фудбал

Пеп многупати му рекол НЕ на Роман Абрамович

Пеп Гвардиола шест пати одбил понуда од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович. Според англиските медиуми рускиот милијардер бил импресиониран од шпанскиот стратег додека беше тренер на Барселона. „Атлетик“ открива дека првиот пат Абрамович испратил понуда до Гвардиола во 2010 година, а неколку месеци покасно, откако замина Анчелоти, Челзи повторно го побарал Пеп.
Третиот пат бил на почетокот од 2012 година, кога Андре Виљас-Боаш ја заврши кратката авантура на „Стенфорд Бриџ“, но и тогаш Гвардиола ја одбил понудата.


Шкупи го промовираше Гоце Седлоски за свој нов тренер

Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи. Клубот од Чаир и официјално го промовираше Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Очекувањата од Седлски се највисок пласман, а во клубот веруваат дека тоа може да го оствари. „Сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите кои помогнаа да бидам тука. Разговаравме и во текот на зимата, но тогаш не се договоривме. Сега бил вистинскиот момент да дојдам во Шкупи. Амбициите ни се совпаѓаат. Знам дека клубот многу вложува, некои фудбалери ги познавам од времето кога бев во Вардар“, изјави Седлоски на промоцијата.


Три фудбалери се враќаат меѓу „кралевите“ за дуелите со Челзи

Рафаел Варан, Еден Азар и Даниел Карвахал ќе бидат спремни за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони против Челзи, пренесуваат шпанските медиуми. Варан даде позитивен тест на коронавирус, додека Азар и Карвахал подолго време се рехабилитираат од повреда. Се очекува тројцата да му бидат на располагање на Зинедин Зидан за првиот меч со Челзи во полуфиналето кое на програмата е на 28-ми април. Што се однесува до Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти првиот меч, но лекарскиот тим ќе се обиде да се опорави за реваншот.


Кејн бира меѓу гигантите од Манчестер

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова лето. Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот. Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара 130 милиони фунти. За Хари Кејн интерес покажувата многу европски гиганти, но тој сака да остане во Англија и преферира да се пресели во Манчестер.


Барса планира кам-бек на Дани Олмо

Барселона е заинтересирана за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат каталонските медиуми. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација. Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, па Барселона сака да го врати на „Камп Ноу“. „Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија“, пишува каталонски „Спорт“.


Фоден се израмни со Мбапе

Во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд беше домаќин на Манчестер Сити на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Средбата заврши со победа на гостите со резултат 2-1. Победничкиот гол на мечот го постигна играчот за врска на „граѓаните“, Филип Фоден. Како што беше објавено по натпреварот, Фоден е вториот играч кој постигнал гол во две четвртфиналиња на Лигата на шампиони на УЕФА пред да наполни 21 година. Претходно, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, успеа да го направи тоа. Во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити ја победи Борусија Дортмунд на гости со 2-1. Првиот натпревар, кој се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер, исто така заврши со победа на Манчестер од 2-1. Така, Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, каде ќе игра со ПСЖ.


Јуве ги продава засилувањата од 0 евра – Рабио и Ремзи

Јувентус ќе прави голема реконструкција по завршувањето на сезоната. Најголеми промени ќе претрпи средниот ред и ведникот тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио. Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира повеќе од 50 милиони евра. Најголема желба на Пирло е Мануел Локатели од Сасуоло и Хусем Ауар од Лион, а „бјанконерите“ веќе започнаа преговори со двајцата.


Дембеле сака повторно да работи со Тухел

Осман Дембеле го привлече вниманието откако откри кој му е омилен тренер. Во моментов иднината на Дембеле во Барселона е главна тема бидејќи се уште нема ставено потпис на нов договор. Барселона му нуди договор до 2025 година, но Дембеле на лето влегува по последната година од договорот и може да биде продаден. „Томас Тухел е мојот омилен тренер. Под негово водство играв повеќе на десната страна, сè додека не бев префрлен на позиција десет. Да останеше во клубот, ќе одбиев да ја напуштам Борусија Дортмунд“, изјави Дембеле.


УЕФА го менува правилото за гол во гости во евро-куповите

УЕФА планира да направи големи промени во правилото за гостински гол за следната сезона, објави весникот „Сан“. Да потсетиме, според важечките прописи, со изедначен резултат во елиминациските натпревари по одиграни два натпревари, екипата што постигнала повеќе голови на гостински терен оди во следната рунда. Според изворот, според новите правила, головите на гости ќе се бројат само во регуларното време на двата натпревари. Доколку на крајот од двата натпревари се игра дополнително време, гостинскиот тим нема да има предност со гол на гостински терен. Се најавува дека овој предлог веќе е поддржан од водечките клубови во Европа. Гласањето за измени и дополнувања на правилата ќе се одржи на состанок на комитетот на УЕФА за натпревари, кој ќе се одржи на 16 април. Забележано е дека предлогот за целосно укинување на правилото за гостински гол беше одбиен.


Атлетико нема да ги продава Саул и Хименез

Извршниот директор на Атлетико Мадрид – Мигел Анхел Хил Марин е категоричен дека Саул Нигес и Хозе Хименез нема да заминат во друг клуб. Вчера беше објавена информација дека двајцата ќе бидат дел од чистката што екипата ќе ја спроведе ова лето. Сепак, тие се меѓу играчите на кои најчесто се потпира тренерот Диего Симеоне. „Саул и Хименез се меѓу капитените на тимот. Тие се во клубот многу години и затоа го добија правото сами да одлучуваат кога и како да ја прекинат соработката со Атлетико. Јас лично не мислам дека дојде тој момент. Во секој случај, клубот ќе ја цени желбата и перформансите на секој играч. Само тогаш ќе бидат донесени одлуките. Информациите дека клубот сака двајцата играчи да заминат се сосема погрешни. Сè што Атлетико сака во моментов е да размисли за освојување на Ла Лига. Со оглед на тоа што сега, на шест недели и осум кола пред крајот на шампионатот, ние сме лидери и се бориме да ја задржиме првата позиција, не е време да се зборува за трансфер пазарот. Да се стори тоа сега е неодговорност што води само до нестабилност. Ова е нешто кон што некој се стреми“, изјави Хил Марин.