фудбал

Арсенал ја отпушти sвездата две години пред истекот на договорот

Арсенал наскоро ќе го отпушти Бразилецот Вилијан Борхес.

Вилијан не е во плановите на менаџерот Микел Артета и клубот работи на раскинување на договорот со бразилскиот интернационалец две години пред истекот.

Вилијан се согласува со таа одлука, и веќе договори нов трансфер. Тој наскоро треба да потпише за бразилскиот Коринтијанс.

Бразилецот пристигна во Арсенал минатото лето од Челзи откако му истече договорот. Тој не покажа премногу во Арсенал и сега се враќа во својата татковина.

Во кариерата играше за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк, Анжи и Челзи. За Бразил одигра 70 натпревари и постигна девет гола.


Гигантите регистрираа огромна загуба од пандемијата

Клубовите во Топ 5 лигите на светов останале „пократки“ за 2,5 милијарди евра поради пандемијата со корона-вирусот, покажа истражувањето на ревизорската куќа – „КПМГ“.

Тука се пресметани приходите што клубовите вообичаено ги имаа од продажба на билети, реквизити, угостителски услуги како и дел од спонзорските договори.

Клубовите само за сезоната 2019/20 која беше прекината минатата година во март, загубиле половина милијарда евра.


Валенсија купи фудбалер по 723 дена

Валенсија го реализира првиот трансфер после 723 дена. Тимот од „Местаља“ во своите редови го доведе бразилскиот напаѓач Маркос Андреа од Ваљадолид за сума од осум ипол милиони евра.

24 годишниот напаѓач со Валенсија потпиша договор на пет години. Интересно е што ова е прво засилување за Валенсија после 723 дена.

Поради бројните финансиски проблеми Валенсија не можеше да купува нови фудбалери. Посаледниот играч кој го доведоа пред овој трансфер им беше Тиери Кореиа во септември 2019 година, клубот од тогаш до денес доведуваше играчи само на позајмица


Шпанските клубови им забранија на репрезентативците да играат во мундијалските квалификации

Раководството на Ла Лига ќе ги поддржи оние клубови кои ќе одлучат да не ги пуштат играчите на квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 година. Претставниците на Ла Лига веруваат дека учеството на играчите на меѓународното првенство ќе биде на штета на клубовите. Во моментов, 25 играчи од 13 различни клубови се повикани во националните тимови.

Календарот на меѓународни натпревари не може и не треба да се менува на овој начин, особено со оглед на фактот дека постојат остварливи алтернативи, велат од прес -службата на Ла Лига.

Во наредните денови, раководството на натпреварувањето ќе закаже состанок со погодените клубови.


Резервниот голман на Реал Мадрид позитивен на ковид-19

И спортот се повеќе и повеќе е погоден од новиот бран на коронавирусот.

Од Реал Мадрид потврдија нов случај на Ковид-19 во клубот. Имено, позитивен е голманот Андреј Лунин.

Лунин нема да биде во комбинација за настап во натпреварот со Бетис, а во Реал е од 2018 година. Вистинска прилика се уште не добил и беше испраќан на позајмици во Леганес, Ваљадолид и Овиедо.


Кејн откри зошто и сезонава ќе остане во Тотенхем

Англискиот фудбалер Хари Кејн изјави дека летово ќе остане во Тотенхем и дека барем засега нема да се пресели во Манчестер Сити.

Тоа го објави на социјалните мрежи, кратко време по состанокот со управата на клубот, која даде се од себе да го задржи.

Тотенхем дури одби две многу високи понуди од Манчестер Сити, од 122 и 150 милиони евра, но навивачите беа оние кои оставија посебен впечаток кај напаѓачот.

„Беше неверојатно да се види приемот на навивачите на Тотенхем во неделата и да се прочитаат пораките за поддршка што ги доживеав претходните недели. Останувам во Тотенхем ова лето и сум 100% фокусиран да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Кејн.


