фудбал

Милан блиску до договор со Алегри

Според реномираниот италијански новинар, Матео Морето, Милан е блиску до враќање на Масимилијано Алегри како главен тренер. Италијанскиот стратег, кој го предводеше клубот од 2010 до 2014 година, е на прагот да потпише договор со Росонерите. 

Во својот прв период во Милан, Алегри остави силен впечаток – освои титула во Серија А во сезоната 2010/11 и донесе тактичка дисциплина комбинирана со младешка енергија, што им донесе нова надеж на навивачите. Иако имаше тешки моменти во последните години од тој мандат, неговите успеси останаа важен дел од историјата на клубот. 

Сега, Милан минува низ период на обновување, со цел да се врати на врвот на италијанскиот фудбал. Управата верува дека токму искуството и познавањето на клубот од страна на Алегри се она што им треба за да се постигнат амбициозните цели. Преговорите се во напредна фаза, а двете страни се оптимисти дека наскоро ќе има официјален договор. 

Доколку се реализира, враќањето на Алегри би можело да означи нов почеток за Милан – со неговата страст и докажани способности, тимот би можел да ја врати стабилноста и да се врати на победнички пат, како на домашната сцена така и во Европа. 


Маркус Рашфорд на пат за Барселона?

Шпекулациите околу иднината на Маркус Рашфорд повторно се во подем, откако шпанските медиуми објавија дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед се наоѓа на списокот на потенцијални засилувања на Барселона. 

27-годишниот Англичанец неодамна ја заврши својата позајмица во Астон Вила, каде што покажа блесоци од старата форма. Но, неуспехот на Вила да обезбеди место во Лигата на Шампионите, наводно, ги закочи нивните планови за траен трансфер. 

Сега Рашфорд размислува за следниот чекор во неговата кариера. Иако сè уште има активен договор со Јунајтед, неговата нестабилна улога во тимот и лимитираната минутажа ги отворија вратите за нови опции. Извори блиски до играчот тврдат дека неколку европски гиганти го следат развојот на ситуацијата. 

Барселона, која продолжува со финансиско реструктурирање и освежување на составот, гледа кон поекономични решенија за летниот преоден рок. Доколку Јунајтед биде отворен за преговори, а играчот заинтересиран за промена, трансферот може да стане реална можност. 

Мислењата меѓу навивачите се поделени. Дел од нив сметаат дека Рашфорд би блеснал во пофлексибилниот офанзивен систем на Барса, додека други се сомневаат дали Барселона воопшто може да си дозволи ваква зделка и дали Рашфорд би се прилагодил на шпанскиот стил на игра. 


Паладино неочекувано си замина од Фиорентина

Раководството на Фиорентина денес беше шокирано од оставката на нивниот тренер Рафаеле Паладино, објавуваат “Скај Спорт Италија” и Џанлука Ди Марцио.

Според информациите, во овој момент клубот прави сè што може за да го убеди младиот стручњак да ја повлече својата одлука, бидејќи сè уште не е позната причината што доведе до ова шокантно решение.

Интересно е што на почетокот на овој месец Паладино потпиша нов договор со Фиорентина до крајот на јуни 2027 година. Тој пристигна на „Артемио Франки“ минатото лето по успешен период на чело на Монца.

Во дебитантската сезона во Фиренца, 41-годишниот тренер го изведе тимот до шестото место во табелата на Серија “А” со 65 поени по 19 победи, 8 нерешени и 11 порази во првенството. Така, “Ла Виола” си обезбеди четврто последователно учество во Лигата на конференциите, каде што оваа сезона стигна до полуфиналето.


Интер во жолти дресови ќе го игра финалето на ЛШ

Интер во саботното финале на Лигата на шампионите ќе настапи со својот трет дрес во златно-жолта боја. Миланезите досега играа во шест финалиња на Лигата на шампионите/Европскиот куп, првото во 1964 година, и никогаш претходно не го користеле својот трет дрес во главниот европски натпревар.

Бидејќи Парижаните се подготвуваат како домаќини на финалето, тие ќе го носат својот прв дрес со темно-сини шорцеви и дресови со бели и црвени пруги, па Интер не може да игра во своите класични црно-сини дресови.

Сепак, Италијанците можеа да играат во вториот дрес со бело-сина комбинација, туку се решија за третиот комплетн.

Можеби постои суеверие, бидејќи тимот на Симоне Инзаги ги доби двата натпревари во елитното европско клупско натпреварување носејќи жолти дресови оваа сезона – победа од 1-0 над Спарта Прага во јануари и победа од 2-0 над Феенорд во првиот натпревар во март.

Нивниот единствен пораз во Лигата на шампионите оваа сезона беше од Баер Леверкузен кога играа во бели дресови во декември.


Мбапе е играч на сезоната во Реал Мадрид

Реал Мадрид официјално објави дека француската ѕвезда Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар играч за сезоната 2024/2025 по гласањето на навивачите на официјалната веб-страница на Кралскиот клуб.

Иако Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа сезона, со исклучок на Интерконтиненталниот куп во декември и Суперкупот на УЕФА изминатото лето, Мбапе имаше исклучителна индивидуална сезона.

Капитенот на Франција постигна 43 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања, а исто така ја освои и титулата најдобар стрелец во Ла Лига со своите 31 гол и ја освои европската Златна копачка.

