фудбал

Чаби Алонсо бира меѓу Ливерпул и Сити

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Ливерпул и Бајерн е спремен за нова работа и преговара со два англиски клуба.

Станува збор за два гиганти, а наводно останува само да избере на кој ќе му каже “да” и чија понуда ќе ја прифати Чаби Алонсо.

Тренерската кариера ја започна Алонсо во 2017 година во У14 тимот на Реал Мадрид, а потоа го водеше вториот тим на Реал Сосиедад. Со овој тим успеа да обезбеди пласман од трета во втора лига, а потоа продолжи во Бундеслигата, каде го презеде Бајер Леверкузен. Со германскиот тим ја прекина доминацијата на Бајерн, освојувајќи го првенството, Купот и Суперкупот.

Следеше премин во Реал Мадрид, но таму работите не се одвиваа како што се очекуваше и доби отказ во јануари оваа година. Според информациите од Англија, Чаби Алонсо има нова работа, односно останува само да ја прифати една од двете понуди што ги има.

Наводно Чаби Алонсо веќе некое време преговара со два премиерлигашки гиганти, а станува збор за Ливерпул и Манчестер Сити. Се зборува дека Пеп Гвардиола ќе ја напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, а го гледаат Алонсо како идеален наследник во клубот. Од друга страна, во Ливерпул се подготвени да му дадат отказ на Арне Слот на крајот на сезоната, дури и ако ги одведе “Црвените” до Лигата на шампионите.

Едно нешто што го побара Чаби Алонсо во преговорите со двата клуба е исто, а тоа е дека сака да го доведе својот комплетен тренерски тим и за тоа не сака да расправа.


Деле Али тренира со Тотенхем и не се откажува од својата фудбалска кариера

Деле Али за само десет години помина пат од млада ѕвезда на Премиер лигата до речиси заборавен фудбалер. Иако следниот месец ќе наполни само 30 години, веќе подолго време е надвор од фудбалската сцена, а последниот ангажман го имаше во италијанскиот Кoмо, каде што во претходната сезона одигра само еден натпревар.

Поранешниот репрезентативец на Англија, кој сега е слободен агент, се врати на местото на своите најголеми успеси и моментално тренира со тимот на Тотeнем, во чиј дрес постигна 51 гол во Премиер лигата.

Тој не се откажал од фудбалската кариера и се надева дека наскоро ќе најде нов клуб, иако речиси три сезони не играл сериозен фудбал.

Последниот гол го постигна за Бешикташ во сезоната 2022-2023, каде настапуваше како позајмен играч од Евертон. Во следната сезона се врати на „Гудисон Парк“, но поради повреда не одигра ниту еден натпревар.

На врвот на кариерата, во 21 година, Али постигна 18 голови за Тотнем во сезоната 2016-2017. Тогаш беше прогласен за најдобар млад играч на Премиер лигата и избран во идеалниот тим.


Повредата не е сериозна, Роналдо ќе паузира 2-4 недели

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ќе се опорави помеѓу две и четири недели од повредата на тетивата што ја доби за време на натпреварот против Ал-Фајха во првенството на Саудиска Арабија.

Португалецот беше заменет во 81-вата минута од победата на неговиот тим од 3-1.

Клубот ја потврди повредата на десната нога, но не прецизираше конкретен временски период за неговото закрепнување.

Оваа ситуација го става учеството на Кристијано Роналдо на тестовите на Португалија со Мексико и САД, кои се на 29 март и 1 април, соодветно, и се многу важен дел од подготовките на „морнарите“ за Светското првенство, под сериозно прашање.

Се очекува Светското првенство да биде последниот голем турнир во кариерата на Роналдо, бидејќи тој се стреми да учествува на Светското првенство по шести пат.


Гризман одлучи да остане до јуни во Атлетико, па да се пресели во МЛС лигата

Антоан Гризман одлучи да ја одложи преселбата во Орландо Сити до јуни, останувајќи во Атлетико Мадрид до крајот на сезоната.

Оваа одлука уследи по драматичниот пласман на „јорганџиите“ во финалето на Купот на Кралот, откако ја елиминираа Барселона, што го поттикна Французинот да се бори за трофеј пред заминувањето во САД.

Пласманот на Атлетико Мадрид во финалето на Купот претставува значаен успех за тимот предводен од Диего Симеоне, особено по напнатиот реванш на Камп Ноу против Барселона.