Гвардиола: Следен чекор е пауза, па преземање на репрезентација

Пеп Гвардиола изјави дека по завршувањето на договорот со Манчестер Сити би можел да седне на клупата на некоја репрезентација.

Овој 50-годишен фудбалски стратег е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освојуваше титули со Барселона, Баерн и Манчестер Сити.

Клупата на англискиот клуб ја презеде во 2016. година, а последниот договор го врзува до 2023. година, кога планира да земе пауза.

Негова амбиција е еден ден да биде селектор на некоја репрезентација и да ја почувствува магијата на Копа Америка, Европско првенство или Светско првенство.

„Следен чекор ќе биде репрезентација, доколку се појави прилика. Пров морам да направам пауза по седум години поминати во Сити. Морам да паузирам и да гледам, учам од другите тренери и можеби да тргнам по тој пат. Би сакал да водам екипа на Европско првенство, Копа Америка или Светско првенство.“ – рече Гвардиола.


Манчестер Јунајтед – Вест Хем највозбудлив пар во третото коло на Карабао Купот

Синоќа се извлекоа паровите за третото коло на англискиот Карабао Куп, а од најголемите фаворити за трофејот, на ждрепката најлошо поминаа Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Црвените ѓаволи“ ќе му бидат домаќини на Вест Хем уште во оваа рунда во дерби натпревар кој ќе предизвика поголем интерес и е највпечатливиот пар од оваа рунда, а тука некаде е и пресметката меѓу Вулверхемптон и Тотенхем.

Арсенал помина многу подобро и ќе игра на домашен терен против АФЦ Вимблдон, а истото важи и за Манчестер Сити, кој за противник го доби Вајкомб.

Ливерпул ќе му гостува на Норич во дуел во кој ќе биде голем фаворит, додека Челси ќе има незгоден противник во Астон Вила.

Манчестер Ј. – Вест Хем

Манчестер С. – Вајкомб

Волвс – Тотенхем

Норич – Ливерпул

Арсенал – АФЦ Вимблдон

Челси-Астон Вила

Фулам-Лидс

КПР-Евертон

Престон-Челтенам

Брентфорд-Олдам

Вотфорд-Стоук

Виган-Сандерленд

Барнли-Рочдејл

Шефилд Ј-Саутемптон

Милвол-Лестер

Брајтон-Свонси


Хајдари позитивен на ковид-19, Канатларовски без битен фудбалер во квалификациите

Селекторот до 21 година Драган Канатларовски нема да смета на еден од планираните младински репрезентативци на стартот од септемвриските квалификации.

Адриан Хајдари, дефанзивецот на Рапид Виена добил позитивен тест на Ковид-19 и ќе мора да оди во изолација.

Во овие моменти не е познато дали тој ќе може да и помогне на Македонија во претсојните два натпревари. Македонија прво игра со Франција на 2 септември, па со Србија на 7 септември.

Ќе потсетиме, во А селекцијата поради позитивен на коронавирус под знак прашалник е Бобан Николов.


Суперкомпјутер одреди кој ќе ја освои Премиер лигата

Првите две кола во Премиер лигата се веќе зад нас, а англиските медиуми повторно го активираа суперкомпјутерот, чија задача е да го прогнозира расплетот на целата сезона и местата кои ќе ги освојат екипите.

Според суперкомпјутерот, Манчестер Сити ќе ја одбрани титулата, а донекаде очекувано, во Топ 4 ќе се најдат и Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Тотенхем ќе мора да се задоволи со петтата позиција, додека алгоритамот на суперкомпјутерот пресмета дека Аренал ќе заврши на осмото место и ќе остане без европски пласман.

Најавената табела го промовира Брајтон како најпозитивно изненадување и екипа која ќе ја заврши сезоната на седмото место.

Трите екипи кои нема да обезбедат опстанок се Кристал Палас, Норич и Вотфорд.