Чешка Дукла е противникот на Охрид во осминафиналето на ЕХФ Купот
ГРК Охрид ја доби чешка Дукла за ривал во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп.
Вака одлучи жрепката одржана денес во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена.
На првиот натпревар охриѓани ќе бидат домаќини на 15/16 февруари 2026 година, реваншот ќе се игра во Прага на 22/23 февруари.
Ерик Гарсија добива нов договор во Барселона
Шпанскиот фудбалски шампион Барселона дефинитовно не се откажува од својот универзалец, репрезентативецот Ерик Гарсија кој минатата сезона беше на прагот на излезната врата на Ноу Камп.
Скромниот Ерик Гарсија мораше напорно да работи за да ја добие својата шанса во Барселона, а сега дефинитивно ужива во нејзините плодови.
Минатата сезона, тој беше дури и на работ да го напушти клубот, бидејќи Ханси Флик им даде шанса на Кубарси и Ињиго Мартинез, а тука беа и Араухо и Кристенсен. Сепак, германскиот стратег не сакаше да се откаже од Гарсија, и набрзо му даде шанса, која ја искористи и сега е редовен стартер во тимот на Каталонците.
Затоа, Барселона подготвува нов договор за него до 2030 година, објавува Мундо Депортиво, а се очекува самиот дефанзивец наскоро да го парафира. По позајмицата во Жирона пред две сезони, Гарсија покажа дека е подготвен за сериозен фудбал, а патем, тој е играч кого Гвардиола го однесе во Манчестер Сити во младинскиот тим кога замина за Англија, сепак, Каталонците подоцна успеаја да го вратат во своите редови и сега тој е еден од најважните шрафови во тимот.
Комо е хит во Серија А, Торино декласиран со пет гола
Комо продолжува со одлични и атрактивни партии. Во натпреварот од 12-то коло од Серија А, среде Торино со 1-5 ги декласираа „биковите“.
Хит тимот во Серија А, еден од хит тимовите во цела Европа. Така е опишан тимот предводен од Сеск Фабрегас, кој го покажа целиот потенцијал на гостувањето против Торино.
Шоуто го започна 20-годишниот Холанѓанец Џејден Адаи. Тој го постигна водечкиот гол во 36-та минута. Торино успеа да израмни во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме. Стрелец беше Никола Влашиќ.
Комо повторно поведе во 52-та минута, а повторно Адаи беше стрелец. Асистент за двата гола беше неговиот врсник од Шпанија Хесус Родригез.
Уште еден 20-годишник, Јакобо Рамон од Шпанија го зголеми резултатот на 1-3 во 70-та минута. Првата ѕвезда на тимот, 21-годишниот Нико Паз, исто така постигна гол. Асистент за третиот и четвртиот гол беше 22-годишниот Максимо Пероне од Аргентина.
Конечните 1-5 ги постигна во 86-та минута уште еден исклучително млад играч, 22-годишниот Хрват Мартин Батурина.
Суперлигата испрати тужба до УЕФА
Компанијата А22 Спортс Менаџмент“, која стои зад проектот фудбалска Суперлига, поведе правни дејствија според шпанскиот закон, пред да почне правна постапка против УЕФА во тужба вредна повеќе милијарди евра.
Овој потег веќе го најави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за време на вчерашното Генерално собрание на „Кралскиот клуб“, а „А22“ денеска, исто така, излезе со соопштение.
-А22 Спортс Менаџмент“ поведе задолжителна постапка според шпанскиот закон на 21 ноември, пред почетокот на правната постапка против УЕФА во која бара надомест на штетата што ја претрпе поради злоупотребата на доминантната позиција од страна на УЕФА како монополски оператор на европските клупски фудбалски натпреварувања, се вели во соопштението на компанијата.
-И покрај јасните одлуки од три европски судови, вклучувајќи го Судот на правдата на ЕУ и шпанскиот Апелациски суд, УЕФА продолжува да одржува регулативи и практики што се директно спротивни на судските одлуки. Во спротивност со овие судски одлуки, УЕФА сега се соочува со значителни потенцијални барања за отштета од клубовите и од А22, се додева во соопштението.
Шпанските медиуми шпекулираат дека тужбата би можела да биде вредна помеѓу четири и пет милијарди евра.
Коке го одигра 700-от натпевар за Атлетико
Коке продолжува да пишува историја за Атлетико Мадрид. 33-годишниот играч од средниот ред го одигра својот 700-ти натпревар за мадриѓаните во победата од 1-0 над Хетафе на гости.
