фудбал

Тухел го носи Боатенг на „Стемфорд бриџ“

Новиот тренер на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, планира да го ангажира играчот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, кој во текот на летото ќе ја заврши соработката со Баварскиот состав.
Доколку трансферот се реализира, германскиот интернационалец по втор пат ќе има шанса да се појави во најсилниот шампионат на Англија.
Ќе потсетиме дека црномурестиот фудбалер во периодот од 2010 до 2011 година го носеше дресот на Манчестер Сити.


Манчестер Сити купува ѕвезда на Флуминензе

Фудбалерот на бразилски Флуминензе, Каики, по се изгледа кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Според одредени наводи, Манчестер Сити е близу до купување на 17-годишниот фудбалер. Првично, „граѓаните“ ќе платат 10 милиони евра а земајќи ги в предвид бонусите износот на целиот трансфер може да порасне на 17 милиони.
Според објавеното, младиот Бразилец во 2022 година, ќе му се приклучи на младинскиот тим на Манчестер Сити откако ќе биде зваршена целата процедура околу работната дозвола.


Хјуз: Кавани заслужува поголема шанса во Манчестер Јунајтед

Поранешниот фудбалер и менаџер, Марк Хјуз, ги советува челниците на Манчестер Јунајтед да му понудат на „извонредниот“, Единсон Кавани, нов договор.
33-годишен играч кој по заминувањето од Париз беше ангажиран на „Олд Трафорд“, успеа да постигне шест голови и да направи две асистенции на 16 мечеви. Сега легендата на Манчестер Јунајтед, Хјуз, верува дека Единсон заслужува продолжување на договорот.
„Пред да дојде во клубот, Рашфорд, Марсијал и Гринвуд беа во средината на нападот, но, видовме дека ниту еден од нив не ја одигра улогата како што треба. Кога Кавани игра, чувствувате дека тимот има повеќе фокус“, вели Хјуз.


Пелистерци негативни на ковид-19 тестовите пред почетокот на вториот дел

Резултатите од вчерашните тестирања за ковид-19 се негативни за целиот колектив на ФК Пелистер. Тоа значи дека сите играчи ќе му бидат на располагање на тренерот Димитар Капинковски за натпреварот во недела против екипата на Вардар во Скопје.
Натпреварот кој во Македонија е познат како „вечно дерби“ се игра в недела од 14:00 часот. Првиот дуел на овие две екипи, игран во октомври во Битола, заврши 1-1.
Битолчани во Скопје ќе патуваат без капитенот Драгарски, кој има акумулација на жолти картони.


Ангеловски повика 20 фудбалери за тренинг кампот во Скопје

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел од претстојниот тренинг камп. На тренинг кампот од 15 до 17 февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички.
Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери: Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија) Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс) Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички) Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија).


Француски клуб погоден од британскиот сој на коронавирусот

Францускиот фудбалски второлигаш, Шамбли Оисе е погоден од британскиот сој на коронавирусот, објави клубот. Клубот од северот на Франција објави дека девет фудбалери, три членови на стручниот штаб и еден на управата се позитивни на британската варијанта на КОВИД-19. „Британскиот сој на коронавирусот и понатаму силно го погодува Шамбли. Потсетуваме, а тоа и го гледаме, оваа варијанта е многу заразна.“ – објави клубот додавајќи: „Нашиот клуб ги презеде сите потребни мерки, а новите тестирања ќе бидат направени пред наредниот натпревар кој е закажан за сабота против Клермонт.“ Претходно неделава, школо во париското предградие Обоне беше привремено затворено по откривањето на јужноафриканска варијанта на КОВИД-19. Се смета дека овие варијанти се со поголема преносивост и ќе придонесат кон влошување на епидемиолошката ситуација на подрачјата каде се откриени.


Славен шпански клуб оди во петта лига?!

