фудбал

Иниеста го продолжи договорот со јапонскиот Висел Кобе

Андрес Иниеста ќе продолжи да игра за јапонскиот тим Висел Коби.
Според прес-службата на јапонскиот клуб на Твитер, договорот со фудбалерот бил продолжен до 2023 година. Во исто време, денес, 11 мај, Андрес Иниеста го слави својот роденден и полни 37 години.
Иниеста се приклучи на Висел Коби летото 2018 година од Барселона како слободен агент. Договорот на фудбалерот со јапонскиот клуб траеше до крајот на 2021 година. Играчот за врска играше за Каталонците од почетокот на својата кариера. Со оваа екипа тој стана шампион на Шпанија девет пати, шест пати го освои Купот на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите и стана сопственик на други трофеи. Со ова само се потврди тоа дека Иниеста ќе продолжи да игра фудбал уште најмалку една година.


Ден по катастрофалниот пораз, Роналдо не беше на тренингот на Јувентус (фото)

Јувентус во неделата загуби со 3:0 од Милан во 35. коло на Серија А и падна на петтото место во лигата. Торинскиот клуб сериозно „виси“ со пласманот во Лигата на шампионите идната сезона, а во случај да не се пласира, ќе забележи загуба од 90 милиони евра.
Ден по тешкиот пораз од росонерите, Кристијано Роналдо го пропушти тренингот, а причината е оправдана.
Клупскиот шеф Андреа Ањели, во друштво со неговиот роднина Џон Елкан, го одведоа Роналдо во фабриката на Ферари во Маранело. Роналдо поради тоа го прескокна тренингот во пресрет на гостувањето кај Сасуоло во среда. На тој натпревар, Јувентус не смее да киксне.
Во случај Јувентус да не избори пласман во Лигата на шампионите, многу е веројатно дека Роналдо би можел да бара нов клуб.


Мбапе даде јасен знак дека не сака да остане во ПСЖ

Килијан Мбапе се уште не го продолжил договорот со ПСЖ, истиот истекува следното лето, а „светците“ инсистираат да ја продолжат соработката. Но, францускиот репрезентативец засега е без одговор на понудата.
Парижаните инсистираат на нов договор, не штедат средства за тоа, но Мбапе сака нов предизвик и тоа во Шпанија, бидејќи француските медиуми пишуваат дека лично тој имал желба да потпише за Реал Мадрид.
Мбапе отсекогаш тврдел дека е навивач на Реал Мадрид, но доколку „кралевите“ го сакаат ова лето, ќе мора да исплатат најмалку 200 милиони евра на име отштета.


Арсенал ја состави трансфер листата за ова лето

Арсенал подготвува сериозна чистка во својот состав на лето по слабата сезона што ја играше тимот. Според „Телеграф“, се очекува да бидат продадени најмалку пет играчи. Менаџерот Микел Артета ќе добие зелено светло од управата за да ги направи потребните измени за да го врати тимот на врвот на табелата. Петмината кои ќе си заминат се Калум Чемберс, Ектор Белерин, Александре Лаказет, Давид Луис и Еди Нкетија. Агентот на Давид Луис веќе започна да бара нов тим за Бразилецот. Неговиот договор истекува и нема да биде обновен. Останатите се очекува да бидат продадени, па дури и бараат замени за нив. За да го засилат нападот, Арсенал се насочи кон Пол Онуачу од Генк. Опции за нови десни бекови се Ашраф Хакими од Интер и Тарик Лампти од Брајтон. Во составот сигурно ќе има и други нови имиња.


По 22 години се вратија во Серија А, па мораат да го менуваат сопственикот!

Салернитана успеа да избори враќање во италијанската Серија А. Овој клуб не настапувал во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал уште од 1999. година. Сепак, тие се уште не се сигурен член на лигата. Имено, сопственик на Салернитана е Клаудио Лотито. Тој воедно е и сопственик на Лацио, а постои пропис кој вели дека во иста лига не може да настапуваат два клубови кои имаат ист сопственик. Затоа Салернитана, доколку догодина сака да настапи во Серија А, ќе мора да го промени сопственикот. Италијаните очекуваат дека Лотито ќе ја продаде Салернитана до крајот на идниот месец, бидејќи веќе има заинтересирани страни. Во нејзината 102-годишна историја, ова за Салернитана ќе биде само трет настап во првата лига. Се работи за клуб за кој, помеѓу останатите, настапувале Валтер Зенга и Џенаро Гатузо.


Аријан Адеми влезе во историјата на Динамо Загреб (фото)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со Динамо Загреб ја завери 22. титула во фудбалското првенство на Хрватска, четврта титула во низа, што беше уште една потврда на доминацијата на овој клуб. Нашиот репрезентативец и капитен на хрватскиот великан се издвои во овој клуб и се запиша во историјата како првиот со десет титули освоени во дресот на Динамо во најсилната лига на Хрватска.


Хрватот Влашиќ е замена за Чахланоглу во Милан

Милан е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, Никола Влашиќ. Иднината на Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ е неизвесна, па Милан сака да донсе офанзивен играч за врска, кој е креативен. Прв избор е ѕвездата на ЦСКА Москва, Никола Власиќ кој игра фантастично во руското првенство. Власиќ може да игра на неколку позиции, како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер. 23-годишниот Хрват оваа сезона има постигнато 12 гола и 6 асистенции на 34 натпревари за ЦСКА Москва и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кавани го продолжи договорот со „ѓаволите“ од Манчестер

Манчестер Јунајтед официјално ја потврди веста дека Единсон Кавани потпишал договор со „црвените ѓаволи“ на уште една сезона. Информацијата кој беше потврдена од клубот е дека новиот договор на Кавани е до јуни 2022 година. „Во текот на сезоната, развив голема приврзаност кон клубот и сè што тој претставува за мене и навивачите. Одлично соработувам со соиграчи и целиот персонал што работат во клубот. Тие ми даваат дополнителна мотивација секој ден. Знам дека заедно можеме да постигнеме многу големи нешта. Од моментот кога дојдов, ја почувствував довербата на менаџерот. Како играч, тоа ви дава совршена можност да го покажете најдобриот фудбал за кој сте способни. Сакам да му се заблагодарам за тоа. Сè уште не сум играл пред публиката на „Олд Трафорд“ и тоа е нешто што го чекам со нетрпение”, изјави Кавани кој досега има 15 голови за Манчестер Јунајтед.


Тухел: Вернер е фантастичен, секогаш сака да даде повеќе

Фудбалерите на Челзи успеаа да поминат триумфално на теренот на Манчестер Сити откако направија комплетен пресврт и победија со 2- 1. Победничкиот гол го постигна Алонсо по асистенција на Тимо Вернер кој во последно време добива серија на критики поради слабите партии. Сепак, во негова одбрана застана тренерот, Томас Тухел. „Сите го критикуваа Тимо, но, неделава одлично се покажа во одредени ситуации. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој секогаш сака да даде повеќе со неговите спринтови“, потенцираше Тухел.


Милан сака да го врати трофејниот Анчелоти на тренерското место

Карло Анчелоти би можел да се врати во Милан. Анчелоти е вистинска легенда на Милан и најголемите успеси во тренерската кариера ги постигна на „Сан Сиро“, а потоа освојуваше трофеи ширум Европа. Италијанските медиуми тврдат дека доколку „росонерите“ не изборат пласман во Лигата на шампиони Стефано Пиоли ќе добие отказ. Прв избор на Малдини ќе биде токму неговиот голем пријател Карло Анчелоти, кој моментално седи на клупата на Евертон.