фудбал

Чаби Алонсо: Реми не ме задоволува, ние сме Реал и играме секогаш за победа

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по ремито со синоќа Елче во 13. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Натпреварот се одигра во Елче и заврши 2-2.

„По добрата серија, имаме резултати што не ги сакавме. Незадоволни сме бидејќи секогаш сакаме да победуваме, но сè уште има многу натпревари пред нас. Мора да продолжиме да ја анализираме ситуацијата. Тимот не се откажа, се боревме. Резултатот и играта можат да бидат подобри бидејќи сме самокритични. Треба да одговориме на проблемите. Сакаме да се подобриме“, изјави Алонсо.

Реал Мадрид има 32 бода и е прв на табелата во Ла Лига, пред Барселона (31 бод).

Следниот натпревар во првенството Реал ќе го има на 30 ноември против Џирона.


Рома ја освои Кремона и го запоседна врвот на Серија А

Фудбалерите на Рома славеа победа во Кремонезе (1-3) и се вратија на челната позиција во Серија А.

Тимот од главниот град на Италија лесно мина на теренот на екипата која е повратник во Серија А.

По оваа победа, Рома стигна до 27 бода, што е два бода повеќе од Наполи и три повеќе од Интер, кој има натпревар помалку. Вечерва Интер го игра градското дерби против Милан.

Рома поведе по 17 минути игра, кога Матијас Суле, на асистенција на Коне, му донесе водство на својот тим.

Овој резултат важеше до 64-та минута кога Еван Фергусон ја удвои предноста на Рома. Третиот гол за Рома го постигна Весли.

Почесниот гол за Кремонезе го постигна Франческо Фолино во судиското продолжение.

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, мораше рано да ја напушти клупата, бидејќи доби црвен картон во 62-та минута.

Римјаните ќе се сретнат со Наполи во „Дерби дела Соле“ во следната рунда.


Арсенал го декласира Тотенхем, Езе херој со три гола

Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4-1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.

„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.

Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.

Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.

Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.

Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.

Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.

Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.


Мањан одбрани пенал, Милан го доби градското дерби со Интер

Милан го победи Интер со 0-1 во 183. „Дерби дела Мадонина“. Дербито го реши Кристијан Пулишиќ во 54-та минута. Апсолутен херој е голманот на Милан, Мајк Мењан, одбрани неколку тешки удари, вклучувајќи го и пеналот шт го изведе Хакан Чалханоглу во 74-та минута. Масимилијано Алегри, за кого ова е втор мандат на клупата на Милан, ја забележа 100-та победа како тренер на славниот клуб.

Победата на Милан во градското дерби направи вистонски метеж на табелата во Серија А. Рома е лидер со 27 бода, два повеќе од Милан и Наполи и три повеќе од Интер и Болоња.

Милан шести пат по ред остана непорезен во дуелите со градскиот ривал. Вечерва, Интер играше подобро, создаде неколку добри шанси, но Мењан и рамката на голот, не дозволија да се тресе мрежата на Милан.

Во првото полувреме стативата беше сојузник на Мењон по ударите на Ачерби и Лаутаро Мартинез.

Моментот на одлука се случи во 54-та минута, по ударот на Салемакерс, Зомер ја одби топката, на која налета Пулишиќ и од пет метри ја смести во голот. Дваесет минути подоцна по невнимателниот старт на Павловиќ врз Тирам, Интер доби пенал, но Мењан го прочите Чалханоглу и го одбрани неговиот удар. Турскиот репрезентативец, втор пат промаши пенал во тековната сезона, тоа му се случи во дербито со Наполи.


Арсими вторпат сезонава го шокира првакот Шкендија

Екипата на Арсими забележа убедлива победа над шампионот Шкендија со резултат 3–0 во 14-тото коло од домашниот шампионат. Првиот дел беше со висок интензитет, двете екипи создадоа неколку убави шанси, но недостасуваше реализација и прецизност во клучните моменти.

Во 9-та минута, Гафури проба со силен удар од земја, многу блиску до вториот дирек. Истo и Таипи не беше прецизен. За гостите од Тетово, Лиридон Латифи исто така имаше неколку шанси за гол, но не успеа да реализира. Во 29-та минута, ударот на Латифи беше прочитан од Ислами, а во 33-ta минута ударот помина покрај дирекот. И Бесарт Ибрахими во 51-та минута се обиде со глава, но без успех.

Второто полувреме започна со доминација на домашните. Во 46-та минута, Шефити постигна прецизен гол од внатре во шеснаесетникот, за 1–0, предизвикувајќи ентузијазам кај навивачите. Само три минути подоцна, Авдули прати долга дијагонала за Албан Таипи, кој одлично се снајде и постигна гол за предност од 2–0.

Во 74-минута, по брз контранапад, Џемил Јахи постигна супер гол од надвор од шеснаесетникот, за конечни 3–0 и ги угаси сите надежи на Шкендија за враќање во натпреварот.

Беше натпревар доминиран од домашните, кои играа со дисциплина, самодоверба и супериорност во секој дел од теренот. Овој резултат покажува дека ремито во Тетово не било случајно и дека екипата на Арсими го подигнала нивото оваа сезона.