Иако Барселона победи со 3:0 во вториот натпревар, убедливата предност од 4:0 на Атлетико од првиот дуел на Метрополитано беше пресудна за конечниот исход. Овој резултат директно влијаеше на плановите на Антоан Гризман, кој претходно беше блиску до трансфер во Орландо Сити во МЛС лигата.

Желбата да се збогува со мадридскиот клуб со освоен трофеј преовлада над можноста за итно заминување во САД, при што Гризман ги известил челниците на Орландо дека трансферот ќе се реализира во јуни, а не во март.


Тиквеш го декласира Арсими среде Гостивар

Екипата на Тиквеш од Кавадарци се врати со полн плен од гостувањето во Гостивар, откако славеше против Арсими со убедлив резултат 5-0, во рамките на 21. коло од домашното фудбалско првенство. Натпреварот беше во целосна контрола на гостите, особено во првото полувреме.

Уште во првата минута Тиквеш дојде до водство. По индивидуална акција, Стојанов прецизно шутираше и го совлада голманот Ислами. Првично беше сигнализирана можна офсајд позиција, но по ВАР-проверката погодокот беше признат за 0-1.

Раниот гол беше силен удар за домаќините, кои тешко се снаоѓаа во воведните минути. Во 9. минута Гуел реализираше од непосредна близина за 0:2, а доминацијата на гостите продолжи и со третиот погодок, дело на Луизијанињо, кој зголеми на 0:3 и практично го реши прашањето на победникот уште во првиот дел.

Арсими имаше неколку обиди да се врати во игра. Во 41. минута Селмани ја погоди пречката, а кратко потоа Аргјенд Гафури имаше добра можност, но топката заврши покрај стативата. До крајот на полувремето Тиквеш создаде уште неколку шанси, но домашниот голман спречи поубедлив резултат.

Во второто полувреме домаќините се обидоа да реагираат. Фатјон Јусуфи се закани со силен удар, но голманот Стевковски беше сигурен. Сепак, по грешка во одбраната на Арсими, Сила постигна гол за 0-4, а само една минута подоцна Давид Голубов зголеми на 0-5.

Ова беше едно од најслабите изданија на Арсими на домашен терен оваа сезона, додека Тиквеш уште еднаш потврди дека располага со хомоген и квалитетен состав.

По овој пораз, Арсими се наоѓа на деветтата позиција со 26 бодови, додека Тиквеш се искачи на шестото место со 27 поени.


Македонија ЃП од негатива до победа против Работнички

Тимот на Македонија ЃП успеа на свој терен во рамките од 21. коло од ПМФЛ на свој терен денеска да го совлада тимот на Работнички со конечни 3-1 и на тој начин да освои многу значајни бодови во битката за опстанок во оваа сезона.

И покрај лошиот старт на мечот во кој гостите од Градски парк во 13 минута дојдоа до предност сепак, домаќинот успеа да направи комплетен пресврт уште пред полувреме. Шансата на Сухељ Мухарем донесе корнер, а по него, Мартин Талаков со помош на одбраната на Македонија ЃП, која што не реагираше најдобро успеа да погоди против сега веќе својот поранешен тим.

Николовски две минути подоцна се обиде од далечина, а потоа на сцена стапи домаќинот.

Пред се Колумбиецот Гереро кој што по таа своја лева страна на денешниот меч беше несопирлив. Крилото асистираше по земја, а Николиќ не успеа да ја зафати топката на петерецот, за да истиот играч во 28. Минута има зицер ситуација со глава која што не ја користи.

Сепак, во 38. минута Гереро убаво нафрли, а Али Адем помеѓу тројца гостински дефанзивци успеа да ја зафати топката со глава и да реализира за 1-1.

Во следната ситуација Гереро повторно го ангажира Николиќ овој со „ножички“ се обиде, а спасува Мерџани.

Конечно, во последната минута од првиот дел, Гереро со додавање за Николиќ, овој со прекрасна ролинг асистенција го вработи Стојчевски на подалечниот дирек, а овој со прецизен удар израмнува на 1-1.

Во вториот дел Никола Манојлов во 54. минута имаше мат позиција за израмнување, биеше без да ја прими топката, а таа замина сантиметри покрај левиот дирек од голот на Јанков.

За да во 58. Минута гостите прават кардинална грешка и дозволуваат повторно да примат гол. Холанѓанецот Крантхове во обид да врати една топка за својот голман Ондоа тоа го направи очигледно лошо, чуварот на мрежата на Работнички ја промаши топката, таа замина накај голот, а Николиќ само го потврди двојното водство на домашните во празната мрежа.

