фудбал

Тен Хаг објасни зошто го замени Касемиро

Манчестер Јунајтед направи чудесен пресврт во судиското продолжение и на драматичен начин стигна до три бода против Брентфорд, нешто што изгледаше невозможно во регуларните 90 минути.

Јунајтед беше летаргичен и изгледаше доста јалово во нападот, но потоа Ерик Тен Хаг го погоди „џокерот“ и МекТоминеј со два гола се погрижи за страшна еуфорија и победа на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ се вратија на победничките патеки во домашното првенство и тоа е многу важно за самодовербата, но една од позначајните одлуки на Тен Хаг на оваа средба беше тоа што го извади Касемиро на полувреме.

Бразилецот кумуваше за голот на Брентфорд и ја подари топкта на противникот на средината на теренот, па кога Ерик беше запрашан зошто го оставил на клупа во продолжение, одговорот беше доста искрен и брутален.

„Зошто го извадив Касемиро? Сакав да играме повеќе со топка и да гледаме повеќе фудбал. Ми требаше квалитетен играч со пас и врска меѓу средината и нападот, затоа го внесов Ериксен на местото на Касемиро“, изјави Тен Хаг.


Пике најави дека ќе ја премести Андора во друг град

Жерард Пике е сопственик на шпанскиот второлигаш ФЦ Андора, а со последната изјава најави дека ќе го пресели клубот на друга локација и ќе ја остави малата земја без фудбалски клуб.

Властите во Андора му соопштиле на клубот дека по крајот на сезоната нема да може да го користи единствениот адекватен стадион „Естади Насионал“, а причината е што решиле да постават подлога за различни спортови, а која нема да добие зелено светло од Шпанската фудбалска федерација.

„Инвестиравме повеќе од 4 милиони евра во стадионот за да добиеме дозвола да играме таму, а сега тие нѐ бркаат. Не постои друга опција во Андора, така што благодарам што нѐ избркавте од земјата. Немаме друга опција од тоа да го промениме името на клубот и да настапуваме на друго место. Честитам, ја оставивте Андора без професионален клуб“, порачал Пике во својата последна изјава.

ФЦ Андора е единствениот професионален клуб во земјата која се наоѓа меѓу Шпанија и Франција, а настапува во шпанскиот фудбалски систем повеќе од седум децении. Пике го презема клубот во 2018 година и го одведе до втората лига, односно на чекор до борба за место во елитата.


Руни нема повеќе да го води ДЦ Јунајтед

Вејн Руни го напушти кормилото на Ди-Си Јунајтед откако не успеа да влезе во плеј-офот во фудбалската МЛС лига на САД.

Неговиот тим вчера победи против Њујорк Сити но, остана на 9 место во Источната конференција. Во разигрувањето за титулата продолжија првите седум екипи од двете конкуренции.

„Дојде вистинско време за заминување. Направив се што можам да го одведам клубот во плеј-офот. Некогаш работите не излегуваат како што сакаме“, изјави Руни.


Мурињо: Убеден сум дека еден ден ќе работам во Саудиска Арабија

Италијанските медиуми шпекулираат за иднината на Жозе Мурињо и прогнозираат дека може да заработи отказ доколку не победи против Калјари, но во моменти кога клубот го демантираше тоа, самиот Португалец се јави со една интересна изјава за својата иднина.

Тренерот на „волчицата“ има план да ја доработи оваа сезона во Рим и да стави крај на етапата кога ќе му заврши договорот во месец јуни наредната година, по што интересно е да се види дали ќе добие примамлива понуда од Европа, или ќе се вклучи во трендот кој е актуелен веќе една година.

Мурињо откри дека изминатово лето ја одбил најлудата понуда која може да ја добие еден тренер, но и самиот е свесен дека еден ден ќе заврши во Саудиска Арабија, земја во која фудбалот добива страшен подем.

„Ќе одам во Саудиска Арабија во моментот кога ќе имам повеќе слободно време, но убеден сум дека ќе работам таму. Не знам кога точно, но убеден сум дека ќе работам во Саудиска Арабија“, заврши Португалецот. 


