фудбал

Деби во Франција за У21 репрезентацијата во квалификациите за ЕП

Нашата фудбалска репрезентација У21 го дозна распоредот за квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Ние сме во групата со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. Новиот циклус ќе го започнеме на 2 септември на теренот на „триколорите“ а ќе го завршиме кај Украинците на 7 јуни догодина. Еве го комплетниот распоред за македонските фудбалери кој го одреди УЕФА.

02.09.2021 Франција – Македонија

07.09.2021 Македонија – Србија

07.10.2021 Фарски острови – Македонија

12.10.2021 Ерменија – Македонија

11.11.2021 Македонија – Украина

16.11.2021 Македонија – Франција

24.03.2022 Србија – Македонија

29.03.2022 Македонија – Фарски острови

01.06.2022 Македонија – Ерменија

07.06.2022 Украина – Македонија


Голман му одбрани пенал на Левандовски после ОСУМ години!

Роберт Левандовски за прв пат по нешто повеќе од две години промаши пенал. Во натпреварот од 20 коло од Бунделслигата, Баерн на гостувањето против Херта славеше со 1:0, а натпреварот ќе се памети по тоа што голманот Руне Јарштајн му одбрани пенал на Левандовски. Јарштајн најпрво направи пенал над Сане, а потоа се „извади“ со одбраната. Ова беше прв пат под 27. јануари 2019. година некој да му одбрани пенал на полскиот фудбалер. Тој ден промаши пенал во победата на Баерн над Штутгарт, а потоа постигна 17 гола од 17 пенали. Последен голман кој одбранил пенал на Левандовски беше неговиот сегашен соиграч Мануел Нојер, на натпревар во 2013. година, кога Левандовски се уште настапуваше за Борусија Дортмунд. Според податоците на Трансфермаркт, Левандовски за Баерн и Полска од мај 2013. година, постигнал 52 гола од пенал, при што промашил само четири, вклучувајќи го и синоќешниот. Преостанатите три пенали не беа одбранети од голманите.


Коронавирусот прави уште поголеми проблеми за Наполи

Двајца дефанзивци на италијанскиот прволигаш Наполи, Калиду Кулибали и Фаузи Гулам се позитивни на коронавирус, објави италијанскиот клуб. Двајцата фудбалери, кои се без симптоми и се наоѓаат во изолација, па ќе го пропуштат гостувањето на Наполи вечерва кај Џенова во рамки на 21. коло од Серија А. Исто така, под знак прашање е и нивниот настап на двата важни натпревари идната недела, најпрво во среда во Бергамо во реваншот од полуфиналето на италијанскиот Куп против Аталанта, а потоа на 13. февруари дома против Јувентус во италијанското првенство. Наполи е и без напаѓачот Дрис Мертенс, кој се наоѓа во Белгија каде се опоравува од повредата на скочниот зглоб.


Хандановиќ ја загуби довербата, Интер купува нов голман

Интер му „подари“ победа на Јувентус во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, а навивачите брзо го пронајдоа виновникот. Капитенот и голманот Самир Хандановиќ е мета на критики, па и навреди од навивачите на Интер на друштвените мрежи. Она што тлееше неколку месеци наназад сега пукна. Хандановиќ ја изгуби довербата. Искусниот Словенец во претходните години ги навикна навивачите на Интер да брани на високо ниво. Често беше единствена светла точка во тимот на „нероаѕурите“. Сега кога е создаден конкуретен тим во борбата за Скудетото Хандановиќ повеќе не прави разлика. Дури стана една од послабите алки. Сезонава имаше неколку сериозни грешки при примањето голови (Беневенто и Верона), за негова среќа Интер победуваше во тие натпревари. Сепак, после дербито против Јувентус Хандановиќ немаше зад кого да се скрие.

)

Плановите на Нејмар се врзани само за ПСЖ

Нејмар потврди дека нема намера да го напушти тимот на ПСЖ со што стави крај на шпекулациите дека ќе си замине од градот на светлината. „Ме мотивираат само победите кои ги имам остварено во животот и кариерата. Знам какво е чувството да ја освоиш Лига на Шампиони и уверен сум дека повторно ќе го остварам тоа, но, како фудбалер на ПСЖ. Сите знаеме како да поминуваме со фамилијата, пријателите или едноставно да се забавуваме. Пандемијата не натера да размислуваме различно“, додаде фудбалерот на ПСЖ.


