фудбал

Де Врај и Интер заедно до јуни 2023 година

Дефанзивецот на Интер и Холандија, Стефан Де Врај ќе потпише нов договор со миланскиот клуб, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, двете страни се согласиле за условите на новиот договор. Објавено е дека холандскиот фудбалер се согласил да направи отстапки за клубот. Актуелниот договор на Де Врај со Интер до летото 2023 година. Де Врај се пресели во Интер од Лацио, а оваа сезона тој учествуваше на 19 натпревари од италијанската Серија А и постигна еден гол. Минатата есен Барселона беше заинтересирана за овој дефанзивец. Инетр има освоено 47 поени на 21 средба и е на второто место на табелата со два бода помалку од лидерот Милан кој има 49 бода.


Орландо Сити е новиот клуб на Алесандре Пато

Бразилецот Алесандре Пато е пред потпис со новиот клуб. Кога пред 15-тина година стигна во Милан беш еден од најголемите таленти во светот, а сега неколку месеци се обидуваше да најде клуб. Пато кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во Орландо Сити. Бразилецот со тимот од Флорида ќе потпише договор на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една. Oрландо неговиот трансфер го најави со неколку мистериозни објави на друштвените мрежи. Пато последниот ангажман го имаше во Сао Паоло, а слободен е од август.


РБ Лајпциг го откупи договорот на Анхелињо

РБ Лајциг по победата над Аугзбург, објави уште една добра вест и тоа дека официјално нивен нов член е Хосе Анхел Есморис Тасенде или попознат само како Анхелињо. Анхелињо досега играше за „биковите“ како позајмен играч од премирлигашот Манчестер Сити, но со вечерашниот настап против Аузгбург беше активирана клаузулата според која Шпанецот станува фудбалер на Лајпциг и тоа за сума од 18 милиони евра. Левиот бек кој може да игра и како крило ако е потребно потпиша договор со важност до 2025 година. Анхелињо перфектно се снајде во системот на тренерот Нагелсман и севкупно досега на 47 мечеви даде 9 голови и запиша 16 асистенции.


Палмеираш добива големо засилување, потпишува со Диего Коста

Диего Коста остана без ангажман откако ја заврши соработката со Атлетико Мадрид, а бразилските медиуми се убедени дека ќе се врати во својата татковина.
Коста е пред враќање во родниот град Сао Пауло и потпишување двегодишен договор со Палмеираш.
Напаѓачот како дете навивал токму за овој бразилски тим, па сега сака да ја оствари желбата да го носи дресот на екипата која беше јужноамерикански шампион во 2020 година и неодамна учествуваше на Светското клупско првенство.
Палмеираш ќе му плати по три милиони по сезона на Коста, а преговорите ќе бидат финиширани наскоро бидејќи и фудбалерот е во Бразил.


Голем удар за Атлетико во клучен период!

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез ќе паузира најмалку три недели поради повреда и така ќе пропушти неколку важни натпревари. Хименез нема да игра на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, а ќе пропушти и минимум четири лигашки натпревари – денешното гостување кај Гранада, двомечот со Леванте, па гостувањето кај Виљареал, а ќе биде неизвесен и за градското дерби против Реал на 7. март. Ова е голем удар за Симеоне кој во минатиот период имаше отсутни фудбалери и поради корона, а се уште во аут се Жоао Феликс и Хектор Херера, додека се вратија Ермосо и Караско. Во отсуство на Хименез, тројца стопери ќе мораат да играат на сите натпревари, Савиќ, Фелипе и Ермосо, што нема да биде нималку лесно. Атлетико во наредните три недели има шест натпревари, од кои само два во Мадрид, против Леванте и Реал.


Дарко Грозданоски потпиша за прилепска Победа

Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот, односно „шпиц напаѓач“.
Во оваа улога за Победа во пролетната полусезона ќе настапува младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминава година и пол, но есенва беше позајмен и настапуваше за Тиквеш од Кавадарци. Притоа, на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола (против Вардар и Струга Трим Љум).
Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград, каде што тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ и други.