Покрај тоа што е играчот со најмногу официјални настапи во историјата на Атлетико Мадрид, Коке е втор играч со најмногу сезони како капитен на Атлетико (7). Првото место на ова рангирање го држи Енрике Колар, кој ја носеше лентата десет сезони (1959-1969).
Коке е дел од академијата на Атлетико од 8-годишна возраст, а дебитираше за првиот тим на 19 септември 2009 година против Барселона. Во овие 17 години, тој има две титули во Ла Лига, еден Куп на кралот, две титули во Лигата на Европа, два европски Суперкупа и еден шпански Суперкуп.
„Честитки за ова извонредно достигнување и продолжете да пишувате историја, капитене!“, напишаа од клубот.
Барселона заинтересирана за бразилскиот тинејџер Соуза
Шпанскиот фудбалски првак Барселона е заинтересиран за младата ѕвезда на бразилскиот клуб Сантос, Жоао Виктор Соуза, јавија денеска локалните медиуми во Шпанија.
Деветнаесетгодишниот Бразилец сезонава импресионира со своите настапи, што му дава можност да направи голем трансфер во 2026 година.
Според медиумите, каталонскиот гигант е подготвен да понуди меѓу 12 и 15 милиони евра за да го привлече Соуза.
За младиот Бразилецот интерес покажува и Баерн Минхен, и сè уште не е јасно за која цена би се согласило раководството на Сантос за да се раздели од Соуза.
Турам: Треба што побрзо да го заборавиме ова дерби
Фудбалерот на Интер, Маркус Турам, вели дека вчерашниот пораз од Милан во градското дерби во рамките на 12 коло во Серија „А“, не смее да влијае на перформансите на екипата.
„Точно е дека беше голем натпревар, но, само е ноември, има уште многу натпревари пред нас.
Кога ја губиме топката, стануваме ранливи. Знам дека загубивме но, мислам дека сме на вистинскиот пат“ , потенцираше Турам.
Репрезентација до 15 години ќе одигра два пријателски натпревари со Србија во Скопје
Репрезентација до 15 години ќе одигра два пријателски натпревари со Србија во Скопје
Репрезентација на Македонија до 15 години, предводена од селекторот Горан Станковски, ќе одигра два пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Србија.
Двете средби ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Првиот натпревар е закажан за 25 ноември со почеток во 13:00 часот, додека вториот ќе се одигра на 27 ноември од 11:00 часот.
Селекторот Горан Станковски за двата контролни натпревари против врсниците на Србија ќе смета на следните 24 фудбалери:
Голмани:
Огнен Божиновски (Вардар), Јован Даноски (Академија).
Струга Трим Лум го совлада Работнички и му ја продлабочи кризата
Струга Трим Лум го совлада Работнички на гости со 1-3 во натпревар од 14. коло во Прва МФЛ што се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“. По ова, стружани остануваат во чекор со лидерот Вардар, а Работнички и понатаму е претпоследен на табелата.
Струга Трим Лум ја искористи првата шанса да дојде до предност. Во 11. минута, Стефан Јевтоски успеа да ја погоди мрежата на Работнички за 0-1.
Десет минути подоцна, убава акција на Струга ТЛ, по која Христијан Малески со силен удар од десетина метри го удвои водството на гостите.
Работнички се обиде да возврати преку Трајков, но не беше прецизен, а Ангелети го одбрани ударот на Имери од левата страна.
На полувреме се замина со два гола позитива за Струга Трим Лум.
На почетокот на вториот дел, во првата акција, Флоријан Рочи упати силен удар откосо од десната страна и го погоди дирекот, а седум минути подоцна се обиде и од слободен удар, но Васко Василев одлично одбрани.
Во 54. минута, Работнички успеа да намали. Кадриу продре по десната страна, нафрли во петерецот, а Димитар Трајков со удар со глава ја затресе мрежата на Струга Трим Лум.
Во 70. минута, по интервенција на ВАР-собата беше досуден пенал за гостите. Успешен реализатор беше Буњамин Шабани, за 1:3.
Девет минути подоцна, Меметриза Хамза го погоди дирекот со силен удар од далечина.
Во финишот и Арби Воша го погоди дирекот од голот на Работнички, а конечниот епилог остана 1:3.
Изов го објави составот на женската репрезентација до 19 години за квалификацискиот турнир во Струмица
Селекторот на македонската женска репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Струмица, рунда 1, група Б5 за Европско првенство на УЕФА за жени до 19 години. Нашата репрезентација е во група со селекциите на Словенија, Грузија и Азербејџан.