Градоначалникот на Марсеј сака да го продаде Велодром

Градоначалникот на францускиот град Марсеј, Беноа Пајан изјави дека има желба да го продаде култниот стадион Велодром, бидејќи како што вели, истиот е прескап за градот.
„Би сакал да го продадеме стадионот, бидејќи не чини премногу. Ќе пронајдеме начин тоа да го решиме и да најдеме купувач.“ – изјави Пајан.
Стадионот Велодром последен пат беше реновиран за Европското првенство 2016. година, а за неговата реконструкција беа потрошени 287 милиони евра, од кои половина ги плати градот Марсеј.


Како реагираа фудбалерите на Барса на договорот на Меси?

Пред неколку дена, каталонскиот Мундо Депортиво крена голема прашина со објавата на деталите од договорт кој Лионел Меси го потпиша со Барселона во 2017. година.
Пред четири години, аргентинецот го продолжи договорот до 2021. година, а за тоа доби неверојатни 555 милиони евра.
Иако се работи за, според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња, голем дел останаа шокирани од цифрата која Меси ја доби за договор од четири години, сметајќи дека не постои фудбалер кој вреди толку многу.
По објавата на деталите од договорот, во Барселона се создаде вистински хаос. Управата и тренерот бараат кој ги објави деталите, а Меси најави тужби против секој кој учествуваше во изнесувањето на овие информации.
Откако јавноста дозна колку заработува Меси, многумина се заинтересираа за тоа како на таа информација реагираше соблекувалната на Барса. Каталонски Спорт откри дека и покрај тоа што аргентинецот заработува многу повеќе од било кој друг соиграч, тоа никому не му смета.
Истиот весник пишува дека по објавата на овие детали, соблекувалната на Барселона делува единствено, атмосферата е одлична и дека нема љубомора помеѓу соиграчите кои застанаа цврсто до Меси.


85% од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид

Жерард Пике кој еден од столбовите во одбраната на Барселона, потенцира дека најголем дел од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид и дека се пристрасни кога им судат на „кралевите“.
„Неодамна еден поранешен судија рече дека 85% од судиите навиваат за Реал Мадрид. Па како да не судат во нивна корист? Дури и несвесно“, вели фудбалерот на Каталонците.
„Знам дека тие се обидуваат да си ја завршат работата, но, кога ќе има сомнителен момент…“, потенцираше Пике во последното интервју.


Зидан е веќе поранешен, познат неговиот наследник?!

Италијанскиот фудбалски стручњак Масимилијано Алегри е еден од најголемите кандидати за наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Останувањето на Зидан на клупата на шпанскиот првак е под знак прашање по неочекуваниот пораз од третолигашот Алкојано во осминафиналето на Купот, па и поразот во полуфиналето од Суперкупот од Атлетик Билбао.
Шпанските медиуми јавуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб планира на крајот од сезоната да тргне по нов тренер. Помеѓу најголемите кандидати е поранешниот тренер на Милан и Јувентус.
Кадена Сер известува дека помеѓу кандидатите е и поранешниот напаѓач, Раул Гонзалез, кој вo моментот ја води втората екипа на Реал, но неговиот минус е неискуството.
Алегри уште од јуни 2019. година е надвор од фудбалот, откако пет години го водеше Јувентус до пет домашни титули, четири во Купот и две во Суперкупот.


Мурињо повторно е хит: „Тоа е добро прашање, но не заслужуваш одговор!“

Тотенхем синоќа беше поразен од Челзи на домашен терен со 1:0, по што падна на седмото место на табелата по 22 одиграни кола во Премиерлигата. Тимот на Жозе Мурињо одигра слаб натпревар, иако во завршницата имаше неколку добри прилики. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Жоргињо, кој во 24. минута погоди од пенал, а Мурињо по крајот се жалеше и на судијата. „Имам доста добро мислење за судијата Маринер и затоа можам да речам дека не сум задоволен од тоа како судеше. Тие победија со гол од пенал кој не постоеше, па затоа боли да загубите натпревар на таков начин. Се мачевме во првото полувреме, но во второто бевме добри.“ – изјави Мурињо. Португалецот ниту на овој натпревар не го искористи Герет Бејл, а новинарката на Скај Спортс го запраша Мурињо зошто велшанецот не доби прилика. „Тоа е добро прашање, но не заслужуваш одговор.“ – изјави Мурињо во негов стил.