фудбал

Англичаните апсат за расизам врз фудбалските репрезентативци

Во Англија се уапсени пет лица поради расистички навреди на англиските репрезентативци после финалето на Европското првенство, кое „Гордиот Албион“ претрпе пораз на пенали од Италија.

Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, кои не беа прецизни во пенал серијата се најдоа на мета од расистички навреди на социјалните мрежи. Стотици луѓе отишле предалеку и покрај пораки на социјалните мрежи на фудбалерите им се јавувале на телефон, упатувајќи им закани.

„Ако утврдиме дека зад сево ова стои злосторство ќе мора лицата да се соочат со сериозни последици“, рече началникот Марк Робертс, кој најави дополнителна истрага за целиот случај.

Зад тројцата фудбалери застана целата англиска јавност, која покажа решителност за ставање точка на навредите на расна основа.


Тотенхем ја пронајде замената за Кејн

Тотенхем  ќе се обиде да го доведе Душан Влаховиќ доколку  Хари Кејн го напушти клубот во овој преоден рок, тврди „Ла Газета дело Спорт“.

Влаховиќ минатата сезона постигна 21 гол на 37 првенствени настапи за Фиорентина и лондонскиот клуб верува дека тие би можеле да добијат добар напаѓачки перформанс од него и дека во следните сезони, бидејќи има само 21 година, може многу да напредува.

Се наведува дека Фиорентина бара минимум 60 милиони евра за српскиот интернационалец.


Марез: Не постои поорганизиран клуб од Манчестер Сити

Репрезентативецот на Алжир Ријад Марез нема намера да го напушти Манчестер Сити и воопшто не размислува на таа тема.

Марез во 2018 година од Лестер премина на „Итихад“ и со „граѓаните“ освои повеќе титули, но изостана трофејот во Лигата на шампионите. Сепак, за него не постои клуб кој е на повисоко ниво од Манчестер Сити.

„Каде да одам за да бидам на повисоко ниво? Не гледам клуб кој во овој момент е повисок оод Сити. Не сакам да одам во друго првенство, англискиот фудбал е фантастичен. Немам намера да заминам, имам цели со клубот кои сакам да ги остварам. Прилагодувањето на стилот на Гвардиола не беше лесно, меѓутоа денес сите можат да ја видат нашата одлична врска“, изјави Марез.


Манчестер Јунајтед ги претстави новите дресови

Манчесетер Јунајтед официјално го претстави домашниот дрес во кој ќе играат наредната сезона.

После разните комбинации во нијанси на црвена боја со црни детали, Јунајтед се одлучи за потполно ретро варијанта на дрес како што тимот носел во седумдесетите години. Маркус Рашфорд, Бруно Фернандеш и другите ѕвезди ќе играат во потполно црвени дресови со бели рабови на ракавите. Гаќичките ќе бидат бели, а штуцните црни со бели детали.

Главниот спонзор на клубот од следната сезона е германската ИТ компанија „TeamViewer“, па тоа ќе биде рекламата која ќе стои на дресот во наредните пет години, за кои клубот ќе добие 250 милиони фунти, односно 48 милиони по сезона. Компанијата има сино-бело лого, но за потребите на Јунајтед комбинацијата е во целосно бела боја.

https://twitter.com/ManUtd/status/1415581967484084226



Лаутаро Мартинез побара заминување од Интер

Иднината на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, е неизвесна. Клубот нема желба да го продаде Аргентинецот иако тој ги разгледува најдобрите опции за неговата кариера, тврди весникот – „Кориере дело Спорт“.

Главна причина за шпекулациите за евентуален трансфер на напаѓачот е лошата финансиска состојба на екипата од Милано.

Ќе потсетиме дека „нероаѕурите“ деновиве му го продадоа Ашраф Хакими на Пари Сен Жермен.


Премиерлигашите бараат промени во ВАР-системот

Клубовите од Англија побараа од раководството на Премиер лигата да го промени начинот на користење на ВАР системот по примерот на Европското првенство.

Англиските судии, кои беа на Евро 2020, набрзо ќе се сретнат со колегите за да дискутираат за прилагодување на ВАР одлуките. Истражувањето меѓу навивачите во Англија покажа дека повеќето проценуваат дека ВАР ја прави играта неатрактивна со многу прекини.

Претседателот на Комисијата за судии на УЕФА, Роберто Росети, исто така, апелираше до раководството на Премиер- лигата да се користи ВАР системот само во случај на очигледни грешки на главните судии.


Спартак Трнава целосно го откупи договорот на Милан Ристовски

Милан Ристовски од денес и официјално е играч на Спартак Трнава.

Спартак Трнава не објави за која сума го откупила договорот на македонскиот репрезентативец, но потенцираше дека Ристовски е најскапото засилување во нивната клупска историја.

„Среќен сум што трансферот се заврши после неколку недели преговори. Горд сум што повторно ќе бидам дел од Спарта, сите знаат колку клубот ми помогна да се вратам во форма, благодарен сум за довербата, Се надевам на добра сезона затоа што сум гладен за успех и голови“, изјави Ристовски.

Дека трансферот е најскап во историјата на Спартак потврди директорот Милан Цунинка.


Милан го доведе Жиру за само милион евра

Оливие Жиру е нов играч на Милан, јавува новинарот Фабрицио Романо.

Сите договори се веќе потпишани, а францускиот напаѓач го очекуваат медицинските прегледи и официјалното претставуваање. Потпиша договор на две години, додека Челзи од трансферот ќе добие милион евра, со можност за уште еден милион преку бонуси.

Жиру за Челзи настапи на 119 натпревари и постигна 39 погодоци. Ова лето беше во втор план во француската репрезентација поради враќањето на Карим Бензема, но со години беше важен играч во плановите на Дидие Дешамп. За Франција заигра 110 пати, постигнувајќи 46 погодоци.


Робен повторно ја заврши фудбалската кариера

Арјен Робен по втор пат објави дека се збогува од играчката кариера. Прв пат тоа го направи пред две години, откако го напушти Баерн Минхен, но година дена подоцна се врати во Гронинген.

„Драги фудбалски фанови, одлучив да ја завршам својата кариера. Многу тешка одлука. Сакам да им се заблагодарам на сите на топлата поддршка.“– објави Робен.

Тој во кариерата настапуваше за Гронинген, ПСЖ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, со кого во 2013-та година ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Борусија Дортмунд.


Челзи понудил 100 милиони евра за ѕвездата на Јуве – понудата одбиена!

Новинарот на германски Билд, Кристијан Фалк објави дека Челзи понудил 100 милиони евра за Федерико Киеза од Јувентус, но клубот од Торино ја одбил таа понуда.

Тоа е најголема понуда во овој трансфер период која е објавена од медиумите, а може да се верува дека е вистинска бидејќи Фалк важи за еден од поугледните германски новинари.

Киеза во германските медиуми е интересен во последните десетина дена, откако Баерн покажа интерес за негово доведување, но очигледно е дека сумата која се споменува е далеку повисока од онаа што Баерн е подготвен да ја плати.

Треба да се нагласи исто така дека ова е прва понуда на Челзи. Се очекува да се вратат на адреса на Јувентус со нова понуда за ѕвездата која беше одлична во дресот на Италија на ЕУРО.