фудбал

Халанд го сруши премиерлигашкиот рекорд на Енди Кол

Eрлинг Халанд постигна хет-трик во победата над Фулам и така
продолжи да испишува историја во Премиер лигата.
Норвежанецот вчера стана играчот на кој му било потребно најмалку
време да дојде до 50 голови и асистенции вкупно. На Халанд му беа
потребни 39 натпревари во најсилната англиска конкуренција за дапостигне 41 гол и да додаде девет асистенции.
Така Халанд го сруши рекордот на Енди Кол на кого му беа потребни
43 натпревари. Ова е само уште еден во низата рекорди кои ги руши
Халанд и сигурно нема да биде последен.


Роналдо „раситна“ 850 гола во кариерата

Кристијано Роналдо го постигна својот 850-ти гол во кариерата во
победата на неговиот Ал Наср со 5-1 на гостински терен над Ал Хазм
во натпревар од петтото коло од првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо постигна гол во 68. минута за 4-1 пред Садио Мане десет
минути подоцна да ги зголеми 5-1.
За Португалецотова е шести гол во последните три натпревари, а
забележа и две асистенции. Ал Наср е во серија од три
последователни победи во првенството.


Руди Гарсија: Не смеевме да загубиме од Лацио

Тренерот на Наполи, Руди Гарсија по поразот од Лацио со 2-1 во
натпревар од Серија А, вели дека не е задоволен од она што го видел
во вториот дел.
„Заслуживме да водиме на полувремето бидејќи игравме навистина
добро. Во речиси единствениот вистински налет на нашата половина, тие постигнаа гол, така што ефикасноста беше 100 проценти.
Израмнивме, но во вториот дел бевме далеку понеефикасни во
додавањата и создавањето шанси. Со оглед на второто полувреме,
Лацио заслужи да победи, но гледајќи ја играта во целина, мислам
дека подобро ќе беше нерешено. Момците мора да научат дека кога не можеме да победиме, барем да не губиме“, изјави тренерот на
Наполи.


Бренан Џонсон го засили Тотенхем

Тотенхем го потврди трансферот на Бренан Џонсон, кој доаѓа од
Нотингем Форест за 45 милиони фунти.
22- годишниот фудбалер потпиша шестгодишен договор и ќе биде
деветто засилување за Тотенхем ова лето.
Џонсон ќе има тешка зада да го замени Хари Кејн во нападот, но тој е
поливалентен фудбалер и може да игра и како крилен напаѓач.
Во дресот на Нотингем Форест одигра 108 натпревари, постигна 29 гола и забележа 12 асистенции.


Нотингем Форест го доведе и Дивок Ориги

Дивок Ориги се врати во Премиер лигата откако му се приклучи на
Нотингем Форест на позајмица од Милан. Белгискиот напаѓач не
успеа да се наметне во италијанскиот гигант, па реши да бара нов
предизвик во кариерата. Во договорот на Ориги има и откупна
клаузула која вреди 4,5 милиони евра, но не е задолжителна и Форест
може да ја активира до крајот на сезоната.
Платата на напаѓачот ќе биде целосно покриена од англискиот клуб.
Ориги се очекува да биде претставен во недела, најверојатно ќе
дебитира за својот нов клуб по репрезентативната пауза.


Фудбалер од Гамбија ја засили Брегалница

Со финишот на преодниот рок во летниот трансфер период,
Брегалница дополнително го засили офанзивниот среден ред со
интернационалецот од Гамбија, Соломон Кинг Канформ.
25-годишниот Канформ кој игра како офанзивен играч за врска,
доаѓа од екипата на Шеик Џамал Данмонди од првенството на
Бангладеш каде настапуваше изминативе три сезони со 95
настапи на официјални натпревари притоа постигнувајќи 48
погодоци, потврдувајќи ги своите офанзивни предиспозиции.
Сега доаѓа како засилување за тимот на Горан Здравков низ
актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.


Ал Итихад доставува уште поголема понуда за Салах

Ливерпул дефинитивно остана на ставот дека Мохамед Салах не
е на продажба.
Во претходните денови медиумите од Саудиска Арабија пишуваа
за притисок од Ал Итихад Ливерпул да го пушти Салах, додека
Клоп повторуваше дека за него таа тема е завршена.
Германскиот стратег пред неколку дена истакна дека секоја
понуда за Салах која ќе дојде ќе биде одбиена, па така и се
случи.
Денес Ал Итихад испратил понуда вредна 100 милиони фунти
плус бонуси, но одговорот бил „не“. Образложението од Ливерпул
било кратко – Салах не е на продажба.


Запата го засили Торино на последниот ден од преодниот рок

Колумбискиот фудбалер, Дуван Запата, ќе ја продолжи кариерата
во Торино.Тој ќе замине на едногодишна позајмица кај „биковите“
кои на крајот на сезоната ќе имаат можност да му го откупат
договорот за околу осум милиони евра.
Напаѓачот кој во претходните години беше стандарден во првата
постава на Аталанта, полека ја загуби довербата кај тренот
Гасперини по што одлучи да си замине.
Составот од Бергамо во текот на летово го ангажираше
инталијанскиот репрезентативец, Џанлука Скамака.


Палиња на преговоро со Баерн во Минхен

Играчот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња, доби дозвола од
неговиот клуб да замине за Минхен. Ова го пренесува новинарот
Флоријан Плетенберг во својот „Твитер“.
Според изворот, и покрај ваквата одлука на раководството на Фулам,
клубот се уште не се согласил португалскиот фудбалер да оди на
лекарски преглед за официјализирање на трансферот во Баерн
Минхен. Причината за ова е што екипите се уште не ги договориле
сите детали околу трансферот на Палиња. Фулам сака прво да најде
замена.
Палиња му се приклучи на Фулам во јули 2022 година од Спортинг
Лисабон за 20 милиони евра. Неговиот договор со клубот трае до јуни
2027 година. Трансфермаркт го цени на 40 милиони евра. Палиња
оваа сезона одигра три натпревари и постигна еден гол.


Кол Палмер од Сити го засили Челзи

Челзи на својата официјална веб-страница го објави трансферот во
тимот на англискиот играч за врска Кол Палмер, кој претходно
настапуваше за Манчестер Сити.
Играчот од средниот ред потпиша седумгодишен договор со „сините“,
со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.
„Тој го покажа својот талент и потенцијал во најтешките ситуации и ја претставуваше Англија на Европското првенство за играчи до 21
година ова лето. Тој е непобитно подготвен за следниот чекор и ние
сме среќни што ќе го имаме во Челзи“, објавија од Челзи.
Палмер потекнува од академијата на Манчестер Сити. Сезонава успеа
да одигра три натпревари за „граѓаните“ на кои постигна два гола.