Депортиво Ла Коруња на почетокот на овој век беше еден од најсилните шпански клубови, но сега му се заканува испаѓање во петтиот ранг на шпанскиот фудбал. Депортиво во 2018. година испадна од Примера, а минатата сезона заврши на 19. место во Сегунда и испадна во Сегунда Б, односно третата лига. Но, поради реорганизацијата на шпанскиот фудбал, првакот на Шпанија од 2000. година би можел да заврши во петта лига. Сегашната Сегунда Б, во која се наоѓа Депортиво, од следната сезона нема да постои. Шпанскиот сојуз воведува две нови лиги, Примера РФЕФ и Сегунда РФЕФ кои ќе бидат трета, односно четврта лига. Терсера, сегашната четврта лига, ќе биде петта и баш во неа би можел да се најде Депортиво. Депортиво во моментот се наоѓа на петтото од десет места во групата А во Сегунда Б. Првите три екипи ќе изборат пласман во Примера РФЕФ, а екипите од четврто до шесто место во Сегунда РФЕФ. Преостанатите четири екипи ќе испаднат во петта лига. Клубот од Ла Коруња е во очајна форма, не добил никого во првенството уште од крајот на ноември минатата година, постигна само седум гола на 13 натпревари, но имаат надеж дека до крајот на сезоната ќе се извлечат.


Конте „пукна“, па му покажа среден прст на клупата на Јувентус

Интер беше елиминиран во полуфиналето од Купот откако во реваншот кај Јувентус не успеа да го надокнади поразот од 1:2 на домашен терен. Антонио Конте, темпераментниот тренер на Интер, на полувреме беше иритиран од приговарањето на тренерите и управата на Јувентус, па му покажа среден прст на Андреа Ањели. Инаку, токму Ањели како млад и тогаш именуван претседател на Јувентус, во 2011. година му ја даде на Конте првата тренерска прилика во голем клуб и тоа кога Јувентус беше во тешка ситуација. Конте е играчка легенда на Јувентус и омилен капитен, но дотогаш водеше тимови како Бари, Аталанта и Сиена. Затоа, неговото именување за тренер на великанот во резултатска и финансиска криза беше голем ризик. Ањели одлучи да го преземе тој ризик и тоа му се исплати, па Конте во три години освои исто толку Скудета, па се избори за местото селектор на Италија, па потоа го водеше и Челзи. Меѓутоа, првата прилика на голема сцена му ја даде Ањели, на кого му се заблагодари со среден прст.


Ибра ќе одмара во Лига Европа, Милан без Швеѓанецот во Белград

Милан во рамките од првата нокаут рунда во Лигата на Европа ќе игра против Црвена Звезда. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за во Белград и тој ќе се одигра на 18. февруари. „Газета дело Спорт“ сега тврди дека тренерот Стефано Пиоли за овој натпревар има намера да го одмори Златан Ибрахимовиќ. Причината е поради тоа што Милан само три дена после натпреварот со Звезда го игра градското дерби со Интер. Ваквата информација секако е лоша вест за навивачите на Звезда кои ќе успеат да дојдат до влезница. Според последните информации на стадионот „Рајко Митиќ“ би можеле да бидат исполнети 30% капацитетот на стадионот.


Незапаметено! Двомеч во Лига Европа ќе се игра на неутрални терени

Англиските клубови го променија распоредот на бројни натпревари во ЛШ и ЛЕ, поради државните рестрикции за влез на државјани од Велика Британија и потенцијално проширување на новиот вид на коронавирус.
Фудбалерите на Бенфика и Арсенал ќе ги одиграат двата свои натпревари од 1/16 финалето на Лига Европа на неутрален терен, потврди Европската фудбалска унија УЕФА.
Бенфика ќе биде домаќин на Арсенал во Рим на Олимпискиот стадион, додека Арсенал ќе биде домаќин во Атина на стадионот на Олимпијакос.
Ливерпул и Манчестер Сити им гостуваат на Лајпциг и Менхенгладбах во Будимпешта и Хернинг, додека Реал Сосиедад ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед во Торино.
Додека, натпреварот каде требаше да биде домаќин Атлетико Мадрид против Челзи ќе биде одигран во Букурешт.