фудбал

„Кралевите“ ќе испратат понуда за Ромелу Лукаку

Реал Мадрид минатата сезона за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.
Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Како што пренесуваат шпанските медиуми на врвот на листата желби на „кралевите“ е Ромелу Лукаку.
Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема.


Златан постигна два гола, па објави слика во автомобил вреден два милиони долари

Милан со по два погодоци на Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ го декласираше Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на Серија А. Првите два гола на натпреварот беа дело на шведскиот ветеран, кој во октомври годинава ќе наполни 40 години.
Ибрахимовиќ го постигна првиот гол на овој натпревар со кој го забележа својот 500. клупски погодок во кареирата, а вториот погодок за зголемување на резултатот на 2:0 дојде во второто полувреме по асистенција на Хернандез.
Златан сега има постигнато 501 погодок во својата кариера, распоредени во 22 различни сезони за девет различни клубови.
Започна во 1999. година во Малме, каде беше стрелец 18 пати, потоа 48 пати поентираше за Ајакс, 26 за Јувентус, 66 за интер, 22 за Барселона, 56 во текот на неговата прва епизона во Милан, 156 за ПСЖ, 29 за Манчестер Јунајтед, 53 за ЛА Галакси, а сега има 27 погодоци по враќањето во Милан.
По натпреварот, Ибрахимовиќ објави фотографија во своето Ферари Монца СП2, вредно околу 2 милиони долари испраќајќи јасна порака.
„На пат кон целта.“ – напиша Ибрахимовиќ.


Нова холандска колонија во Барса, Овермарс ќе биде нов спортски директор

Марк Овермарс ќе го напушти директорското место во Ајакс на крајот од сезоната.
Наводно, Овермарс договорил разделба со Ајакс и од лето ќе работи како спортски директор во Барселона. Овермарс е спремен да се врати на Камп Ноу и дека не можел да го одбие предизвикот во Барселона.
Овермарс во Барселона играше од 2000 до 2004 година и само е еден од низата Холанѓани кои оставија голем траг во Каталонија.


Балардини: Ќе го тепам Пандев ако одлучи да се пензионира летово

Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, со двата гола на вчерашниот меч против Наполи во Серија А и донесе големи три бода на Џенова во трката за опстанок.

Тренерот на неговиот тим, Давиде Балардини, на шега вели дека ќе го тепа Пандев доколку реши да оди во пензија. Македонецот  по дуелот изјави дека планира ја заврши кариерата по Европското првенство, но, меѓу редови ја остави вратата отворена и за уште eдна сезона.

„Со Горан планираме да ни оди добро до крајот на сезоната а потоа ако реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го тепам. Тој се плаши од мене“, прокоментира тренерот на Џенова со насмевка на лицето.


Погледнете го третиот најбрз хет-трик во историјата на фудбалот (видео)

Швеѓанката Косоваре Аслани, која настапува за Реал Мадрид го постигна третиот најбрз хет-трик во историјата на фудбалот, а со истиот ја осигура победата на својата екипа против Валенсија со 3:1.
Таа се запиша на листата на стрелци три пати во само 154 секунди, а головите паднаа во периодот од 66:40 до 69:14. Се започна со погодок од слободен удар.
Потоа, таа освои топка на работ од шеснаесетникот и постигна втор погодок, а третиот гол беше само за да се запечати победата.
Побрзо до хет-трик во историјата од Аслани досега стигнале само Магнус Арвидсон, кој со Хаселхолм во шведската втора лига во 1995. година постигна три гола за 89 секунди, а тука е и Томи Рос, кој во 1964. година постигна хет-трик во дресот на Рос Каунти, а за тоа му требаа 90 секунди.

https://twitter.com/BroBible/status/1358128861226168322

Челзи ќе испрати понуда до Реал за враќање на Азар

Eден Азар не се снајде најдобро во Реал Мадрид, но мора да се каже дека и повредите имаат големо влијание. Иако со бројни бонуси беше платен скоро 150 милиони евра лошата форма и повредите не му дозволуваат да ги оправда очекувањата кои навивачите ги имаа од него и сега се шпекулира дека би можел да си замине. Во дел од шпанските и островските медиуми сега се појави информација дека интерес за Азар покажал неговиот поранешен клуб Челзи. Според информациите понудата би изнедувала помеѓу 40 и 50 милиони евра.


Суарез: Куман ладно и в очи ми кажа дека не смета на мене

Роналд Куман по доаѓањето во Барселона отпиша неколку играчи, а меѓу нив беше и Луис Суарез што за многумина беше изненадување. Уругваецот ја напушти Барселона и игра фантастична сезона во која во овој момент со 14 гола е прв стрелец во Ла Лига, а Атлетико е на добар пат да стигне до титулата. Сега Суарез зборуваше за моментите кога одлучил да си замине. „Куман ме викна и ми кажа дека нема потреба од играч како мене. Го прифатив тоа, но му одговорив дека имам договор и дека ќе тренирам со тимот. Ми беше тешко да ја напуштам Барселона, меѓутоа почувствував дека клубот повеќе неме почитува како претходно“, изјаву Суарез. Суарез во Барселона играше од 2014 до 2020 година.


Рамос мора на операција, Реал шест недели без капитенот

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе паузира во следните шест недели, откако денеска мораше да оди на операција. Според шпанските медиуми, дефанзивецот го повреди менискусот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, а лекарите потврдија дека повредата мора да се санира со оперативен зафат. Рамос се обидуваше да закрепне без операција, но по вчерашниот тренинг стана јасно дека се работи за сериозна повреда. Се очекува тој да се врати на теренот на почетокот на април, што значи дека ќе го пропушти двомечот со Аталанта во осминафиналето од Лигата на шампиони.


Клубовите ќе можат да им забранат на играчите да играат за репрезентација?!

Фудбалските клубови ќе можат на своите играчи да им забранат да одат на репрезентативните собири идниот месец, одлучи ФИФА. Клубовите досега беа задолжени да ги пуштат своите играчи за репрезентативни обврски, но коронавирусот влијаеше на промена и на ова правило. Клубовите сега имаат можност да им забранат на играчите да одат во одредена држава, доколку при враќањето од таа држава мораат во карантин од барем пет дена. На пример, на црвената листа на земји во Велика Британија се наоѓаат Португалија и одредени афрички земји, па играчите кои би патувале таму ќе мораат во карантин по враќањето. Така, Манчестер Јунајтед ќе може да му забрани на Бруно Фернандеш да игра за Португалија, доколку оваа држава остане на црвената листа во Велика Британија.


Шок во Барселона, еден од најдобрите фудбалери тајно се оперирал!

Ансу Фати најверојатно ја заврши оваа сезона, бидејќи поради компликации со повредата на коленото мораше на нова операција. Оваа вест беше потврдена од лекарот Мигел Љобет, кој истакна дека Фати мораше на нова операција по болките во коленото. Тој доживеа повреда на менискусот на 7. ноември против Бетис, кога му беше предвидена пауза до март, но како што стојат работите, прашање е дали воопшто ќе се врати сезонава. Пред повредата, Фати беше најдобар фудбалер на Барса заедно со Меси, а на 10 натпревари постигна 5 погодоци и имаше четири асистенции. За потсетување, Барселона сезонава има доста проблеми со повреди, Кутињо се враќа дури во април, Серхи Роберто доживеа нова повреда и ќе паузира уште најмалку еден месец, додека Пике по тримесечна пауза треба да се врати овој месец.