Алегри: Фудбалот губи голем играч со суспензијата на Погба

По скандалот со допинг тестот на кој два пати паѓаше Пол Погба, во Јувентус веќе сфаќаат дека го губат и дека тој мора да се пензионира.

„Човечки гледано тоа ми пречи многу, бидејки со Пол сум доста близок. Фудбалот губи извонреден фудбалер кој беше поразличен од останатите. Да ја сочекаме казната и да видиме. Ова сите не растажи, се надеваме за најдоброто за него, воопшто не му е лесно на психички план“, порача Максимилијано Алегри.

Францускиот фудбалер откако падна на вториот допинг тест, стана јасно дека ќе добие повеќе годишна суспензија и дека неговата кариера скоро сигурно оди во неповрат.

Последните информации се дека францускиот фудбалер би можел да биде суспендиран на четири години, а со тоа практично завршена и неговата кариера.


Откажани сите спортски настани во Израел

Сите спортски настани во Израел се откажани, а новите термини ќе бидат подоцна објавени. Во ракетниот напад најмалку две лица се ранети, додека едно лице го загуби животот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е во во војна говорејќи по ненадејниот напад од палестинската милитанта група Хамас.

„Граѓани на Израел, во овој момент све во војна“, објави израелскиот лидер во видео пораката. Од безбедносниот кабинет на воениот штаб во Израел во Тел Авив, министерот за одбрана Јоа Галант предупреди дека Хамас „направиле сериозна грешка“.


Хименез доби нов договор на „Ванда Метрополитано“

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ја продолжи соработката со еден од најважните играчи во екипата, дефанзивецот, Хосе Марија Хименез.

Уругавецот веќе една деценија го носи „црвено-белиот дрес“, односно со најдовиот договор тој треба да остане на „Ванда Метрополитано“ до 2028 година. Хименез е вистински лидер на одбраната на „душекџиите“, вистиски воин кој совршено се совпаѓа во филозофијата на тренерот Диего Симеоне.

Тој во оваа средина дојде од Данубио. Оваа сезона има одиграно пет натпревари во сите натпреварувања.

Лампард одби да го преземе Глазгов Ренџерс


Интер преговара и со помладиот син на Лилијан Турам

Интер ова лето го доведе Маркус Турам, кој одлично се вклопи во тимот, а сега е заинтересиран за неговиот брат, Кефрен Турам. Двајцата се синови на легендарниот Лилијам Туран, а Кефрен игра во Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Интер сака да ја победи конкуренцијата, а клучна улога може да одигра неговиот брат Маркус Турам и да го убеди да му се придружи на „Џузепе Меаца“.


Гвардиола го обнови интересот за Пакета

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Пакета блесна во дресот на Лион и минатото лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра. Бразилецот одигра одлична сезона и Гвардиола се обиде да го донесе пред крајот на преодниот рок, но Сити не беше спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Вест Хем.

„Граѓаните“ во јануари повторно ќе се обидат да го донесат Пакета во јануари, бидејќи е најголема трансфер желба на Гвардиола.

Овој пат Сити ќе биде спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на Бразилецот.


Нагелсман го враќа Хумелс во германската репрезентација

По доаѓањето на Јулиан Нагелсман на кормилото на германската репрезентација, ќе се случат одредени промени.

По неуспехот со Ханси Флик, германската федерација го ангажира Нагелсман во кој веруваат дека може да ја развие репрезентацијата на едно завидно ниво. „Билд“ открива дека Нагелсман веднаш откако станал селектор на Германија, повикал еден фудбалер кој го нема веќе извесен период во репрезентацијата.

Станува збор за Матс Хумелс, кој претходно беше во милост и немилост на Ханси Флик, но сега веројатно среќата повторно ќе му се насмее.

Хумелс е столб на одбраната на Борусија Дортмунд, па со неговото враќање во репрезентацијата, се очекува Нагелсман да добие стабилност во првиот ешалон.