фудбал

Англија ја одбрани титулата на женскиот Европски шампионат

Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија.

По 90 минути резултатот беше 1-1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1-1, на крајот Англија победи со 3-1 на пенали.

Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на Светското првенство во Сиднеј од пред две години.

Апсолутен херој на Англија е младата голманка Хана Хемптон, која во одбрани три пенали.


Чаби Алонсо ја изготви трансфер листата во Реал Мадрид

Чаби Алонсо закажал состанок со пет играчи за 4 август. Според тврдењата на шпанските медиуми, ќе им каже дека повеќе нема место за нив во клубот. Станува збор за Родриго, Ферланд Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.

Како што пишува „АС“, Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека сè уште постои одредена неизвесност околу Себаљос и Ендрик. Одлуката треба да биде онесена по состанокот со Алонсо.

Најголем „проблем“ во соблекувалната наводно е Давид Алаба, кој не сака да го раскине договорот, а заработува дури 22,5 милиони евра годишно. Според извештаите, тој е еден од оние на кои Алонсо дефинитивно не смета.

Најблиску до заминување е Бразилецот Родриго. Многу европски гиганти се заинтересирани за него, а најконкретен е Арсенал.

Ова лето, Реал Мадрид се впушти во сериозна реконструкција на тимот. Одбраната беше значително зајакната со доаѓањето на Дин Хујсен, Алваро Карерас и Трент Александар-Арнолд. Пристигна и младиот напаѓач Франко Мастантуоно, додека Лука Модриќ, Лукас Васкез и стоперот Хесус Ваљехо го напуштија клубот.


Алаба како слободен фудбалер заминува од Мадрид

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите.

Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.

Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане..

Освен што верува дека сè уште може да се врати во форма, тој има и трет најголем договор во тимот, 22,5 милиони евра бруто. Бидејќи влезе во последната година од договорот тој нема намера да се откаже од тие пари.


Галатасарај негира интерес за Лунин од Реал Мадрид

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, ги негираше шпекулациите дека турскиот гигант влегол во преговори со голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин.

„Не сме воделе никакви преговори со Лунин. Постојат многу алтернативи, можеби ќе има уште“ , рече Окан Бурук.

Познато е дека чуварот на мрежата на „кралевите“ не сака да седи на клупата по враќањето на првиот голман, Тибо Куртоа.


Евертон го сака Малик Фофана, Лион одреди вусока цена

Премиерлигашот Евертон има намера да го донесе во своите редови фудбалерот од средниот ред на Лион, Малик Фофана, објавува „Л’Екип“. Според францускиот медиум, англискиот тим понудил 35 милиони евра за 20-годишниот Белгиец. Оваа сума не им одговарала на Французите, тие бараат 40 милиони евра.

Баерн Минхен е исто така заинтересиран за играчот.

Фофана постигна 11 голови и шест асистенции на 41 натпревар за Лион во сезоната 2024/25 во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2028 година.

Трансфермаркт ја проценува фудбалската вредност на играчот на 30 милиони евра.


Гибс Вајс му сврти грб на Тотенхем и продолжи со Нотингем Форест

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.

Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.


Жоао Феликс на чекор до трансфер во Ал-Наср

Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср.

Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика.

Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од португалскиот гигант. Челзи ќе добие околу 57.000.000 евра, а Феликс ќе добие голема плата и можност да игра со Кристијано Роналдо.

Освен финансиите, тоа беше и негова голема желба бидејќи станува збор за човек кого го идолизира.

По заминувањето од Атлетико, Феликс не се снајде во Барса, Челзи, Милан…


Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.

Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.

Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра.

Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.

Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент откако неговиот едногодишен договор со Лече истече на почетокот на јули. Ребиќ не се истакна таму и постигна само еден гол на 27 настапи во Серија А, па Лече одлучи да не му понуди нов договор.


Аталанта и Интер постигнаа договор, детали го делат Лукман од трансфер во Милано

Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта.

Тој имаше неколку понуди, но пред два дена им изјави на италијанските медиуми дека единствена опција за трансфер е Интер. .

Члениците на Интер испратија официјална понуда од 55 милиони евра, плус бонуси. Италијанските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач е на еден чекор од потпишување на договор.


Јунајтед го надигра Вест Хем во тест меч во Њу Џерси

Манчестер јунајтед со 2-1 го совлада Вест Хем на пријателскиот натпревар во Њу Џерси, Бруно Фернандеш со два гола ги предводеше „ѓаволите“ до славје.

Манчестер јунајтед ја забележа првата победа на подготовките за новата сезона, утрово ја добија пресметката со Вест Хем не „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.

Момците на Рубен Аморим беа пресилни за „чеканите“ и со висок пресинг им создаваа многу маки.

Резултатот беше отворен по само пет минути игра, Бруно Фернандеш од пенал донесе водство од 1-0.

Истиот играч мајсторски погоди на стартот од вториот дел, кога од место од врвот на шеснаесетникот итро пласираше на подалечната статива за 2-0.

Џерод Боуен намали на 2-1 во 63. минута од натпреварот, но тоа беше се што направи Вест Хем.