Нововлезениот Хоџа во 72. минута имаше позиција за да се закани, но шутираше млако, а Јанков беше сигурен. Аколатсе три минути подоцна се обиде од дистанца но преку голот на домашните.

Со оваа победа тимот на Македонија ЃП стигна до 23. Бода сезонава и деветтата позиција на табелата, додека пак Работнички е претпоследен со досегашните 13.


Керик првпат поразен, Јунајтед загуби во Њукасл

Фудбалерите на Њукасл вечерва забележаа херојска победа против Манчестер јунајтед на свој терен со 2-1.

Јунајтед влезе во натпреварот во одлична серија, тимот не знаеше за пораз откако на клупата дојде Мајкл Керик (десет натпревари), меѓутоа вечерва Њукасл славеше победа.

По речиси комплетно мирното прво полувреме вистинска бура следуваше во самата завршница. Прво Ремзи кај Њукасл доби црвен картон во првата минута од продолжението. Но, домаќините и така во шестата минута дојде до водство со гол на Гордон од пенал.

Јунајтед сепак се извлече до крајот на првиот дел и со гол на Касемиро во последните моменти дојде до 1-1.

Во второто полувреме, иако Јунајтед беше со помалку фудбалери на теренот, сепак не се предаваше, а наградата стигна преку џокерот од клупата Осула. Напаѓачот, влезе во игра во 85. минута на местото на стрелецот на првиот гол Гордон и пет минути подоцна со вистинска мајсторија стана херој на својот тим.


Македонските ракометарки минимално загубија од Белгија

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа тесен пораз кај Белгија (25-26) во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026, оставајќи го тимот без победа во групата.

Двете селекции ќе се сретнат повторно овој месец во Куманово, каде Македонија ќе биде домаќин.

Нашите ракометарки добро го почнаа натпреварот, создавајќи предност од три гола, но Белгија се врати, а резултатот постојано беше тесен. На пет минути пред крајот беше 23-23, за Белгија да поведе со 25-24, а Македонија израмни на 25-25, но последниот шут не успеа да донесе победа.

Кај Белгија најдобра беше Муниа Смитс со 11 гола, додека кај Македонија Јована Кипријановска постигна седум, а Марија Јанкуловска, Ивана Гакидова и Ангела Јанкуловска дадоа по три гола.


Фелипе Луиз доби отказ затоа што преговарал со Челзи

Филипе Луис доби изненадувачки отказ од кормилото на Фламенго и покрај фантастичните резултати потврдени со трофеи, го избркаа по победа од 8-0. Овој отказ го шокираше светот, па немаше кој не објави. А откако приказната стана вирална, од Фламенго решија да ја кажат својата верзија.

Претседателот на Фламенго открил дека Филипе Луис бил во преговори со Челзи додека двете страни работеле на продолжување на договорот. Филипе престанал да одговара на пораките на Фламенго во рок од три дена верувајќи дека ќе стане нов тренер на Челси

Но, од таму го информирале дека нивниот план е да го стават тренер на Стразбур (клуб кој е на газдите на Челзи), а не на Челзи. Бразилскиот стратег не бил заинтересиран за Стразбур, ја одбил понудата и ги продолжил преговорите со Фламенго Кога претседателот на Фламенго дознал за ситуацијата, решил да му врачи отказ на Филипе Луис.


Видал: ВАР се измисли поради Реал, цело време крадеа!

Поранешниот фудбалер на Баерн, Јувентус и Барселона, Артуро Видал вели дека ВАР бил воведен поради тоа што имало многу судиски неправди на натпреварите на Реал Мадрид.

Во Шпанија со години се води полемика за скандалот во кој е инволвирана Барселона и милионските исплати кон поранешниот потпретседател на судискиот комитет.

„Каталонците“ се обвинети дека на овој начин ја купувале наклонетоста на судиите, додека пак тие на овие напади одговараат дека Реал Мадрид е тој кој со децении добива помош од судиите.

Во целата дебата сега се замеша и Артуро Видал, кој во еден период го носеше дресот на Барселона.

„Да, сум бил ограбен на натпревари против Реал Мадрид, и тоа на два меча со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, еден во четвртфинале и еден во полуфинале. Мислам дека најмногу поради Реал Мадрид го измислија ВАР. Имаше премногу грабежи на нивните натпревари“.