фудбал

Ако Мбапе потпише за Реал, ПСЖ веќе ја има неговата замена

Килијан Мбапе ова лето остана во ПСЖ, но одбива да го продолжи договорот и се поголеми се шансите на лето да си замине како слободен агент.

Мбапе е голема желба на Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека Французинот веќе има договор со „кралелвите“ и ќе пристигне во Мадрид следното лето. ПСЖ веќе ја започна потрагата по негова замена, а најгоелма желба е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Халанд на лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ги задоволи барањата на неговиот агент и да му даде плата од 50 милиони евра по сезона.

За Халанд постои голем интерес од европските гиганти, најмногу од Реал Мадрид, па ПСЖ на овој начин ќе му се „одмазди“ на Перез за трансферот на Мбапе.


Два калчолигаши заинтересирани за Денис Закарија

Рома и Наполи се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.

Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата. Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на италијанските клубови.

Швајцарскиот репрезентативец одигра добро и на Европското првенство, а Мехенгладбах за неговата слобода бара 25 милиони евра

Најсилен интерес за него покажува Рома, а Мурињо веќе стапил во контакт со фудбалерот и сака да го донесе во Рим уште во јануари.


Пред две години Ансу Фати бил пред потпис со Ница

Ансу Фати во текот на летото стана новата „десетка“ на Барселона, откако претходно од гигантот си замина Лионел Меси.

Барселона се обидува да му го продолжи договорот на Фати затоа што во него гледа лидер за тимот. Меѓутоа, во 2019 година Фати бил подготвен да си замине од Барселона, а негов нов тим требало да стане Ница.

Таткото на младиот фудбалер на Барселона ги договорил условите, па дури и се фотографирал со дресот на Ница на кој била „деветката“, но трансферот пропаднал поради бизарна причина. Фати имал проблеми со пасошот, кои не можеле да се решат до крајот и трансферот во Ница им пропаднал поради тоа.


Бензема: Ве молам не споредувајте ме со Зидан!

Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација Карим Бензема зборуваше за односите со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Никогаш нема да можам да се споредувам со Зизу и да кажам дека сум на исто ниво со него. Премногу ги почитувам него и Роналдо. Можам само да научам од она што го направија. Многу добро се сложуваме со Зидан. Ние сеуште комуницираме, тој е секогаш подготвен да ми помогне. Но, никогаш нема да кажам дека Зидан и јас сме еднакви, тоа е незамисливо“– изјави Бензема  за „Л’Екип“.

Да потсетиме, Бензема се пресели во Реал Мадрид од Олимпик Лион во 2009 година. Оваа сезона францускиот напаѓач учествуваше на 7 натпревари од шпанското првенство, постигна 8 гола и 7 асистенции.


Шампионот на Италија пријави рекордна загуба

Интер потврди загуба од 245.6 милиони евра за периодот 2020/21, што е рекорден износ меѓу клубовите во Серија А.

Интер од врвот на листата го симна Јувентус, кој за истиот период објави негативен финансиски извештај во износ од 209.9 милиони евра. Една сезона претходно Интер пријави загуба од 102.4 милиони евра.

Интер изрази надеж дека одлуката на здравствените власти да дозволат враќање на навивачи на стадионите ќе му помогне на клубот во овие тешки времиња.


Реал спрема нов договор за Модриќ

Иако пред само пет месеци потпиша нов договор со Лука Модриќ, Реал Мадрид уште сега е спремен за ново продолжување на соработката со Хрватот.

Модриќ има договор до крајот на сезоната, а иако има 36 години, се уште е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

„Кралевите“ не сакаат да се разделат со него, па наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот на уште една година. Модриќ  не размислува за пензија и сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“ што е можно побрзо, па се очекува двете страни лесно да најдат заеднички јазик околу договорот.


Дибала отпадна од списокот на Скалони за октомвриските мундијалски квалификации

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ќе ги пропушти квалификациите за СП на Аргентина против Парагвај (7 октомври), Уругвај (10 октомври) и Перу (14 октомври), објави прес-службата на националниот тим на Аргентина.

Да потсетиме, Дибала се повреди на натпреварот од италијанското првенство со Сампдорија (3-2), што се одигра на 26 септември. Репрезентацијата на Аргентина има освоено 18 поени на 8 натпревари и е на второто место во квалификациите за Јужна Америка за СП 2022 година.

Лидер во квалификациите е Бразил со 24 бода. Дибала оваа сезона учествуваше на 5 натпревари од италијанското првенство, постигна 2 гола и 2 асистенции.


Кавани опција и за нападот на Реал Мадрид?

Единсон Кавани како што стојат работите може да го напушти Манчестер Јунајтед во претстојната зима.

Помалата минутажа која ја добива може да биде причината да побара нова средина, пренесува шпанскиот „Национал“. Барселона наводно покажала интерес и таму Кавани би можел да има споредна улога, но сигурно поважана од онаа во овој момент во Јунајтед.

Слична е ситуацијата во Реал Мадрид каде што се бара замена за Бензема. Таков трансфер сигурно не би му одговарал на Лука Јовиќ кој и онака има мизерна минутажа, а доаѓање на Кавани за него би значело и јасна порака дека може да си бара нова средина.


Романија е следната дестинација во кариерата на Аврамовски

Даниел Аврамовски кој е без клуб откако го напушти Кајсериспор би можел кариерата да ја продолжи во Романија. Аврамовски е без клуб скоро еден месец, а сега романските медиуми пишуваат дека интерес за него покажал Динамо Букурешт. Во овој тим Аврамовски би му се придружил на напаѓачот Мирко Ивановски.

Во Турција Аврамовски се пресели после распадот на тимот на Вардар, а на 24 натпревари за Кајсерипсор имаше учинок од два гола и четири асистенции. Аврамовски беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство, но не се најде на списокот на Милевски за октомврскиот и претходниот септемврски циклус на квалификации.


Имобиле се повреди, нема да игра на завршниот турнир на Лига на нации

Чиро Имобиле ќе биде надвор од теренот неодредено време поради повредата здобиена за време на натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, во второто коло со Локомотив (2:0). Напаѓачот има мала повреда на мускул на десната надколеница, објави прес-службата на Лацио.

Да потсетиме дека во натпреварот од второто коло од групната фаза на Лига Европа, Лацио играше со Локомотив Москва, а натпреварот заврши со 2:0 во корист на домашниот тим.

Локомотив и Лацио играат во иста група со турскиот Галатасарај и францускиот Олимпик Марсеј. Доколку се знае каква е улогата на Имобиле во играта на Лацио, секако ова ќе биде голем хендикеп за римскиот тим