фудбал

Клоп сака засилување од Брајтон за следната сезона

Откако го договорија Конате од Лајцпиг „црвените“ влегуваат во финализација на преговорите со Јвес Бисума. Оваа информација ја пренесува Ливерпул „Ехо“. Станува зборува за 24 годишен фудбалер кој е член на Брајтон и сениорски репрезентативец на Мали. Бисума во овој момент има вредност од 17 милиони евра. Брајтон сигурно нема туку така да го пушти овој фубдалер, па прашање е колку Ливерпул ќе мора да издвои од касата. Споменатиот играч за врска сезонава одигра 34 натпревари со Брајтон во сите натпреварувања. Природна позиција му е последен играч за врска, а постигна и два гола сезонава. Се снаоѓа на сите позиции во средниот ред.


Челзи продава 12 играчи за да го доведе Халанд

Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат за Ерлинг Халанд и неговото можно доаѓање во Премиерлигата. Досега беше поврзуван со секој од најголемите шест клубови, а најновата шпекулација е поврзана со Челзи. Медиумите тврдат дека Халанд е главна желба на Томас Тухел, а управата на клубот е подготвена да оди на „се или ништо“ за да го доведе. Поточно, Челзи би можел да се ослободи од дури 12 играчи, како би заработил средства кои се потребни за одработување на таков трансфер, сигурно најголем во клупската историја. Трансферот на Халанд во Челзи, или било кој друг европски клуб, не би можел да чини помалку од 200 милиони евра, а Челзи е подготвен на драстичен чекор за да го оствари тоа. Се споменува заминување на Тами Абрахам, Курт Зума, Томори, Дринквотер, Запакоста, Мозес, Ван Гинкел и уште неколку помалку познати фудбалери, на кои Челзи би можел да заработи околу 200 милиони евра. Меѓутоа, останува прашањето дали и тој износ ќе биде доволен за доведување на Халанд, чиј агент е Мино Раиола.


Баерн спремен да го продаде Левандовски во Реал

Роберт Левандовски може да се пресели во Реал Мадрид ова лето, изненадувачки денес објави „Скај Германија“. Баерн Минхен е подготвен да се раздели со својот голгетер за 60 милиони евра за да ги пополни финансиските празнини направени за време на пандемијата на коронавирусот. Реал на Полјакот гледа како на привремено решение на проблемите во нападот, бидејќи тој ќе чини многу помалку од толку посакуваниот Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе.


Италијанците најавија гледачи во финалето на Купот

Претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино објави дека на гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на финалето на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Аталанта и Јувентус. Благодариме на владата што го одобри нашето барање да ги вратиме навивачите во финалето на Купот на Италија. Тоа е знак на враќање кон нормалноста што ни треба, го цитира Дал Пино Фудбал Италија. Натпреварот Аталанта – Јувентус ќе се игра на 19 мај на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија.


Мисијата успешна, нов потпис на Олд Трафорд?

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани е блиску до договор да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште една година, пишуваат англиските медиуми. Кавани во Манчестер пристигна во октомври по седум години поминати во Париз Сен Жермен и потпиша договор на една сезона, со можност на продолжување на истиот за уште 12 месеци. Менаџерот на Манчестер, Оле Гунар Солскјер инсистираше на останување на Кавани, а според најновите информации е доста блиску да постигне договор за нова едногодишна соработка. Бока Јуниорс сака да го врати Кавани во Јужна Америка, но се чини дека Солскјер успеа во намерата да го убеди да остане уште една сезона на Островото.


Американецот Марш е наследникот на Нагелсман во РБ Лајпциг

Екипата на РБ Лајпциг потврди дека екипата во сезоната 2021/2022 ќе ја предводи Џеси Марш. На официјалната страница, Лајпциг објавија, дека со Марш потпишале договор до јуни 2023 година. Џеси Марш, во Лајпциг, ќе го замени Јулијан Нагелсман, кој од наредната сезона се сели во Баерн Минхен. Марш, во Лајпциг доаѓа од братскиот клуб Ред Бул Салсбург. Американецот, во сезоната 2018/2019 работеше во Лајпциг, како помошен тренер. Во кариерата, Мар, работел во Монтреал и Њујорк Ред Бул.


Репрезентативките ги дознаа противниците за СП

Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за квалификациите за Светското првенство за 2023 година, кои ќе стартуваат на крајот од актуелната година. Нашите фудбалерки се најдоа во квалификациската група „Д“ во друштво на селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург.


Мбапе неизвесен за реваншот против Манчестер Сити

ПСЖ се надева дека 22-годишниот напаѓач ќе биде во можност да биде во составот на својата екипа за реванш полуфиналето во Лигата на шампионите со Манчестер Сити на 4 мај. „Граѓаните“ победија во Париз со 2:1 и се во многу подобра позиција од својот ривал. ПСЖ во моментов е втор во Лига 1, со еден бод помалку од лидерот Лил.


Клоп сака уште еден фудбалер на РБ Лајпциг

Марсел Сабицер е се поблиску до трансфер во Ливерпул, пренесуваат медиумите во Англија. Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека сегашниот состав ќе претрпи големи измени и дека неколку фудбалери ќе го напуштат клубот.
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Тотенхем.
Ливерпул е во преговори со Лајпциг за трансфер на дефанзивецот Конате, па „црвените“ сакаат во „пакет“ да го донесат двајцата фудбалери на „Енфилд“.
Засега не се откриваат финансиските детали од трансферот, кој наводно е пред реализација.


Себаљос сака да се врати во Примера по две позајмици во Арсенал

Дани Себаљос ја исклучи можноста да остане во Арсенал, позајмици повеќе не сака. Себаљос ги минува последните денови на „Емирати“ затоа што доаѓа крајот на позајмицата од Реал Мадирд и Шпанецот нема намера да се задржува на Островот. Креативниот играч за врска стигна пред две сезони во Арсенал, а после едногодишната позајмица истата беше продолжена за уште толку. Сега призна дека доаѓа крајот на неговиот период во Арсенал. „Лошо си поминав затоа што ја немав доследноста која ја имав минатата година. Само пет или шест натпревари одиграв на добро ниво. Да бидам искрен, Примера повеќе ми се допаѓа. Премиер лигата е покомплетна, но за мојот стил на игра Примера е подобра. Уште една позајмица би била тешка и за двете страни и за Реал Мадрид и за мене“, изјави Себаљос.