фудбал

Дешамп првпат заедно ги повика браќата Хернандез

Денес селекторот на Франција Дидие Дешамп го објави списокот на повикани фудбалери за Ф4 во Лигата на Нации.

Интересно е што на списокот после 47 години повторно има браќа. Повик од Дешамп добија Тео и Лукас Хернандез. Во полуфиналето Франција ќе се сретне со Белгија, па тој што ќе победи ќе оди на подобриот од мечот помеѓу Шпанија и Италија.

Пред браќата Хернандез во Франција двајца браќа играа во 1974 година, тогаш повик добија напаѓачите Ерв и Патрик Равели.

Од списокот на Французите Нголо Канте отпадна поради коронавирус.


Запознајте го највозрасниот активен голман во Велика Британија

Алан Камсел е од Велс, има 88 години и сеуште е активен на позицијата голман во својот локален нисколигашки клуб Беј Столерс.

Својата кариера ја започнал во 1952 година и трае до ден денес. Алан сега игра заедно со внуците на своите поранешни соиграчи  и признава дека игра само за забава.

“Во последно време увидов дека сум бавен и дека видот ми слабее. Топките минуваат покрај мене кога сеуште се фрлам по нив. Па што? Тоа е само забава. Ако ја завршам својата кариера на 90 години, тоа ќе биде сосема доволно за мене“.


„Ел Класико“ дуел за белгискиот талент Тилеманс

Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс. Скаути на Барселона долго време ги следат настапите на 24-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Камп Ноу“. Барселона сака да го засили средниот ред, а Тилеманс може да игра на неколку позиции и сметаат дека одлично би се вклопил.

Од друга страна Реал Мадрид смета дека Белгиецот би бил идеална замена за Модриќ, кој ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

„Кралевите“ започнаа со подмладување на средниот ред со доаѓањето на Камавинга, а Тилеманс е новото име на списокот на Анчелоти.


Влаховиќ добива најголем договор во историјата на Фиорентина?

Сагата за потпишување нов договор помеѓу Фиорентина и Душан Влаховиќ продолжува.

„Виола“ на српскиот напаѓач му нуди највисок приход во историјата на клубот.

„Не знам дали Влаховиќ ќе потпише нов договор. Му понудивме 40 милиони бруто за пет години, најголемиот договор во историјата на Фиорентина, повеќе од Батистута и Руи Коста. Тој презема ризик, а јас станувам нервозен.“, рече Роко Комисо, претседателот на Фиорентина.

Влаховиќ се уште го одложува потпишувањето на новиот договор, а неговиот постоечки истекува во 2023. година.

Многу великани се распрашуваа за неговите услуги минатото лето, а според информациите, најконкретен во интересот беше Атлетико Мадрид.


Милан го враќа Икарди во Серија А

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми. Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.

Малдини веќе стапил во контакт со неговиот пријател Леонардо и започнале преговори за трансфер на Икарди.

Аргентинецот може да пристиге на „Сан Сиро“ на позајмица за 10 милиони евра плус 40 милиони за откуп следната година.


Марота спрема зимско засилување, Ван де Бек доаѓа на „Сан Сиро“

Интер е сериозно заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.

Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот. Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

„Нероаѕурите“ имаат одлични односи со Манчестер Јунајтед и ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп.


Убави вести од Бразил: Пеле излезе од болницата во Сао Паоло

Легендарниот Пеле наскоро излегува од болница. Неговата ќерка Кели Насименто потврди дека Пеле ќе ја напушти болницата во Сао Паоло и ќе ја продолжи операцијата во сопствениот дом.

Во болница Пеле е сместен од 31. август, прво најавите не беа добри. Се работеше за проблем со тумор на дебелото црево, а беше откриен при еден рутински лекарски преглед. Сепак, сега ситуацијата сега за среќа е подобра.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата која три пати беше светски шампион. Наскоро тој ќе го прослави 81. роденден.


Барса закажа состанок на кој ќе ја разгледува иднината на Куман

Барселона денеска закажа итен состанок на кој треба да се разгледа ситуацијата во тимот по дебаклот во Лисабон.

Според изворот, претседателот на клубот Жоан Лапорта влегол во соблекувалната на тимот по натпреварот и ги расположил играчите. Во исто време, весникот Спорт пишува одлуката за иднината на Куман треба да се донесе во денеска.

И натаму во медиумите се споменуваат две имиња како можни наследници на Холанѓанецот, а тоа се Чави и Роберто Мартинез.


Шпанските стадиони од викендов со полн капацитет

Фудбалските натпревари во Шпанија од утре повторно треба да се играат пред 100% полни трибини, објави шпанското Министерство за здравство.

Во средата се одржа состанок на Министерството со седумнаесет автономни покраини, на кој едногласно беше договорено проширување на капацитетот од сегашните 60 проценти.

Шпанија целосно ги затвори стадионите и салите во март 2020. година поради коронавирус што зарази над 4,9 милиони луѓе (околу 86.000 загинати) во таа земја со 47 милиони луѓе. Претходно оваа сезона, се овозможи делумно враќање на гледачите, но со носење маски и одржување на социјална дистанца меѓу посетителите.

Шпанската фудбалска лига со клубови како Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид е една од најгледаните во светот. Клубовите се жалат на намалувањето на приходите поради затворените стадиони и отсуството на туристи што ги купуваат своите сувенири и ги посетуваат клупските музеи.


Роналд Куман ги брои последните часови на клупата на Барселона

Поразот од Бенфика во Лисабон со резулат 0:3, во рамките од второто коло на Лигата на шампиони, по се изгледа ќе биде капката која ја прели чашата во Каталонскиот клуб.

Според известувањата од медиумите во Шпанија, претседателот на клубот Жоан Лапорта свикал состанок со раководството на клубот на кое ќе се одлучува за смена на Куман од клупата на Барса.

Како најсериозни кандидати за негови наследници се споменуваат поранешниот играч на Барселона, Чави Хернандез и актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез.