледа како Гигс ја шутира својата поранешна девојка во грб и ја исфрла гола од хотелската соба.


Рома ќе испрати нова понуда за Ленгле

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталонски „Спорт“. Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната и Французинот е прво име на неговиот список.

Рома испратила прва понуда од 15 милиони евра, која Барселона ја одбила. Барселона е спремна да се раздели со дефанзивецот, но за неговата слобода бара 25 милиони евра.

Рома не се откажува и спрема нова понуда, па преговорите помеѓу двата клуба ќе продолжат во следните денови.


Холанѓанецот Мален е замената за Санчо во Дортмунд

Германскиот фудбалски состав, Борусија Дортмунд, успеа да го купи крилниот офанзивец на холандскиот ПСВ Ајндховен, Дони Мален.

„Милионерите“ за неговите услуги платија скромни 30 милиони евра. Тој треба да биде замена за Џејдон Санчо кој се упати во редовите на Манчестер Јунајтед.

Младиот играч во текот на денов треба да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот до 2025 година.


Влаховиќ постигна СЕДУМ гола за едно полувреме!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна дури седум гола за едно полувреме во победата на Фиорентина над Фолињо на подготвителниот натпревар кој заврши со резултат 11:0.

Влаховиќ доминираше на дуелот против  нисколигашот и уште еднаш покажа завиден голгетерски квалитет, на крајот постигнувајќи неверојатни седум погодоци, и тоа за само 45 минути.

Само за две минути во продолжението, 21-годишникот од Белград постигна два гола, па уште еден во 55-та, па во 68-та, 71., 78. и потоа во 80. минута, со што го комплетираше изданието што ќе го памети.

За потсетување, иднината на Душан Влаховиќ во Фиренца е се уште под знак прашалник. Поранешниот фудбалер на Партизан има договор со Фиорентина до 2023. година, а неговата вредност е проценета на 40 милиони евра.


Челзи се откажува од Халанд за да потпише со Лукаку

Ромелу Лукаку може да се врати во Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.

Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Меѓутоа, Норвежанецот е премногу скап, па Челзи сега ќе се сврти кон Ромелу Лукаку, а тренерот Тухел веќе дал зелено светло за трансферот.

Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и беше најзаслужен за освојување на шампионската титула. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Челзи ќе се обиде да ги искористи и веќе стапил во контакт со агентите на Лукаку.


Алиоски потпиша за клуб од Саудиска Арабија за висока годишна плата

Вчера стигна потврда дека македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли. Пред некој ден медиумите најавија дека Алиоски има понуда од Саудиска Арабија, а вчера стигна потврда дека македонскиот репрезентативец ја прифатил и кариерата ќе ја продолжи во Ал Ахли.

Алиоски е слободен агент откако му заврши договорот со Лидс, а со Ал Ахли ќе потпише 2-годишен договор тежок вкупно 5 милиони евра.


Хаман: Санчо е најдобро крило во светот

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед конечно успеа да дојде до големата трансфер цел, потписот на англискиот репрезентативец Џејдон Санчо.

Некогашниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман се одлучи да го искоментира овој трансфер кој според него е бомба затоа што Санчо за него е најдоброто крило на светот.

„Ова е голема сезона за Солскјер и Јунајтед, очекувам Санчо да биде ѕвезда на „Олд Трафорд“. Ретко сум видел крилен напаѓач кој може толку лесно да го реши противникот, тој го спушта рамото и само минува покрај дефанзивците. Санчо исто така може да ги „запали“ Рашфорд и Погба“, порача Хаман.


Ливерпул понудил 100 милиони за Киеза, Јуве без размислување одбил

Јувентус одбил понуда од 100 милиони евра за Федерико Киеза. Напаѓачот минатата година пристигна во Јувентус како позајмен играч од Фиорентина, а клубот од Торино има можност да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.

Младиот офанзивец во минатата сезона ги покажа своите квалитети и постигна 15 голови вио 46 настапи. Одлични настапи Киеза продолжи да прикажува на Европското првенство и беше еден од најдобрите играчи на Италија со која стигна до европското злато.

Ако Јувентус ја прифател понудата од Ливерпул тогаш Киеза ќе станел вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата после Пол Погба кој за 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.