фудбал

Коронавирусот се шири во Премиерлигата!

Во текот на последното тестирање на фудбалери и членовите на стручните штабови на екипите во Премиерлигата се потврдени нови 36 случаи на коронавирус , соопштија од лигата.
Во последната недела се спроведени 2.593 тестови, помеѓу 4. и 7. јануари се пронајдени 27 позитивни, а уште девет на тестирањата помеѓу 8. и 10. јануари.
Играчите и членовите на екипите на сите 20 клубови се тестирани по два пати во текот на неделата. Сите кои беа позитивни мораат во изолација од десет дена, а на претходното тестирање беа пронајдени 40 случаи на вирусот.
Поради КОВИД-19 беше одложен натпреварот помеѓу Астон Вила и Тотенхем, бидејќи клубот од Бирмингем има голем број на заразени.
По тоа одложување, одлучено е во среда да се игра претходно одложениот натпревар помеѓу Тотенхем и Фулам.


Дракслер е сонот на Малдини за зимскиот преоден рок на Милан

Германските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ и германски репрезентативец, Јулијан Дрекслер.
Милан е во потрага по засилување на крилните позиции, а една од најголемите желби на „росонерите“ е токму Јулијан Дрекслер. Германецот не добива голема минутажа во Париз покрај Нејмар и е спремен да ја промени средината.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација, а познато е дека Леонардо е во одлични односи со својот поранешен клуб и со претседателот на ПСЖ.


Маркус Турам се сели кај „граѓаните“ на Гвардиола!?

Напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам го привлече инетресот на европските гиганти.
„Билд“ пренесува дека на лето неколку европски гиганти ќе се борат за потписот на 23-годишниот напаѓач.
Ливерпул ова лето покажа интерес за Турам, но „црвените“ на крајот се одлучија да се насочат кон Диого Жота од Вулверхемптон. Меѓутоа следното лето конкуренцијата за неговиот потпис ќе биде многу голема.
„Билд“ тврди дека главната битка за потписот на Французинот ќе ја водат Манчестер Сити и Милан.


Нема ниту еден настап, а Гвардиола го нарекува капитен!

Се сеќавате ли на Скот Карсон? Тој веќе втора сезона по ред е трет голман на Манчестер Сити. Тој се пресели во Манчестер како позајмен играч од Дерби Каунти, а Пеп Гвардиола сака да го задржи 35-годишниот чувар на мрежата во својата екипа, што дојде како изненадување за многумина, бидејќи англичанецот нема ниту еден настап за клубот. Карсон е резерва на бразилецот Едерсон и американецот Зек Стефен, но шпанскиот стратег тврди дека Карсон е важен за низа други причини. „Имаме еден играч, голман кој ни е многу важен. Тоа е Скот Карсон. Тој е капитен зад сцената. Не се провлекува низ медиумите, го нема на теренот, но во соблекувалната тој е како капитен. Тој е важен за нас и се надевам дека ќе остане уште долго.“ – вели Гвардиола. Во својата кариера, Карсон бранеше за Лидс, Ливерпул, Шефилд Венсдеј, Чарлтон, Астон Вила, ВБА, Бурсаспор, Виган и Дерби.


Леверкузен купува во Манчестер, позната и цената

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Тимоти Фосу-Менса е на чекор од трансфер во германски Баер Леверкузен за обештетување од милион и пол фунти, пренесуваат англиските медиуми. Холандскиот фудбалер, кој може да покрива повеќе позиции во дефанзивната линија, неодамна одби да го продолжи договорот со клубот поради слабата минутажа кој ја добива сезонава. 23-годишниот фудбалер роден во Амстердам, пристигна како тинејџер во младинската категорија на Јунајтед од Ајакс, за првиот тим дебитираше уште во февруари 2016. година кога едвај беше полнолетен, а досега собра 30 настапи за тимот на Солскјер.
Во последните пет години колку што поминаа откако дебитираше за првиот тим, беше позајмуван на Кристал Палас и Фулам.


Кулушевски го повика Ибрахимовиќ, се чека неговиот одговор

Фудбалерот на Јувентус, Дејан Кулушевски го повика Златан Ибрахимовиќ да му се придруши во репрезентацијата на Шведска на претстојното Европско првенство. Се почести се шпекулациите дека Ибрахимовиќ би можел да се врати од репрезентативната пензија, а на тоа се надева и фудбалерот на Јувентус. „Се допишуваме. Тој е мој идол, тешко е да се најде некој друг што има слична кариера како неговата. Кога ги слушам неговите пофалби, тоа значи дека морам уште повеќе да работам на тренинзите, а тоа ме прави горд.“ – вели Кулушевски. Потоа, тој го повика својот идол да се врати во државниот тим. „Се надевам дека ќе ни се придружи во репрезентацијата на Шведска на Европското првенство. Тоа би било преубаво за мене и за сите швеѓани. Ајде, Ибра!“ – заклучи Кулушевски.


Лопетеги го продолжи договорот со Севиља

Актуелниот тренер на Севиља, Јулен Лопетеги, го продолжи договорот со тимот до 2024 година. Тренерот кој има најголем процент на освоени бодови на клупата на тимот од Андалузија, доби нова соработка која ја потпиша вчера. Лопетеги минатата сезона стигна во Севиља, и во првата сезона дојде до пехарот во Лигата на Европа, со што тимот обезбеди пласман во Лигата на шампионите, и се пласираше во осминафиналето каде што ќе игра против Борусија Дортмунд.


Против сите правила, Анчелоти носи ново засилување!

Познатиот бразилски фудбалер Фелипе Андерсон, би можел во текот на зимскиот трансфер период да заврши во Евертон, бидејќи за него постои голем интерес кај Карло Анчелоти, кој го познава уште од Серија А. Бразилскиот офанзивец во моментот е на позајмица во Порто од Вест Хем, а Анчелоти го гледа како решение на плејмејкерската позиција. Во случај на доаѓање на Гудисон Парк, некогашниот фудбалер на Лацио ќе биде замена за Бернард, кој полека ги пакува куферите за заминување. Целиот трансфер се компликува бидејќи Андерсон е на позајмица во Порто, но Анчелоти има надеж со оглед на тоа што бразилецот е во втор план на „Драгао“. Андерсон сезонава настапи за Вест Хем и Порто, а и понатаму важи правилото дека еден фудбалер не може да го носи дресот на три различни клубови во иста сезона, па на потег е ФИФА која ги релаксираше правилата во вакви ситуации поради КОВИД-19.


Роналдо на чекор да стане најголем на сите времиња!

Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо со погодоко против Сасуоло се израмни по бројот на голови со Јозеф Бикан, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.
Роналдо во втората минута од судиското надополнување ја потврди победата против Сасуоло, а овој погодок го стави рамо до рамо со легендарниот чешки фудбалер, кој постигна 759 голови во својата кариера (730 во клупската и 29 во репрезентативната).
Португалецот против Сасуоло го израмни рекордот стар 66 години, а веќе против Интер во наредното коло од Серија А има прилика да влезе во историјата.
Роналдо има помалку голови од Бикан во клупска категорија, но е далеку поуспешен во репрезентативната.


ПСЖ изби во преден план за потписот на Погба

Пол Погба на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од „Олд Трафорд“, објавија дел од медиумите во Англија.
Според наведеното, францускиот фудбалски интернационалец и член на Манчестер Јунајтед се наоѓа на списокот на желби на новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Почетино. Аргентинецот побарал од „светците“ да ангажира неколку нови фудбалери а на листата било заведено и мето на Погба.
Иако имаше одредени шпекулации дека црномурестиот играч може да се врати во Јувентус, сепак пореална е опцијата тој да са врати во татковината и тоа на „Паркот на принцовите“.