фудбал

Реал и со десетмина пресилен за Пачука

Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во групата Х.

Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3-1

Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Австрискиот тим има три, а саудискиот тим еден бод.

Не започна добро за Реал, во седмата минута, Асенсио беше последниот одбранбен играч кој го собори Саломон Рондон, а бразилскиот судија Рамон Абати го испрати Шпанецот во соблекувалната без многу размислување.

Иако со десет играчи на теренот, Реал поведе во 35-та минута со убав гол на Џуд Белингам. Реал ја дуплираше предноста во финишот на полувремето по прекрасна акција која со гол ја заврши на Арда Гулер.

Во 70-тата минута, Феде Валверде ја потврди победата, а конечниот резултат го постави Елиас Монтиел десет минути подоцна.


Чаби Алонсо: Високите температури не се алиби за гигантите

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се насочи кон вториот натпревар на Светското клупско првенство против мексиканскиот тим, Пачука.

„Имаме интензивен и многу значаен натпревар против добар противник. Нивниот тренер Лозано имаше восхитувачка кариера. Сакаме да играме добро и да победиме“ – рече Алонсо.

„Уште е рано да се прави општа анализа. Бараме решенија а натпреварите ни покажуваат што да подобриме. Високите температури сигурно влијаат на играта “ – рече тренерот на „кралевите“.


Норгард од Брентфорд на пат кон северен Лондон

Фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Норгард, може да добие понуда да се пресели во Арсенал, објави денес „Мирор“.

Данскиот играч од средниот ред се активираше кај „пчелите“ во летото во 2019 година и се етаблираше како стандарден првотимец. Наводно, тренерот на „топчиите“, Микел Артета, сака да го ангажира корпулентниот фудбалер.

Според одредени проценки, трансферната сума за 31-годишниот фудбалер е околу 13 милиони евра.


Рашфорд ја кажа својата земја: Би сакал да игра заедно со Ламин Јамал

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал.

Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки.

Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд Трафорд“ на краток рок токму поради несогласување со тренерот Рубен Аморим.

На прашањето дали би сакал да игра со Јамал, Рашфорд рече дека е задоволство да игра со најимпресивните фудбалери.

„Да, секако. Секој сака да игра со најдобрите. Се надевам… ќе видиме.“

Јамал, имаше огромно влијание во освојувањето на двојната круна од страна на Барселона во Шпанија и пласманот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој исто така се истакна во дресот на Шпанија на Европското првенство во 2024 година, каде што „црвената фурија“ ја освои титулата.

Во април се појави информација дека Рашфорд верува дека нема да игра за Манчестер јунајтед додека Рубен Аморим е тренер на тимот. Португалецот го отстрани од тимот уште во декември, по што Рашфорд го помина остатокот од сезоната на позајмица во Астон Вила.


Ливерпул и Леверкузен се договорија, Кванса се сели во Германија

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар.

Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока.

Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра.

Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште пет милиони евра.

Кванса потпиша договор со тимот од Леверкузен до 2030 година и ќе го замени Џонатан Тах, кој се пресели во Баерн Минхен. Важна клаузула во договорот е дека Ливерпул ќе има да го врати дефанзивецот за одредена сума.

Кванса моментално игра за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа ги одигра сите 90 минути во победата од 3:1 над Шпанија, по што Англичаните се пласираа во полуфиналето, каде што ќе се соочат со Холандија.


Клоп: Вирц е големо засилување за Ливерпул

Поранешниот тренер на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е задоволен од трансферот на Флоријан Вирц откако голгетерот на Баер Леверкузен, деновиве потпиша за актуелниот шампион на Англија.

„Ќе биде апсолутно фантастично сигурен сум во тоа. Многу е тешко да се засили шампионски состав. Тие потпишаа со исклучителен талент како што е Вирц“, рече Клоп.

„Црвените“ за напаѓачот платија околу 140 милиони евра. Германскиот репрезентативец потпиша договор за пет сезони.


Гвардиола: Ми се допаѓа фудбалот во Јужна Америка

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека му се допаѓа атмосферата на Светското клупско првенство во САД.

Тој вели дека би бил среќен да работи со тим од Јужна Америка и верува дека фудбалот во земји како Бразил и Аргентина е голем предизвик.

„Многу, многу добри работи во историјата на фудбалот дошле од Јужна Америка. Знаете, особено од Бразил, Колумбија, Аргентина, Уругвај. Би рекол сите земји. Одлични играчи доаѓаат во Европа“ – рече Гвардиола.


Онана ќе застане на голот на Монако

Францускиот прволигаш Монако е заинтересиран да го донесе во своите редови голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Според истиот извор, францускиот клуб веќе почнал прелиминарни разговори околу можниот трансфер на 29-годишниот голман.

Доколку Онана замине, Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира 24-годишниот голман на Аталанта, Марко Карнесеки.

Првите контакти со менаџерскиот тим на Карнесеки веќе се воспоставени, но засега нема директни преговори со клубот од Бергамо.

Минатата сезона Карнесеки одигра 34 натпревари во Серија А.


Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.
Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест.

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто.


Наполи ја одби понудата на Ал Хилал за Мектоминеј

Саудискиот клуб Ал-Хилал, на чија клупа неодамна седна Италијанецот Симоне Инзаги, покажува голем интерес за играчот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминај, но италијанскиот шампион соопшти дека 28-годишниот Шкотланѓанец не е на продажба.

Италијанските медиуми објавуваат денеска дека Инзаги сака да го ангажира шкотскиот играч за врска, кој беше еден од клучните играчи на Наполи во освојување на титулата.

Во својата дебитантска сезона во италијанската Серија А, Мектоминај постигна 12 голови и имаше шест асистенции во 34 прволигашки натпревари.

Медиумите наведуваат дека Мектоминај не размислува за преселба во ниту еден друг клуб ова лето.

Шкотскиот репрезентативец пристигна во Наполи во август минатата година за 30 милиони евра, откако целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед.