фудбал

Фламенго е новиот клуб на Давид Луиз

Бразилскиот тим Фламенго на својата официјална веб-страница објави за склучувањето на договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз. Договорот на 34-годишниот фудбалер со бразилскиот клуб важи до декември 2022 година.

Луис се пресели во Фламенго како слободен играч откако го напушти лондонски Арсенал. Дефанзивецот имаше 30 настапи за „топџиите“ минатата сезона и постигна два гола. Лондонскиот клуб не му понуди нов договор на играчот.

Покрај Арсенал, Луис играше за Челзи, ПСЖ, Бенфика и бразилска Виторија. Во јули беше објавено дека за играчот е заинтересиран турскиот клуб Адана Демирспор, а во јуни, покрај Бенфика, Луис беше нтересен и за Олимпик Марсеј и Интер Мајами.


Куман за завршницата на трансфер периодот: Беше сра*е!

Барселона во последните моменти од преодниот рок остана без Антоан Гризман, кој замина во Атлетико Мадрид, а како негова замена од Севиља го донесоа Лук Де Јонг.

„Едвај имавме време да пронајдеме замена за Гризман. Беше сра*е, но знаев дека заминувањето на Гризман ќе ја поправи финансиската состојба на клубот и затоа го прифатив тој трансфер.“- кажа тренерот на Барселона, Роналд Куман, околу лудницата на последниот ден од преодниот рок.

Гризман замина на позајмица во Мадрид за 10 милиони евра, а ако одигра најмалку 50 проценти од натпреварите, Атлетико ќе мора да го откупи за 40 милиони евра, три пати помалку од парите за кои го продаде во Барселона пред две години.


КОНМЕБОЛ ќе гласа против идејата за СП на секои две години

Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години.

„Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност “, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

„Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Го поддржуваме актуелниот модел на Светското првенство“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.


Давид Луиз се врати во Бразил, потпишува за Фламенго

Бразилскиот ефанзивец Давид Луиз после 14 сезони поминати во Европа кариерата ќе ја продолжи во својата татковина во дресот на Фламенго.

Откако му заврши договорот со Арсенал, Давид Луиз беше слободен агент и имаше понуди од неколку европски клубови.

Се шпекулираше дека преговара со Лацио, Марсеј и Салернитана, но на крајот одлучи да ја прифати понудата од Фламенго и се врати во татковината.

Давд Луиз играше за Бенфика, Челзи, ПСЖ и Арсенал, освои многу значајни трофеи меѓу кои и Лигата на шампиони со „сините“.


Фергусон: Ми олесна, не смеев да дозволам Роналдо да потпише за Сити

Кристијано Роналдо вчера по втор пат дебитираше за Манчестер јунајтед со два гола против Њукасл откако во последните денови од летниот преоден рок направи трансфер на Олд Трафорд.

КР7 се најавуваше како ново засилување на Манчестер Сити, но во последен момент дојде до пресврт и тој се врати во редовите на „ѓаволите“. Тогаш се шпекулираше дека Сер Алекс Фергусон одиграл клучна улога и го убедил Португалецот да ја одбере црвената боја на Манчестер.

„Многу луѓе си ја одиграа својата улога, да и јас дадов допринос знаејќи дека тој сака да се врати, и тоа беше многу важно. На крајот се добро се заврш. Возбуден сум, ми олесна бидејќи не можев да го замислам во дресот на Манчестер Сити, мислам дека ниту еден фан не можеше да го замисли тоа. Затоа се погриживме тој да се врати тука, разговарав и со семејството Глејзер и успеавме во намерата“.


Галатасарај доведе единаесет новајлии, Густаво Асунсао последно засилување

Галатасарај промовираше уште еден играч во своите редови.

Поранешниот член на младинскиот тим на Атлетико Мадрид, Густаво Асунсао кој играше две сезони во португалски Фамаликао пристигнува во Истанбул.

Асунсао пристигнува на позајмица до крајот на сезоната и за него клубот ќе плати 100.000 евра со опција за откуп на договорот. Во кариерата Асунсао настапуваше и за селекциите на Барселона до 17 и до 23 години.

