фудбал

Два калчолигаши го сакаа Моизе Кин назад во Серија А

Италијанските медиуми јавуваат дека Јувентус и Интер подготвуваат договори за доведување на Мојс Кин од Евертон, кој годинава игра како позајмен во ПСЖ. Италијанскиот напаѓач призна дека сè уште не знае каде ќе игра следната сезона по синоќешниот настап за ПСЖ во Лигата на шампионите. Според Тутоспорт, и Јувентус и Интер го имаат 21 годишникот како една од нивните примарни цели за следната сезона. Торинскиот весник објави дека „нероаѕурите“ би можеле да го понудат Матиас Весино во договор за размена со Евертон плус- готовина, бидејќи Карло Анчелоти го сакаше уругвајскиот репрезентативец и претходно. „Старата дама“, пак, размислува да го понуди Мерих Демирал во договор за размена со Кин.


Флик пред заминување, Нагелсман ќе го преземе Баерн

Лотар Матеус најави дека тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, ќе си замине нa крајот на сезоната. Неговата најава доаѓа по вчерашната елиминација на Баварците во Лигата на шампионите од францускиот ПСЖ. „Ханси Флик ќе замине бидејќи има понуди други тимови и од германската репрезентација. Баерн сака да го донесе Јулијан Нагелсман“, потенцираше Матеус. Тимот од Минхен откако е елиминиран од елитата на Европа, сега ќе се насочи само кон одбрана на титулата во Бундес-конкуренцијата.


Италија потврди: Рим ќе го отвори ЕП со гледачи на трибините

Италијанската влада дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско фудбалско првенство во текот на летото. Тоа значи дека Рим е деветтиот град што ќе овозможи на трибините да има ограничен број на фанови или 25 проценти да биде исполнет капацитетот на стадионот. Претходно тоа со направија: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург. УЕФА им остави простор на Билбао, Даблин и Минхен да одговорат до 19 април дали ќе дозволат фанови на трибините, во спротивно, може да бидат одредени нови градови-домаќини за натпреварите на континеталниот собир.


Фердинанд го препорача Калверт-Луин за неговиот Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Евертон, Доминик Калверт-Луин, може да биде „фантастично засилување“ за Манчестер јунајтед во текот на летото, проценува поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд. Различни медиуми во Европа тврдат дека Јунајтед е заинтересиран и за Хари Кејн и Ерлинг Халанд, но, тие трансферите можат да бидат премногу компликувани. „За мене, вистинскиот избор е Доминик Калверт-Луин. Гледам многу натпревари на Евертон и очигледно е дека тој им создава многу главоболки на противниците”, вели Фердинанд.


Буфон бира меѓу Јуве, помал клуб или пензија

Дали ова е последна сезона за Џанлуиџи Буфон? Во овој момент одговорот на прашањето веројатно не го знае ниту тој самиот. Буфон има 43 години, но и понатаму брани во одлична форма. Пред него сега се три опции. Првата опција е преговори со Јувентус за нов договор на дополнителна една година, втората преговори со друг тим, а третата – пензија. Јувентус го чека, но клубот мора да биде спремен и да бара негова замена за наредната сезона ако Џиџи се реши да не продолжи.


Лацио бара 70 милиони евра за Милинковиќ Савиќ

Италијанските и шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Савиќ игра одлична сезона во италијанското првенство и веќе од поодамна е мета на „кралевите“. Во Савиќ Реал гледа замена за Лука Модриќ кој исто така игра добро, но наскоро ќе наполни 36 години. Според информациите, Реал на Лацио ќе мора да му плати 70 милиони евра. Савиќ сезонава постигна седум гола и додаде девет асистенции. Покрај Реал, интерес за Савиќ покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Ибра казнет со еден натпревар неиграње заради црвениот картон во Парма

Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи казна од еден меч од страна на Дисциплинската комисија за Серија А, поради исклучувањето на средбата со Парма одиграна во изминатиот викенд. Ветеранот од Шведска дополнително ќе мора да плати и 5.000 евра. Тој ќе ја одлежи санкцијата во наредното коло во текот на викендот на мечот со Џенова. Ќе потсетиме, 39-годишниот ветеран на средбата со „млекарите“ имаше вербална расправија со главниот судија, Фабио Мареска, во 60. минута од натпреварот по што заработи црвен картон.


Кун Агуеро се сели во Лондон, Челзи фаворит за потпис на Аргентинецот

Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија.
„Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти.
32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен да работи со Агуеро и ќе стори се што е во негова моќ да го донесе во неговиот тим.


Перез единствен кандидат, останува претседател до 2025 година

Иако постоеjа некои најави дека младиот шпански бизнисмен Енрике Рикелме ќе се обиде да влезе во трката за претседател на Реал Мадрид сепак тоа не се случи.
Рикелме дури и даваше изјави во медиумите со кои уверуваше дека ќе се кандидира за прв човек на Реал. Сепак, до 2025 во Мадрид нема да има промени, Флорентино Перез остана единствен кандидат на изборите па тој ќе ја извршува функцијата и во наредните четири години.
Претходно Перез најави дека и покрај кризата која ја предизвика пандемијата со коронавирусот ќе се обиде да доведе некого од Мбапе и Халанд.


Арсенал купува напаѓач од Селтик

Арсенал има интерес за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард. Според „Телеграф“, раководството на „топџиите“ планира да го зголеми бројот на напаѓачи во летниот преоден рок и смета дека Едуард е најдобриот кандидат за оваа улога.
Челниците на Арсенал го гледаат како долгорочна замена за Александар Лаказет, кој ќе наполни 30 години овој мај. Според изворот, Арсенал веќе контактирал со преставниците на францускиот напаѓач, но во текот на летото ќе мора да се соочат со конкуренција за да го добијат овој играч затоа што за него е заинтересиран и Лестер Сити.
Одсон Едуард потекнува од школата на ПСЖ, за чиј прв тим не одигра ниту еден натпревар. Во август 2017 година, тој премина во Селтик на поазјмица, а веќе во мај 2018 година Селтик го купи од ПСЖ за 10,3 милиони евра. Оваа сезона во шкотската Премиер лига, Едуард одигра 27 натпревари и постигна 16 погодоци (5 од пенал), што го направи најдобар стрелец во лигата. Неговата вредност се проценува на 15 милиони евра.