По овој пораз, Шкендија останува 6 бода зад лидерот Вардар и -1 зад Струга, која има и натпревар помалку. Арсими, пак, со оваа победа се искачува на 6-то место со 18 освоени поени.


Тиквеш го декласира немоќниот Башкими

Тиквеш доминираше на „Градскиот стадион“ во Кавадарци и сосема заслужено го совлада Башкими со 3-0. Домашната екипа ја реши дилемата околу победникот уште во првото полувреме.

По неколку пропуштени шанси на Стојанов и Ивановски, Тиквеш конечно поведе во 17. минута преку Ивановски (1-0). Во 32. минута, Стојанов ја дуплираше предноста на 2-0, а само четири минути подоцна, во 36. минута, дефанзивецот Јонус Рушту ја запечати победата со гол за 3-0.

Башкими имаше свои моменти, особено преку напаѓачот Симоновски, но неговиот обид во 42. минута заврши во рацете на домашниот голман.

Второто полувреме помина во знакот на рутинска контрола на резултатот од страна на Тиквеш. И покрај шансите на Ацковски и Мојсов, резултатот остана непроменет. Во следното коло, Тиквеш гостува кај АП Брера, додека Башкими го очекува тешко гостување во Струга против Струга Трим Лум.


Пелегрино донесе победа з Парма на „Марио Бентегоди“ во Верона

Фудбалерите на Парма славеа како гости во Верона (1-2), во првиот натпревар од денешната програма, во рамките на 12-то коло од Серија А.

Парма ја забележа првата победа на „Бентегоди“ од 2001 година. Херој беше Матео Пелегрино, кој постигна голови во 18-та и 80-та минута. Стрелец за домашниот тим беше Жиоване во 65-та минута од натпреварот.

Парма го постигна голот за победа по големата грешка на еден од играчите на Верона. Тој се обиде да ја врати топката од половина терен до својот голман, акцијата ја следеше Пелегрино, ја пречесе топката, а потоа го лобуваше Лоренцо Монтипо.

Парма славеше по два месеци и сега е 15-та со 11 бода, додека Верона остана заглавена на претпоследното место со шест бода и без ниту еден триумф од почетокот на сезоната.


Куња ќе го скокне дербито меѓу Јунајтед и Евертон

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Матеус Куња, предизвика загриженост кај својот менаџер Рубен Аморим и тренерскиот штаб на „црвените ѓаволи“ пред натпреварот против Евертон. Бразилецот требаше да учествува на церемонијата на палење на божиќните светла во предградието на Манчестер, Алтринчам, но организаторите објавија дека тој нема да присуствува поради здравствени проблеми.

Стана јасно дека Куња доживеал потрес на мозокот на саботниот тренинг и не може да учествува на настанот. Веста доаѓа само два дена пред дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Евертон во понеделник на „Олд Трафорд“.

Сè уште нема официјални вести од Манчестер Јунајтед за состојбата на Матеус Куња.


Перез сериозно ја нападна УЕФА и најави дека Реал ќе се бори против неправдите

На годишната седница на Собранието на Реал, првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, остро ги критикуваше практично сите нивоа на фудбалот во светот, а особено се наврати на проблемот со УЕФА:

„Не е вистина дека сме против сè, туку сме против она што е нелегално и неетичко. Не е ниту нормално ниту легално да се обидувате да им ја одземете можноста на клубовите сами да организираат турнири. Не е нормално УЕФА да се обидува да ја одреди нашата судбина или да нè принудува да играме натпревари во формати што не се добри за навивачите. Никој не може да нè казни – клубовите се слободни, како што покажува пресудата. Имаме две права – правото на обештетување кое се мери во милијарди евра и правото да го воспоставиме нашето натпреварување, и ве уверувам дека ќе ги искористиме обете права. Но, имајте на ум дека УЕФА се грижи за своите гласачи. Затоа нè принудуваат да играме натпревари во Азија или на границата со Кина. Тоа не е нормално во 21 век, а самото гледање фудбал станува премногу скапо“, рече Перез.


Рудигер се враќа во Премиер лигата

Антонио Ридигер ќе биде еден од искусните фудбалери кои наредното лето ќе имаат слобода да избираат нов клуб како слободен агент.

Иако се шпекулира дека Реал Мадрид сè уште не ги затворил вратите за преговори со него, шансите се мали дека Ридигер ќе го продолжи договорот. Германецот пристигна во 2022 година како слободен агент откако му заврши договорот со Челси, а во јуни ќе има можност повторно да избере клуб.

Некои извори пренесуваат дека Ридигер добил атрактивни понуди од Саудиска Арабија, но истовремено добива и контакти од Премиер лигата. Не е јасно кои клубови се заинтересирани, но се шпекулира дека дури и Челзи покажува интерес да го врати како искусен играч, слично на ангажманот на Тиаго Силва.

Во моментов, Ридигер е концентриран на своето враќање на терените и се очекува повторно да игра од декември откако се оперираше на задната ложа минатата сезона. По неколкумесечна пауза, му треба време за целосно опоравување, но целта му е да се врати во форма и да се наметне кај Јулијан Нагелсман за Светското првенство во 2026 година.