фудбал

Се повреди најновото заасилување на Ливерпул

Ливерпул би можел да се соочи со голема главоболка околу еден од своите најскапи проекти за иднината, откако младиот дефанзивец Џереми Жаке доживеа сериозна повреда на рамото на синоќешниот дуел меѓу Рен и Ленс, кој заврши со победа на гостите од 3-1.

Станува збор за 20-годишен стопер кој од 1 јули 2026 година и официјално ќе стане член на „црвените“, но на овој натпревар имаше незгоден пад по еден воздушен дуел и со силни болки остана на тревникот, додека медицинскиот тим му укажуваше помош. Глетките од теренот внесоа загриженост не само во редовите на Рен, туку и на „Енфилд“, со оглед на тоа што Ливерпул издвои дури 70 милиони евра за неговиот трансфер.

По натпреварот, тренерот на Рен отворено призна дека ситуацијата не е безазлена.

„Жаке има проблем со рамото и на прв поглед изгледа сериозно. Дополнителните медицински прегледи ќе покажат колкава ќе биде паузата“, изјави шефот на стручниот штаб.

Во Ливерпул со големо внимание ќе го следат развојот на настаните, бидејќи Жаке е планиран како долгорочно решение во одбраната од наредната сезона.


Палмер „испука“ хет-трик, Челзи го декласира „фенерџијата“

Челзи ги победи Вулверхемптон со 1-3 на гостински терен во 25. свој натпревар од Премиер лигата.

Кол Палмер постигна хет-трик за гостите. Дваесет и тригодишниот Англичанец постигна два гола од пенал во 13. и 35. минута, и уште еден од игра во 38. минута.

Толуваласе Арокодаре го постигна единствениот гол за домаќините (54. минута).

Челзи има 43 бода и е петти на табелата во англиската Премиер лига, додека Вулверхемптон е на дното на табелата со осум бода.


Јунајтед доби уште едно дерби, Тотенхем падна на „Олд Трафорд“

Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.

Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.

Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.

Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.

Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.

Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.


Вардар го совлада Осогово во хуманитарен меч во Кочани

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со 1-4, иако „жолто-сините“ поведоа први.

Но, резултатот на овој меч беше во втор план од идеата поради која се играше – во спомен на почнатите во „Пулс“.

На полувремето се случи навистина потег за респект кој го направија гостинските навивачи „Комити“. На аукција го откупија дресот на Стојанче Велинов, некогашен фудбалер на „Осогово“, кој со „Академија Пандев“ го освои националниот куп на Македонија и му го подарија на член на навивачката група „Сејмени“. Средствата, секако, одат во хуманитарни цели.

Хуманитарниот меч со Вардар луѓето од ФК Осогово го искористија да ги промовираат новите дресови, на кои е аплициран брендот „КБ Инвест“.


Барса се откажа од Супелигата, остана само уште Реал Мадрид

Барселона е последниот клуб кој и официјално го потврди своето повлекување од контроверзниот проект наречен фудбалска европската Суперлига.

Денеска, каталонскиот клуб официјално ја извести Суперлигата за повлекување од проектот.

Со ова, само Реал остана единствениот официјален учесник и поддржувач на проектот, кој очигледно е дека веќе нема иднина.


Лошиот тревник го одложи натпреварот меѓу Рајо и Овиедо

Рајо Валјекано вчера го проследи соопштението од сите свои првотимци кои побараат натпреварот против Реал Овиедо да биде навремено одложен, но гостите требаше да стигнат до Мадрид за да дознаат вест кој никој не сакаше да ја слушне.

Иако имаше сериозни барања натпреварот да биде презакажан за друг термин, Ла Лига ги држеше сите во неизвесност до ова утро, а на три часа пред одигрување на мечот, реши истиот да го одложи.

Ла Лига ја извести јавноста дека натпреварот се одложува поради тоа што теренот на Рајо не гарантира безбедна игра за сите фудбалери на теренот, сето тоа како последица на лошите временски услови и лошата дренажа по сменетата тревна подлога пред неколку дена.

Рајо Валјекано како клуб ја прифати одлуката на Ла Лига и со задоволство ќе чека нов термин, но така воодушевени не се гостите кои допатуваат од Овиедо.


Новаци го совлада Пелистер во пријателски меч

Новаци ја потврди добрата форма во претсезоната. Пелистер неочекувано загуби на денешниот пријателски натпревар против екипата на Новаци. Битолските „зелено-бели“ беа поразени на дуелот со второлигашот со 2-1 (1-1)..

Стефан Јовановски и Лука Лисолајски ги постигнаа головите за Новаци, а единствениот гол за Пелистер го постигна Мурговски.

Прволигашите продолжуваат следната недела, а второлигашите по две недели.


Минесота е новиот клуб на Хамес Родригез

Колумбиската фудбалска ѕвезда Хамес Родригез е нов член на Минесота Јунајтед, започнувајќи ја својата прва авантура во професионалната лига на САД (МСЛ).

Родригез се приклучува на клубот како слободен играч откако во декември му заврши договорот со мексиканскиот Леон. Потпиша краткотраен договор, кој ќе трае најмалку до Светското првенство.

Овој трансфер на Родригез е првото големо засилување за новиот главен тренер Камерон Ноулс, а од поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се очекува да донесе креативност и динамика во средниот ред.

Минесота минатата сезона ја заврши на четвртото место во Западната конференција, а нивната кампања заврши со пораз во полуфиналето.


Мајката на Мбапе заработува повеќе од седум фудбалери на Реал Мадрид

Мајката на Килијан Мбапе, Фајаз Ламари убаво го наплатила трансферот на својот син од ПСЖ во Реал Мадрид, заработува околу 4,5 милиони евра.

Килијан Мбапе пристигна на „Бернабеу“ како слободен играч, можеби Реал Мадрид не му плати ништо на ПСЖ, но очигледно зделката има и одредени скриени трошоци.

Последните извори пренесуваат дека мајката на напаѓачот била богата наградена за улогата која ја одиграла во трансферот на напаѓачот од Париз во Мдрид.

Се шпекулира дека Фајза Ламари има годишна плата од 4,5 милиони евра нето, односно поголема плата од 7 фудбалери на Реал – Раул Асенсио, Франко Мастантуоно, Гонзало Гарсија, Андриј Лунин, Фран Гарсија, Арда Ѓулер и Брахим Диаз.


Висар Муслиу се повреди, неизвесен настапот во баражот во Копенхаген

Македонскиот дефанзивец, Висар Муслуи по шест минути игра на мечот меѓу Вестерло и Сент Труден заработи повреда по што мораше да излезе од игра.

Медицинските прегледи ќе ја покажат тежината на повредата, но постојат шанси да се работи за подолга пауза поради што тој би го пропуштил баражот со Данска.

Тоа би било голем удар за селекторот Седлоски со оглед на важноста на Муслиу за нашиот национален тим.

Мечот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март.