ПСЖ доби и добри вести пред дуелот со Барселона

Првиот голман на Париз Сен Жермен, Кејлор Навас се опорави од повредата и конечно се врати во составот од главниот град на Франција.
Маурисио Покетино конечно ќе може да се смета на Навас, кој ќе брани против Ница, како би се подготвил и за најважниот дуел со Барселона во вторник на Камп Ноу.
Навас беше во аут на претходните четири натпревари, се враќа во клучен момент, што конечно е една добра вест за Покетино по низата лоши. Нејмар и Ди Марија сигурно ја пропуштаат Барса, Марко Верати и понатаму е под знак прашалник и одлуката за неговиот настап ќе биде донесена на денот на натпреварот.
ПСЖ ја дочекува Ница денеска во 17. часот, а во вторник во 21. часот гостува кај Барселона.


Рамос го напушта Реал поради – Бејл?!

Серхио Рамос и Флорентино Перез не можат да постигнат договор, па се поизвесно е дека ќе се разделат по 17 години.
Мадридски „Ас“ пишува дека еден од проблемите е и платата на Герет Бејл, на која Реал се подготвува и наредната година, бидејќи Тотенхем нема намера да го задржи велшанецот. Бејл го чини Реал 30 милиони евра годишно, што е огромна сума која влијае на потенцијалните други договори, меѓу кои е и обновата на договорот со капитенот.
Реал ќе се обиде да го продаде Бејл по пониска цена на година дена пред истекот на договорот, но велшанецот не сака да се откаже од високата плата која ниеден друг клуб нема да му ја даде. Така, се поизвесно е дека Бејл ќе остане макар и клупата, само да остане до крајот на договорот, на што инсистираше и минатата година, иако не беше дел од плановите на клубот.
Исто така, Реал ќе мора и да купува по две години, во 2019. беа „фрлени“ 300 милиони евра на Азар, Јовиќ, Милитао и Менди, а скоро ниту еден од нив не ги оправда очекувањата.
Мадридскиот тим е најблиску до потпис со Давид Алаба, кој исто така бара висока плата, но Перез е спремен да ризикува бидејќи ќе го доведе без обесштетување.


Баерн го договори трансферот на еден од најбараните дефанзивци во Европа

Баерн Минхен го договори трансферот на Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, потврди спортскиот директор на германскиот шампион, Хасан Салихамиџиќ.
Сјајниот 22-годишен дефанзивец практично беше желба на сите големи европски клубови, како Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, но на крајот ќе го облече дресот на минхенски Баерн.
На францускиот стопер во последните денови на јуни ќе му се активира отштетната клаузула од 42 милиони евра, која за големите клубови не би претставувала проблем, но клучно е тоа кој ќе ги договори личните услови со играчот. Во тоа успеа Баерн.
„Можам да потврдам, среќен сум што ќе го доведеме.“ – изјави Салихамиџиќ.


Мурињо: Им завидувам на Клоп и Пеп

Манчестер Сити и Тотенхем денеска од 17.30 го играат дербито на 24. коло во Премиерлигата.
Водечкиот Сити ги доби последните 15 натпревари по ред во сите натпреварувања, а Спарси само еден од последните пет натпревари кои ги одиграа. Тотенхем е во доста лоша форма и падна на осмото место, па грчевито се бори за место кое води во европските натпреварувања.
Жозе Мурињо воочи денешниот натпревар го спореди Тотенхем со најголемите англиски клубови.
„Пеп и Јирген се двата најдобри тренери и во лигата и во светот. Водат клубови кои сакаат да освојат се, а да би освоиле, морате да ги имате најдобрите играчи на секоја позиција. Не е лесно да се состави добар тим, но кога Пеп ќе посака да потроши на дефанзивци, тогаш тоа и го прави. Клоп го доведе Ван Дајк, а потоа ниту тој не му беше доволен, па го купи и Алисон. Така оди тоа во клубовите со големи финансиски можности. Им завидувам.“ – изјави Мурињо, па продолжи:
„Кога доаѓав во Тотенхем, клубот беше доста отворен и искрен кон мене. Знаев дека доаѓам во различна средина. Тотенхем е голем клуб, тука нема сомнеж, но е клуб од различен профил кога е во прашање борба за титули. Ние не можеме да го решиме некој проблем со пишување на чек. Јас не се жалам. Давам се од себе, а клубот ми помага колку што можи.“
Мурињо годинава на нови играчи потроши 110, Сити 171, а Ливерпул 82 милиони евра.