фудбал

Испратена нова понуда – Хари Кејн ќе биде најскап фудбалер во Англија!

Репрезентативецот на Англија, Хари Кејн е пред трансфер во Манчестер Сити, откако Тотенхем ја прифатил најновата понуда од 160 милиони фунти, јавуваат англиските медиуми.

Кејн ќе добие четиригодишен договор со плата од 400 илјади фунти неделно, со што ќе стане најскапоплатен играч од Англија на сите времиња.

Манчестер Сити покрај Кејн се очекува да го ангажира и Џек Грилиш од Астон Вила, за кој ќе треба да плати околу 100 милиони фунти.


Судија во Боливија „проголтан“ од песочна бура! (видео)

На социјалните мрежи се појави видео со неверојатни сцени од фудбалски терен. Тоа се случи во боливиски Ла Паз, а пред самиот почеток на натпревар помеѓу локални нисколигаши се спушти силна песочна бура.

Коментаторот драматично коментираше, а фудбалерите се уплашија и бегаа. Единствен кој не реагираше беше главниот судија на натпреварот, кој буквално беше „проголтан“ и не можеше да се види неколку секуни. За среќа, помина без посериозни повреди.

Боливиските медиуми бурата ја опишаа како „песочен ѓавол“, а се работи за природен феномен кој е прилично чест во тој дел од светот. Познат е и како мал торнадо, со оглед на тоа што најчесто не предизвикува голема материјална штета.


Турски и руски клубови го сакаат Диего Годин

Диего Годин потврди дека добил понуди од руски и турски клубови.

„Имам уште една година според договорот со Каљaри, плус можност за продолжување на уште една година. Следната недела ќе се вратам на Сардинија на претсезонски тренинг. Претседателот рече дека клубот доживува одредени економски потешкотии, затоа сите играчи се ставени на продажба.

Пред две-три недели клубот доби понуда од Русија, плус друга од Турција, но никој не ми се јави директно за да ми даде детали. Мислам на луѓето од Каљари“, рече Годин.

Динамо Москва му даде предлог на Каљари за трансфер на централниот дефанзивец. Рускиот клуб му нуди на Годин тригодишен договор со плата од околу 4 милиони евра. Минатата сезона, Годин одигра 28 натпревари за Каљари и постигна еден гол. Дефанзивецот е капитен на уругвајската репрезентација и има одиграно 146 натпревари за својата земја.


Барди ќе биде новата „десетка“ на Милан?!

Заминувањето на Чалханоглу во Интер остави голем простор во составот на Пиоли во однос на позицијата креативен играч за врска, а според медиумите во Италија, изборот на спортскиот директор Паоло Малдини е Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец има договор со Леванте до крајот на следното лето и поради ова во моментов е достапен за сума околу 25 милиони евра.

Милан за Барди нуди 15 милиони евра плус бонуси, но засега Леванте бара 25 милиони евра плус 5 милиони евра во случај Милан да се пласира во Лигата на шампионите, или пак да стане првак во Италија.

Барди е трансфер цел на повеќе тимови од Европа, меѓу кои се Лидс, Виљареал и Валенсија.


Интер ризикува бесплатно да го загуби Брозовиќ

Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката. Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и бараат од Хрватот да ја продолжи соработката со истата плата која ја добива во моментов.


Анчелоти не сака да слушне за заминување на Винициус

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е против продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор во Манчестер Јунајтед.

Анчелоти верува дека Винисиус ќе стане клучен играч во тимот во новата сезона. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед ќе го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Реал сака да добие најмалку 68,5 милиони фунти (80,4 милиони евра) за Винисиус. Манчестер Јунајтед не е подготвен да плати таква цена за бразилскиот напаѓач, па затоа е поверојатна опција за позајмица.

Винисиус Жуниор се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго. Минатата сезона, 21-годишниот бразилски напаѓач одигра 35 натпревари во шпанскиот шампионат, постигна три гола и три асистенции. Тој исто така постигна 3 гола на 12 натпревари во Лигата на шампионите.


Баерн тргнува по младата ѕвезда на Барселона

Германскиот фудбалски првак, Баерн Минхен посакува до крајот на летниот рок да го договори трансферот на Серхи Роберто од Барселона, пренесува шпанскиот весник „Ас“.

Новиот тренер на „Баварците“, Јулијан Нагелсман верува дека Роберто може да биде од голема корист во екипата од која постои можност наскоро да си замине Леон Горецка.

Роберто има договор со Барселона до јуни идната година, поради што е достапен за помалку од 30 милиони евра.

Баерн Минхен планира да достави понуда за едногодишна позајмица со обврзувачки откуп следното лето.


Добил понуда да стане селектор, но Конте не сака да води репрезентација

Италијанецот Антонио Конте е во потрага по нова работа откако реши да се раздели со Интер по завршувањето на последната сезона во Италија.

Медиумите од Апенините пренесуваат дека Конте веќе добил конкретна понуда од фудбалската федерација на Холандија за селекторската позиција на А тимот.

Од друга страна Луј Ван Гал е фаворит за селекторското столче на „Лалињата“, но проблем е тоа што поголем број од актуелните репрезентативци се противат на овој избор.

Поради ова, постои можност Конте да дојде во прв план, но Италијанецот повеќе преферира да работи во клуб отколку во репрезентација.


По Арсенал, и Интер ја откажа турнејата во САД

По англискиот премиерлигаш Арсенал, сега и италијанскиот шампион Интер ја откажа претсезонската турнеја во Соединетите Американски Држави бидејќи се загрижени поради пандемијата на коронавирусот.

Арсенал во вторникот објави дека се откажува од патување во САД на турнирот поради низа позитивни случаи на КОВИД-19 во клубот.

Арсенал требаше да настапи на Флорида Куп, а во текот на турнејата во САД да одигра и два натпревари, првиот против Интер, а потоа против Евертон или Милионариос.

Меѓутоа, настапот на овој турнир го откажаа и Италијаните.

„Интер нема да патува во САД на Флорида Купот поради моменталниот ризик вклучен во меѓународниот патувања како резултат на ширењето на пандемијата.“ – стои во соопштението на клубот од Сан Сиро.


Италијански калчолигаш има 15 заразени со КОВИД-19!

Коронавирусот целосно влезе во соблекувалната и клупските простории на италијанскиот калчолигаш Специја. Пред некоклку во клубот имаше 11 заразени играчи и луѓе од клубот, а сега се 15.

Италијанските медиуми пишуваат дека еден фудбалер и тројца луѓе од клубот биле позитивни на последните тестови.

Пред неколку дена, главниот лекар на калчолигашот потврди дека причина за состојбата во клубот се двајца играчи кои одбиле да примат вакцина.

На прашањето како тоа можело да се случи, Винченцо Салини откри дека причината се токму играчите.

„Им осигуравме прва доза од вакцината, но двајца играчи одбија да примат вакција бидејќи се сметаат за антиваксери. Тогаш дојде до зараза во клубот. За среќа, сите се чувствуваат добро.“- изјави Салини.