Неговото презиме во фудбалскиот свет е добро познато затоа што е син на пензионираниот фудбалер на Бразил, Пауло Асунсао.

Инаку, тој е 11. играч кој летово потпиша за Галатасарај. Пред него пристигнаа Виктор Нелсон, Александар Цикалдау, Беркан Кутлу, Олимпиу Моруцан, Барис Јилмас, Саша Беј, Патрик ван Анхолт, Ајтак Кара, Алпаслан Озтурк и Халил Дервисоглу.


Миовски пак стрелец за МТК во унгарското првенство

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентатиец Бојан Миовски имаше уште еден одличен настап во дресот на својата екипа МТК Будимпешта.

Миовски влезе во игра на стартот на второто полувреме кога неговата екипа имаше негатива од 2-0, а неколку минути беа и во негатива од 3-0. Веднаш потоа на сцена стапи нашиот Миовски кој најнапред постигна гол во 61. минута , но му беше поништен по интервенција на ВАР за настан што се случи на сосема друг дел од теренот.

Во 69-та минута Миовски изнуди пенал кој беше реализиран, а самиот тој се запиша во листата на стрелците во 75-та минута. Сепак тоа не беше доволно неговата екипа да избегне пораз од 3-2 на гостувањето кај Пакс.


Барса ги одбила Ндомбеле и Орие како дел од трансферот на Емерсон во Тотенхем

Toтенхем го доведе Емерсон Ројал од Барселона, но имал обид да се откаже и од неколку отпишани играчи.

Според информациите на медиумите Тотенхем ги понудил Тангу Ндомбеле и Серж Орие, но Барселона инсистирала само на пари. На крајот „петлите“ попуштиле и платија 30 милиони евра за трансфер на Бразилецот.

Интересно, Емересон денес стартуваше кај Кристал Палас, а во срцето на одбраната е Танганга.

Инаку, Емерсон стигна ова лето во Барселона за сума од девет милиони евра, но Барселона на крајот се реши да го продаде за да заработи.


Клоп и Солскјер обединети: Ова е фарса!

Оле Гунар Солскјер и Јирген Клоп се сложуваат дека правилата за заштита од коронавирусот за јужноамериканските играчи е фарса.

Порано оваа недела Фудбалската федерација на Бразил, бараше од ФИФА играчите кои не се приклучиле на репрезентацијата, иако биле повикани, да бидат пет дена суспендирани.

Тоа значи суспензија за играчи на Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити.

Имено, клубовите од Премиер лигата одлучија да им забранат на играчите да одат во земјите кои се на црвената листа поради коронавирусот и по враќањето би морало да одат во самоизолација.

Така на собирот на бразилската репрезентација не заминаа Фред, Алисон, Фабињо, Роберто Фирмино, Габриел Хесус, Тиаго Силва и Рафиња од Лидс.

„Изгубена ситуација. Националните тимови, играчите, клубовите, тоа беше фарса. Навистина. Играчите сакаат да играат, а знаеме каква беше ситуацијата. Правевме се да ги намалиме шансите за ширење на вирусот, а сите одлуки одат против играчите. Тие сакаат да играат за клубовите и репрезентацијата, но не им е дозволено. Разочаран сум. Здравиот памет веќе не е здрав памет“- вели тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

„На крајот, единствено се казнети играчите и клубовите. Немаме ништо со организацијата на овие работи. И на крајот се прашуваме што се случува“– изјави Клоп, додавајќи дека не знае дали неговите играчи ќе бидат суспендирани.


Хандановиќ: Серија А е најтешката лига во светот

Голманот на фудбалскиот состав Интер, Самир Хандановиќ, кој по цели  единаесет години се израдува на титулата во Серија „А“ со „нероаѕурите“, вели дека неговиот тим го има потребниот квалитет иако во текот на летото си заминаа двајца значајни фудбалери – Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.

„Ќе продолжиме со формација 3-5-2. Последните две сезони беа навистина напорни. Сега имаме победнички менталитет. На хартија, Серија А останува најтешкото првенство во светот. Има многу добри играчи“, потенцираше капитенот на Интер.