фудбал

Пресврт: Шевченко ја презема полската репрезентација

Андриј Шевченко е многу блиску до потпишување договор и превземање на улогата селекторот на репрезентацијата на Полска.

Последен пат тој ја водеше италијанската екипа Џенова, но беше ослободен само два месеци подоцна, бидејќи Џенова не игра како што посакуваше раководството на овој клуб. Според информацијата објавена денес фудбалскиот сојуз на Полска ги договорил сите детали. Украинецот ќе добива 2,5 милиони евра годишно, а сумата ќе биде поделена меѓу федерацијата и спонзорите.

Шевченко сега треба да ја среди работата со Џенова, каде што има договор до летото 2024 година, иако тој доби прекин на соработката со тимот. Се очекува официјално да биде објавено на 31 јануари. Полска не успеа директно да се квалификува за Светското првенство во Катар, па ќе мора да мине низ бараж против Русија кон крајот на март.


Реал и Барса постигнале џентлменски договор на трансфер пазарот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и првиот човек на Барселона, Хуан Лапорта, направиле вербален договор за меѓусебно почитување на фудбалерите кои имаат договори.

Според весникот„Марка“, „кралевите“ и Каталонците нема да ги врбуваат играчите што имаат тековни договори со двата клуба.

Тоа не се однесува на фудбалерите кои ќе ги одработат договорите и ќе се појават на трансфер-пазарот.


Раниери пред отказ, Вотфорд бара негов наследник

Клаудио Раниери е пред отказ од менаџерското место во Вотфорд. Италијанецот ќе добие отказ кога клубот ќе најде замена за него. Ова може да се случи следната недела.

Вотфорд сака да побара тренер кој ќе дојде на местото на Раниери и ќе биде слободен во својата работа. Раководството на клубот се надева дека брзо ќе најде нов тренер за да има повеќе време да се подготви за следниот премиерлигашки натпревар против Барнли кој ќе се одигра на 5 февруари. Поразот на Вотфорд во натпреварот од 23. коло на англиската Премиер лига со Норвич ја најави оваа одлука на клубот за да се разделат од 70-годишниот тренер.

Раниери го презеде Вотфорд на 4 октомври 2021 година. За тоа време, тимот успеа да одигра 14 натпревари во сите натпрварувања, на кои претрпе 11 порази, две победи и еднаш одигра нерешено.


Њукасл Јунајтед во трансфер офанзива за Деле Али

Екипата на Њукасл Јунајтед започна со преговори за доведување на играчот од Тотенхем, Деле Али.

25-годишниот поранешен англиски репрезентативец очигледно дека не е во плановите на тренерот Конте кој е подготвен да даде зелено светло за заминување на Али од Тотенхем.

Целата ситуација будно е следена од тренерот Еди Хаиу и раководните лица од Њукасл Јунајтед кои веќе започнале првични разговори со претставници на Деле Али и ќе се обидат до крајот на месецот тој да го облече црно-белиот дрес на Њукасл. Екипата веќе успеа да се засили со Трипие од Атлетико мадрид и Крис Вуд од Барнли.


Барса ќе се обиде да го доведе Аргентинецот Таљафико од Ајакс

Продолжуваат преговорите меѓу Барселона и Ајакс за трансфер на играчот од Аргентина Николас Таљафико.

Самиот Таљафико е спремен да го напушти тимот од Амстердам и да ја прифати можноста да заигра на “Камп Ноу“.

Информациите говорат дека од Барселона се подготвени да го доведат левиот бек на Ајакс како позајмен играч додека Холандскиот гигант сака целосен трансфер и продажба.

Николас Таљафико е член на Ајакс од 2018 година и неговиот актуелен договор е со важност до 2023 година.


Вест Хем спремен да го купи Kаверт Луин

Фудбалерот на Евертон, Доминик Калверт Луин, деновиве може да добие понуда да се пресели во редовите на Вест Хем.

Весникот „Сан“ наведува дека „Карамелите“ за искусниот напаѓач  бараат 60 милиони фунти што нема да претставува проблем за „чеканите“ кои се борат за излез во Европа.

Ќе потсетиме дека во минатото и  Арсенал и Манчестер Јунајтед беа заинтересирани за Калверт.


Арсенал му нуди нов договор на Микел Артета

Раководството на Арсенал планира да му понуди нов договор на тренерот Микел Артета.

Оваа вест ја споделуваат англиските медиуми кои информираат дека желба на „топџиите“ е соработката со шпанскиот тренер да се продолжи за уште две сезони. Актуелниот договор на Артета е со важност до летото 2023 година.

Челниците на клубот од Лондон се задоволни од досегашната работа на 39 годишниот Шпанец, како и од неговиот план за подобрување на екипата во иднина.


Рома го „краде“ Луиз Фелипе од Лацио

Италијанските медиуми пренесуваат дека би можел да се случи трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“ во главниот град на Италија, Рим.

Имено, Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Лацио, Луиз Фелипе, на кого му истекува договорот на лето

Договорот на дефанзивецот истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и започна преговори за нов договор.

Таквата ситуација сака да ја искористи Рома и да го доведе Фелипе Луиз без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.


Пеп Гвардиола со понуда за селектор на Холандија

Фудбалската федерација на Холандија подготвува план за ангажирање на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола како нов селектор на холандската репрезентација.

Според информациите, Холанѓаните ќе се обидат да го убедат 51-годишниот Гвардиола да ја преземе репрезентацијата по завршувањето на неговиот договор со Сити, кој истекува во 2023 година.

Познат е фактот дека идол на Гвардиола е легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф кој беше еден од најпознатите играчи и тренери на Барселона, па не е исклучена можноста тој да ја прифати евентуалната понуда за селекторската позиција на популарните „лалиња“.


Леванте негира било каква понуда за Барди

Енис Барди овие денови е главна тема во медиумите поради неговиот евентуаелн трансфер. „Супердепорте“ вчера објави дека Барди имал средба со претседателот и побарал трансфер до крајот на овој месец кога и што завршува преодниот рок.

Договорот на Барди истекува на крајот на оваа сезона, има опција за продолжување на уште една година, но таа клазула не може да биде активирана ако Леванте испадне од Серија А.

Сепак, засега нема официјална понуда за македонскиот репрезентативец, потврди тренерот Алесио Лисци.

„Барди е многу важен играч. Ако има некоја добра понуда за било кој играч, треба да биде јасно дека сите ние сме на пазарот, вклучително и јас. Сега можам да ви кажам дека никаква понуда за Барди не е стигната, тоа е лага. Енис е многу важен играч за Леванте“, вели Лисци.