фудбал

Конте се враќа во Англија, два гиганти го сакаат на својата клупа

Предводникот на Интер, Антонио Конте може да си даде оставка доколку клубот не му гарантира нови трансфери.
Според информацијата која е објавена, во случај на напуштање на Интер, тренерот може да ги предводи Манчестер Јунајтед или Тотенхем. Платата на Антонио Конте во миланскиот клуб е 12 милиони евра по сезона и никој друг италијански клуб нема да му ја исплати таа сума, па враќањето во Премиерлигата е пореално решение за тренерот кој претходно беше на чело на Челзи.
Конте го презеде Интер летото 2019 година. Под негово водство, „нероазурите“ завршија на второто место во шампионатот во првата сезона. Тимот не можеше да ја помина групната фаза од Лигата на шампионите, но се пласираше во финалето на Лигата на Европа. Во италијанскиот шампионат Интер е лидер со 65 бода и е на добар пат да ја освои титулата и да го симне од тронот Јувентус.


Бејл најави враќање во Мадрид

Напаѓачот на фудбалскиот состав Тотенхем и на селекцијата на Велс, Герет Бејл, зборуваше за неговата желба да се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната.
„Мојот ангажман во клубот не ме одвлекува од подготовките за Евро 2020. Главната причина зошто дојдов во Тотенхем беше да играм за да можам да одам на Европско првенство во добра форма. Првичниот план беше да поминам една сезона во Спарси“, изјави 31-годишниот Велшанец.
Бејл во тековнава сезона Премиер одигра 12 мечеви. Неговиот договор со „кралевите“ е до 30 јуни 2022 година.


Што се случува со Кутињо?

Враќањето на терен на фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо е голема главоболка за каталонскиот клуб, а последните проценки укажуваат дека тоа би можело да се случи за четири недели.
Бразилскиот фудбалер на крајот од минатата година доживеа повреда на коленото во натпревар против Еибар, а кога беше опериран на почетокот од годинава, се проценуваше дека ќе се врати на терен на почеток на април.
Бидејќи неговото опоравување стагнираше во однос на предвидениот датум, фудбалерот отпатува во Доха на стручен преглед, а грубите проценки укажуваат дека би можел да се врати на крајот од месец април.
Тоа значи дека Куман нема да може да смета на него за Ел Класико, кој се игра на 10. април, како ни за финалето во Купот на кралот против Атлетик Билбао една недела подоцна.
Оптимално, тој би можел да биде подготвен за дербито против Виљареал на 25. април.
Тоа значи дека Бразилецот не би поврзал ниту 10 натпревари до крајот на сезоната, дури и во идеално сценарио.


Де Лаурентис и Гатузо во преговори за иднината

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис прави се што е можно за да го убеди Џенаро Гатузо да не го напушта клубот, но засега тренерот е категоричен во одлуката да се повлече по крајот на сезоната, пишува „Тутоспорт“.
Поради низата слаби резултати пред извесно време, Де Лаурентис решил да побара нов тренер и излезе дека Гатузо дознал за тоа. Во меѓувреме, сепак, тимот ги стабилизираше своите настапи, што ја врати довербата во Гатузо кај самите играчи. Сепак, тренерот беше разочаран од недостатокот на поддршка за него во критичниот момент и од своја страна одлучи дека е време да се раздели со клубот по крајот на сезоната.
Досега ниту една од двете страни не го коментираше ова. Де Лаурентис сфати дека побрза да разговара со други потенцијални тренери и сега се надева дека ќе го натера Џенаро Гатузо да размисли. Наполи е на чекор до влез во зоната во Лигата на шампионите откако забележа четири победи во последните пет кола од Серија А.


Прандели си поднесе оставка, Фиорентина ќе добие трет тренер

Тренерот на Фиорентина, Чезаре Прандели ја напушти функцијата, се наведува на официјалната веб-страница на клубот.
Денес, на беше објавено дек атренерот на екипата поднесе оставка по поразот на мечот од 28. коло на италијанската Серија А против Милан (2-3). Раководството на „виолетовите“ ја прифати неговата оставка.
Беше објавено дека на чело на Фиорентина повторно ќе биде Џузепе Јакини, кој беше отпуштен во ноември минатата година. Клубот и тренерот во моментов преговараат. Фиорентина оствари само три победи на последните 10 натпревари во Серија А. По 28 кола, тимот го зазема 14-тото место на табелата со 29 бода.


