фудбал

Солскјер загрижен, Рашфорд на дополнително прегледи на коленото

Маркус Рашфорд синоќа одигра уште еден одличен натпревар оваа сезона и даде гол и асистенција за победа на неговиот тим од 3-2 над Ливерпул. Рашфорд асистираше на перфектен начин за голот на Мејсон Гринвуд за 1-1 во првото полувреме, а тој погоди за пресврт на мечот за 2-1 на почетокот на второто полувреме. На пет минути пред крајот на мечот, тој го напушти теренот жалејќи се на болка во коленотот. Ова го потврди Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Рашфорд ќе го мора да оди на дополнителен преглед денес за да ја проценат неговата состојба. „Рашфорд играше на врвот на нападот, десно, лево. Одлучивме дека начинот на кој тие се бранеа, тој може да менува крилните позиции, ни требаше брзина за да ги нападнеме и добро се справивме со тоа. На крајот, имаше проблем со коленото, па денес ќе помине скенер за да видиме каква е состојбата“, изјави Норвежанецот.


Навивачите на Фенер преку СМС пораки собираат средства за платата на Озил

Месут Озил и официјално стана нов играч на турски Фенербахче, а добар дел од неговата плата ќе биде платена преку навивачите, тврди претседателот на клубот Али Коч. Озил потпиша договор од три и пол години, а неделно ќе добива плата од 67 илјади евра. Со тоа, ќе добие и бонус од пет милиони евра, а тоа и понатаму е доста помала плата од таа во Арсенал. Но, и Фенербахче не е во најдобра финансиска состојба. Затоа, Коч ја започна акцијата преку која навивачите со испраќање на СМС пораки ќе можат да го поддржат клубот. Една порака донира околу 2 и пол евра на клубот, а веќе досега се испратени 160 илјади пораки. Од тоа, клубот досега заработи нешто повее од 325 илјади евра. „Се надевам дека би можеле да стигнеме до бројката од милион СМС пораки.“ – вели Коч.


Лампард доби отказ, познат неговиот наследник!

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард доби отказ а на негово место би требало да биде поставен доскорешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел. Како што пишуваат медиумите, за германскиот тренер веќе е подготвен договор до 2022. година и се чини дека во конкуренција на Масимилијано Алегри и Ралф Рангник, токму Тухел ќе биде тој кој ќе пристигне на Стемфорд Бриџ. Лампард по солидниот старт на клупата на Челзи е во слободен пад, а негова вина ќе биде и тоа што најскапите засилувања не се снајдоа баш најдобро во редовите на „сините“. Каи Хаверц и Тимо Вернер, за кои беше издвоено вистинско богатство, не оставија длабока трага во Лондон како што се очекуваше, па Челзи во моментот е дури деветти со 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед.


Маркус Турам е наследникот на Агуеро во Манчестер Сити

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Серхио Агуеро.
Еминентниот „Билд“ тврди дека Гвардиола напаѓачот го нашол во Бундеслигата, а станува збор за Маркус Турам.
23-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Гвардиола во Турам гледа идеален наследник на Серхио Агуеро, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.


Гасперини: Каде и да оди Папу Гомез, му посакувам среќа

Џанпиеро Гасперини одговори на прашањето за можен трансфер на напаѓачот на тимот Алехандро Гомез во Севиља.
„Сè уште не знам дали ќе оди во Севиља. Во секој случај, каде и да оди, му посакувам се најдобро”, рече Гасперини.
Гомез реши да ја напушти Аталанта по конфликт со тренерот. Фудбалерот нема влезено на терен од 16 декември, кога се појави како резерва на мечот од 12-то коло во Серија А против Јувентус (1-1).
Веднаш потоа се појавија информации дека има несогласувања на реалција Гасперини – Гомез кои беа потврдени токму со тоа што Гомез веќе не беше во стартниот состав на Аталанта.


Лингард го смени планот и се договори со Вест Хем

Џеси Лингард е многу блиску до трансфер во Вест Хем, пренесуваат медиумите на Островот. Агентите на Лингард се во напредни преговори со лондонскиот клуб и наводно треба да бидат договорени последните детали.
Лингард беше талент кој многу ветува, но оваа сезона не добива шанса во Манчестер Јунајтед и е спремен да ја промени средината.
Тој влезе во последната година од договорот, па Јунајтед му ја отвори вратата да си оди уште во овој преоден рок.
Се уште не се познати финансиските детали, но Лингард е блиску до преселба во Вест Хем.


Херта ги отпушти тренерот и спортскиот директор

Германскиот тим Херта Берлин денес објави дека се разделиле со главниот тренер Бруно Лабадија и спортскиот директор на клубот Михаел Претц.
„По разочарувачките резултати и негативните настани на теренот во последните неколку недели, раководството на Херта одржа состанок и донесе одлука веднаш да се раздели со спортскиот директор Михаел Претц. Тој е член на клубот скоро 25 години – прво како играч, а сега скоро 12 години како дел од управата. Бруно и неговиот тренерски персонал вложија многу во развојот на тимот и би сакале да му се заблагодариме за тоа. На крајот на краиштата, само 17 поени на 18 натпревари не ставаат во многу опасна позиција. По долго размислување, чувствуваме дека промената на главниот тренер може да му даде на тимот нов поттик. Во следните денови ќе го именуваме неговиот наследник“, објавија од клубот.


Рафаел Леао е рапер, спремен е и неговиот прв албум

Рафаел Леао, напаѓачот на италијански Милан објави на својот Инстаграм профил дека наскоро ќе излезе неговиот прв раперски албум. Напаѓачот на „росонерите“ откри дека албумот ќе го носи името „Почеток“, а премиерата би требало да биде на 29 јануари. Леао минатата година веќе се појави во еден спот. Инаку, Леао не е првиот играч од Серија А кој ќе се проба и на ова поле. Пред него тоа го направи голманот на Аталанта Пјерлуиџи Голини кој под уметичкото име „Глориус“ во 2018 година објави рап песна. Песната беше објавена само неколку часа по официјализирањето на неговиот трансфер од Астон Вила во италијанскиот куп.


Бенитез се враќа на Островото на клупата на великан!

Познатиот шпански тренер Рафа Бенитез е блиску до именување за нов шеф на стручниот штаб на шкотскиот великан Селтик, пренесуваат медиумите. Трофејниот стручњак само еден ден по напуштањето на кинески Далиан се најде во фокусот на медиумите, кои веќе го преселија на клупата на гигантот од Глазгов. Необично во целата оваа приказна е што за главен ривал во шампионатот ќе го има Стивен Џерард, со кого успешно соработуваше во Ливерпул и ја освои Лигата на шампионите во 2005. година во славното Истанбулско финале. Доколку најавите испаднат точни, Бенитез на клупата на Селтик ќе го замени Нил Ленон, а доаѓањето во Глазгов ќе биде враќање во Европ по две години од заминувањето од Њукасл.


Варан најавил заминување од Реал Мадрид

Според последните информации од Шпанија уште еден играч сака да замине од Реал Мадрид, станува збор за стоперот на овој тим, Рафаел Варан. Варан како што се пишува е незадоволен и сака нова авантура, па ќе побара нов предизвик. Во овој момент не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата. Неговиот договор истекува на лето наредната година. Ќе потсетиме претходно се пишуваше и дека Мартин Одегард побарал да си замине, Норвежанецот би можел да се пресели на позајмица во Арсенал.