фудбал

Познат новиот ангажман на Мурињо

Легендарниот тренер Жозе Мурињо во последните неколку години нема успеси, се очекуваше многу пвоеќе од него во Манчестер Јунајтед и посебно во Тотенхем, но тој не чекаше долго на нов ангажман.
Мурињо потпиша договор со компанијата „Ток Спорт“, а ќе ги пренесува натпреварите од Европското првенство годинава како стручен коментатор.
Ова не е прв пат Мурињо да има ваков ангажман, претходно беше ангажиран за време на Мундијалот во Русија.
Останува да видиме колкав финансиски надомест ќе добие, а сигурно е дека сумата не е мала, бидејќи на споменатиот медиум ќе му донесе огромна популарност.


Заврши голготата, Толисо започна со тренинзи

Играчот за врска на Баерн, Корентин Толисо тренирал со топка, по повеќе од два месеци по операцијата на бутот, објавија од Баерн Минхен. Толисо во февруари имаше искинат мускул на левиот бут и минатата недела можеше да го одработи неговиот прв тренинг со трчање. Баерн не објави дали тој ќе биде во составот за нивниот следен натпревар на 8 мај против Борусија Менхенгладбах. Баерн ќе обезбеди рекордна деветта последователна титула во Бундеслигата со победа или доколку РБ Лајпциг загуби од Борусија Дортмунд.


Готово е! Јувентус ќе има нов тренер!

Масимилијано Алегри е во Торино, пишува Газета Дело Спорт, а со тоа се зголемија шпекулациите дека поранешниот тренер на „старата дама“ се враќа „дома“.
Јувентус е во проблеми во финишот на сезоната, главна тема е најмалку четврто место, односно пласман во Лигата на шампионите, Андреа Пирло е се уште актуелен тренер, но неговите денови во Јувентус се чини се избројани.
Газета Дело Спорт не тврди дека преговорите се во тек, но самото присуство на Алегри во Торино ги зголеми шпекулациите.
Доаѓањето на Алегри во Јуве значат лоши вести за Павел Недвед и Фабио Паратичи, кои најавија доколку овој тренер се врати во клубот, тие ќе го напуштат Торино.


Кутињо подготвува предавство, Бразилецот преговара со Евертон

Евертон покажува силен интерес за ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.
Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо. Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Таквата ситуација сака да ја искористи Евертон, кој е спремен да плати 50 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.
Кутињо сака да се врати во Премиер лигата, но овој трансфер би бил шокантен поради неговото минато во Ливерпул.


Реал го има наследникот на Модриќ во своите редови

Мартин Одегард на крајот од сезоната ќе се врати во Реал Мадрид од позајмицата во Арсенал, тврдат шпанските и англиски медиуми, кои во своите текстови наведуваат дека причина за тоа се годините на Лука Модриќ.
Капитенот на хрватската репрезентација е незаменлив во средината на кралскиот клуб, но во септември ќе наполни 36 години, па во клубот не се сигурни дали ќе може да ги издржи сите натпревари без вистински одмор. Само во оваа сезона, Модриќ за Реал Мадрид одигра 43 натпревари, односно 3.300 минути во нив.
Освен годините на Модриќ и пречестото негово користење, како причина за враќање на Одегард се споменуваат и исцрпеноста на Тони Крос, а и наведуваат дека наскоро Норвежанецот би требало да ја преземе контролата во средниот ред на Реал Мадрид. Одлуката за неговото враќање е веќе донесена и во клубот сметаат на него за следната сезона, иако Арсенал се надева дека би можеле да го имаат уште една година на позајмица, што секако не е опција за Зидан.


Поранешен фудбалер на Реал поседувал детска порнографија!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Криштоф Мецелдер делумно ја призна вината на судењето поради поседување на детска порнографија, пишува Дер Шпигел.
Поранешниот германски репрезентативец се терети дека поседувал 297 датотеки со детска порнографија и видеа, кои преку WhatsApp ги праќал на неколку жени меѓу јули и септември минатата година.
Во судот во Дизелдорф кажа дека ја прифаќа казната која му следува, а од жртвите на сексуалното насилство побара прошка. Призна дека поседувал спорни датотетки, но не 297, туку 18.
Се очекува продолжението на судењето на кое ќе се разгледаат сите нови докази кои се појавија во случајот, но засега е непознато кога ќе биде донесена конечна пресуда.


Барса го обнови интересот за Де Лихт

Дефанзивецот на Јувентус и репрезентацијата на Холандија, Матијас де Лихт, кариерата може да ја продолжи во Шпанија.
Како што објави весникот „Спорт“, Барселона го обнови интересот за 21-годишниот фудбалер. Новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта и главниот тренер на тимот Роналд Куман , кој добро го познава квалитетот на играчот кога ја водеше репрезентацијата на Холандија, сакаат да го видат Де Лихт во тимот. Во исто време, пријател на Матијас Де Лихт е играчот за врска Френки де Јонг, со кого играа за Ајакс.
Јувентус го купи Де Лихт летото 2019 година за 85,5 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 22 натпревари од италијанската Серија А (20 во стартниот состав), постигна 1 гол и 1 асистенција и доби четири жолти картони.


Ѕвезда на ПСЖ „распали“ по Гвардиола!

Манчестер Сити успеа да стигне до победа од 1:2 на гостувањето кај ПСЖ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Парижаните водеа со голот на Маркињос, но пресврт донесоа Кевин Де Брујне и Ријад Марез.
Во една ситуација, играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати направи прекршок, а Пеп Гвардиола тргна да им кажува на судиите да му дадат жолт картон. Верати тоа го слушна, по што му одговори на шпански јазик.
„Што сакаш ти? Замолчи“– распали Италијанецот, а се тоа беше снимено од микрофоните.
Реваншот се игра веќе во вторник со почеток од 21. часот на стадионот „Етихад“.


Премиерлигашите го сакаат Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах

Клубовите од Премиер лигата се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.
Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира оваа сезона со настапите во Бундеслигата.
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, а „Билд“ пренесува дека Ливерпул веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да плати 40 милиони евра.
Интерес за швајцарскиот репрезентативец покажуваат уште Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, па поради тоа „црвените“ брзаат и сакаат да ја победат конкуренцијата.


Вест Хем фаворит за потписот на Тами Абрахам

Младиот фудбалер на Челзи, Тами Абрахам, најверојатно во текот на летото ќе го напушти стадионот – „Стемфорд Бриџ“, бидејќи по доаѓањето на новиот тренер, Томас Тухел, практично се пресели на клупата за резерви.
23 годишниот напаѓач во претстојниот летен преоден рок би можел да си замине а „сините“ ја одредиле и цената за неговиот потпис која изнесува 40 милиони фунти.
Според медиумите во Англија, челниците на Вест Хем имаат намера да го ангажираат младиот фудбалер.