По добивањето на наградата, Мбапе ја изрази својата среќа велејќи: „Благодарен сум на навивачите на Реал Мадрид и на сите што гласаа за мене. Мојата прва сезона во Шпанија беше прекрасно искуство, и лично и професионално. Брзо се адаптирав на тимот и на новата средина и тоа се одрази на моите перформанси на теренот. Многу сум среќен тука“ рече Мбапе.


Челзи доминантно ја освои Конференциската лига

Импресивното второ полувреме во финалето во Лигата на Конференции на УЕФА, му го донесе првиот трофеј на англискиот тим Челзи во ова натпреварување, откако славеше против шпански Бетис со 4-1. Сите четири гола „сините“ ги постигнаа во вториот дел, откако по првиот губеа со 1-0.

И не само што имаа негатива по пвиот дел, ситуацијата за нив се чинеше безнадежна со оглед дека одиграа многу слаб прв дел, во кој Бетис доминираше, и можеше дури да постигне и втор гол.

Езалзули уште во 9. минута го донесе Бетис во предност, и тој резултат беше во сила до 65. минута кога почна доминацијата на англискиот тим.

Енцо Фернандез го израмни резултатот, а потоа само пет минути му требаше на Џексон да го сврти резултатот во корист на Англичаните. До крајот на мечот уште два гола во мрежата на Бетис. Санчо во 83. минута зголеми на 1-3, а конечните 1-4 ги постави Каиседо.

Со овој трофеј Челзи ги обедини сите европски трофеи, додека Бетис пропушти шанса да се радува на прв европски трофеј.


Алегри ја одбил првата понуда од Милан

Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, веднаш се зафати со работа, целта му е да го убеди Масимилијано Алегри да го преземе тимот.

Милан на Алегри му подготви тригодишен договор, според кој би заработувал 10,5 милиони евра фиксна плата плус разни бонуси.

Поранешниот тренер на Јувентус, ја одбил понудата. Бара фиксни пет милиони евра по сезона, односно 15 милиони евра за три години.

Алегри веќе работеше како шеф на тренерскиот штаб во Милан во 2011 година, кога ја освои титулата, а поради одредено меѓусебно почитување што постои, можно е преговорите да се продолжат и на крајот да најдат решение.

Секако, Алегри преговара и со Наполи, но малку е веројатно дека таму би ја добил платата што ја бара, па ќе мора да направи некаков компромис.


Манчестер Јунајтед загуби во пријателски натпревар во Куала Лумпур

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, верува дека неговите играчи ќе имаат корист откако беа со свирежи испратени од теренот во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ загубија со 1-0 од АСЕАН Ол-стар тимот.

Откако ја завршија лошата сезона во Премиер лигата со победа против Астон Вила во неделата, клубот прелета 6.600 милји до Малезија, но ни таму не успеаја да ги тргнат проблемите што ги следат низа целата сезона.

Натпреварот се одигра по тешки временски услови, температури повисоки од 30 степени и висока влажност, а тимот на Аморим не успеа да реализира голем број можности и покрај честите замени, поради што користеа дури 25 играчи на теренот.

Гол во второто полувреме постигна крилниот напаѓач на Мјанмар, Маунг Маунг Лвин, што беше доволно за репрезентацијата на Југоисточна Азија да ја прослави победата пред 72.550 гледачи на стадионот „Букит Џалил“.

На крајот од натпреварот, значителен дел од гледачите, кои платија до 260 фунти за билети, го исвиркаа Јунајтед за време на нивната прва посета на Малезија од 2009 година.


Арсенал и Реал Сосиедад се договорија за Мартин Зубименди

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, речиси сигурно ќе го засили Арсенал. Шпанскиот репрезентативец треба да се појави на лекарските прегледи, дознаваат британските „Би-би-си“ и „Скај Спортс“, а трансферот наскоро ќе биде завршен.

Единствената пречка за официјализирање на новото засилување на „Емирати“ е лекарскиот преглед.

Доколку Зубименди успешно го помине, тој ќе стане првото засилување на Арсенал за следната сезона.

Фудбалерот од средниот ред на Сосиедад има откупна клаузула во износ од 60 милиони евра. „Топџиите“ се договориле со шпанскиот клуб за начинот на кој ќе ги исплаќаат парите, а Зубименди се договорил за личните услови со Арсенал.

26-годишникот игра е централен фудбалер во редот за врска, тој ќе го замени Томас Парти чии договор истече и Арсенал нема да му понуди нов.


Ливерпул го договори Милош Керкез

Фудбалерот на Борнмут и еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата, Милош Керкез, се договорил со Ливерпул. Се очекува и клубовите да постигнат догвор за да може да се реализира трансферот.

Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Милош Керкез се согласил да се пресели во Ливерпул и дека ја прифатил понудата на клубот од „Енфилд“. Според се она што се шпекулираше изминатите недели, трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Керкез го чека место во стартниот тим на Ливерпул, бидејќи Робертсон и Цимиказ сезонава не ги оправдаа очекувањата.

Керкез е роден во Врбас, Србија, но настапува за националниот тим на Унгарија.

Од друга страна, Ливерпул сè уште сериозно работи на трансферот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Овој трансфер би требало да достигне цена и до 150 милиони евра.