Холанѓанецот Бош сменет, Баер Леверкузен назначи нов тренер

Баер Леверкузен објави дека ја завршува соработката со Петер Бош, кој досега беше на функција главен тренер на Баер.
Холанѓанецот беше отпуштен поради последните катастрофални резултати. Тимот беше елиминиран од Лигата на Европа, загуби во Купот на Германија од клуб од 4-тата лига, а во Бундеслигата на последните девет натпревари освои само две победи и претрпе дури пет порази.
До крајот на сезоната клубот од Леверкузен ќе го предводи Ханес Волф, кој беше тренер на германската младинска репрезентација до 18 години.


Анчелоти го носи Кулибали во Евертон

Евертон има намера да ја засили својата одбранбена линија во летниот преоден рок. Според тренерот Карло Анчелоти, главната цел на клубот ќе биде да добие централен дефанзивец од врвна класа.
Според „Фудбал инсајдер“, изборот на Евертон ќе биде дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој доста добро се познава со Анчелоти, кој претходно го водеше италијанскиот тим.
Претходно беше објавено дека главни претенденти за потписот на 29- годишниот Сенегалец се Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Изминатата зима за Калиду Кулибали се интересираа и Манчестер Сити и Ливерпул.
Фудбалерот игра за Наполи од 2014 година. Пред тоа играше за белгиски Генк и француски Мец. Оваа сезона Кулибали одигра 20 натпревари во италијанската Серија А и доби шест жолти картони.


Абидал: Барса ќе го вратеше Нејмар, но Бартомеу го купи Гризман

Абидал беше директор во Барселона во мандатот на Жосеп Бартомеу, па откри детали од неговиот престој на „Камп Ноу“. „Десет дена пред крајот на преодниот рок бев во Париз да разговарам со Леонардо, со мене беше и извршниот директор Грау и зборувавме за Нејмар. Мислам дека ако извршниот директор доаѓа во ПСЖ, тоа е затоа што можеме да го потпишеме. Ако претходно не го донесовме Гризман, мислам дека 100 проценти можевме повторно да го потпишеме Нејмар, бидејќи ни беше потребен крилен напаѓач. Меѓутоа, претседателот одлучи да потпише со Гризман“, открива Абидал. Абидал откри дека после отказот на Ернесто Валверде сакал да го донесе Покетино на „Камп Ноу“, но бил одбиен од страна на Управниот одбор.


Арсенал сака да го откупи Мартин Одегард

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард кон крајот на јанаури го напушти Реал Мадрид и премина на позајмица во редовите на Арсенал. Одегард во Реал Мадрид се врати минатото лето од позајмицата од Сосиедад и остана во првиот тим, но во првиот дел од сезоната не се наигра многу и затоа одлучи да го напушти клубот. Одегард фантастично се вклопи во тимот на Артета, па „топџиите“ сакаат да го задржат на перманентна основа, иако во договорот немаат опција за откуп. Арсенал наскоро ќе започне преговори со Реал Мадрид за откуп на Норвежанецот, кој и самиот преферира да остане во Лондон. Неговата цена во моментов е околу 30 милиони евра, но последниот збор за трансферот ќе го има тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.


Арсенал за 80 милиони евра купува Аргентинец од Примера

Арсенал на лето би можел да го доведе Гвидо Родригез од Бетис, пишува Мундо Депортиво. Микел Артета наводно е заинтересиран за аргентинскиот играч за врска, кој оваа сезона е еден од клучните играчи за клубот од Севиља. Во Бетис пристигна минатата година од Мексико за три милиони евра, а договор со шпанскиот клуб има до 2024. година. Родригез има и клаузула од 80 милиони евра, која Арсенал наводно е подготвен да ја плати, иако минатата година доведе сличен играч. Арсенал го плати Томас Парти 50 милиони евра, но фудбалерот од Гана има проблеми со повреди и не ги исполни очекувањата. Мундо тврди дека Бетис не би имал ништо против да го продаде 26-годишниот Родригез, но само откако ќе го реши проблемот со неговиот поранешен клуб Америка. Имено, мексичкиот клуб му продаде на Бетис само 70 отсто од правата врз играчот, а задржа 30 отсто, претпоставувајќи дека тој во иднина би можел да направи голем трансфер. Како што пишува Мундо, на мексиканците не им паѓа на памет да се откажат од својот дел, посебно по вака добрата сезона на Родригез, а и Бетис на крај најверојатно ќе се откаже, бидејќи и онака ќе добие висока сума, во споредба за она што го плати за Аргентинецот.