фудбал

Мароканецот Боно нов голман на Ал Хилал

Јасин Боно веднаш по завршувањето на обврските во Суперкупот на Европа со Севиља го комплетираше трансферот во Саудиска Арабија.

Голманот кој блескаше на Мундијалот во Катар така им се придружи на Нејмар, Савиќ, Кулибали и Рубен Невеш кои претходно потпишаа за овој саудиски клуб.

Севиља како оштета за Боно ќе добие сума од 21 милион евра. Боно со Ал Хилал стави потпис на договор до 2026 година.


Де Брујне на операција во Антверпен, се враќа на терените околу Нова година

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ќе биде опериран во својата татковина во наредните денови, по што се очекува да паузира околу четири месеци или речиси до Нова година.

Играчот од средниот ред заработи повреда на тетивата на средината на првото полувреме против Барнли минатиот петок и се чинеше дека проблемот е ист како оној од финалето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ оценија дека оперативната интервенција е императив и во овој случај ќе биде извршена во Антверпен, по што Де Брујне ќе започне со закрепнување.


Барса го враќа Бојан Кркиќ во своите редови

Доаѓањето на Деко на местото на Матео Алемани, заедно со непродолжувањето на договорот на Жорди Кројф по негова одлука, ќе предизвика промени во целата спортска структура на Барселона.

Деко сега е спортски директор и има апсолутна контрола врз одделот кој досега го имаше Алемани и назначува луѓе за кои верува дека покрај него ќе почнат да прават добри работи за Барселона.

Еден од нив ќе биде Бојан Кркиќ. Поранешниот играч на Барселона ќе работи рамо до рамо со Деко. Неговата главна мисија ќе биде да ги следи тренинзите на играчите и да биде еден вид врска помеѓу тимот и раководството

Кркиќ своевремено во минатото го носеше дресот на Барселона, но никогаш не ги исполни големите очекувања кои ги имаше фудбалската јавност од него, а настапуваше и во познатата „Ла Масија“.

Поранешниот фудбалер ќе има задача и да ги следи фудбалерите на Барселона кои се на позајмица и на оние од помладите категории кои можат да добијат место во првиот тим.

Кркиќ играше за Барселона од 2007 до 2011 година и постигна 26 гола на 104 натпревари.


Бобан негира дека саудиски екипи ќе играат во ЛШ

Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ вчера објави дека УЕФА донела одлука следната сезона еден арапски тим да игра во Лигата на шампионите, но денес Звонимир Бобан кој е еден од главните оперативци во европската куќа на фудбалот ги демантираше овие најави.

Во изјава за „Вечерњи лист“, Бобан истакна дека станувало збор за глупости и измислици кои немаат врска со реалноста.

„Тоа се глупости и измислици од наводно сериозен весник од Италија. Сериозни новинари или новински куќи прашуваат дали е нешто вистина или не, не пишуваат глупости.

Во Лигата на шампионите, како и сите други натпреварувања на УЕФА ќе играат само европски клубови, тоа го повторил и претседателот Чеферин повеќе пати“, изјавил Бобан.


Познати трите кандидати за играч на сезоната според УЕФА

УЕФА ја објави листата на тројца финалисти за изборот на „Фудбалер на годината“ на церемонијата која ќе биде одржана на 31. август за време на ждрепката за групната фаза за Лигата на шампионите.

Лионел Меси кој ја предводеше Аргентина до освојување на Светското првенство ќе води битка со Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити.

Покрај тројцата финалисти гласови добиле уште: Илкај Гундоган (129), Родри (110), Килијан Мбапе (82), Лука Модриќ (33), Марсело Брозовиќ (20-), Деклан Рајс (14), Алексис Мекалистер (12) и Хесус Навас (6).

УЕФА ќе избира и тренер на годината, а за ова признание ќе се борат Пеп Гвардиола, Лучијано Спалети и Симоне Инзаги. Нема дилеми дека Гвардиола кој го водеше Сити до европската и англиската титула е главен фаворит.


Андоновски си поднесе оставка по американскиот неуспех на Мундијалот

Нашиот фудбалски тренер, Влатко Андоновски, ќе го напушти
кормилото на селекцијата на САД откако не успеа да влезе ниту во
четвртфиналето на Светското првенство.
Неговиот тим беше елиминиран од Шведска по изведувањето на
пенали. Според најавите, Андоновски може да го преземе кормилото
на Канзас Сити.

Тој ја доби селекторската улога во САД во 2019 година.


Луиз Максимијано од Лацио се сели во Алмерија

during the Serie A match between SS Lazio and Bologna FC at Stadio Olimpico on August 14, 2022 in Rome, .

Луис Максимијано ќе си замине од италијанскиот Лацио и ќе застане
меѓу стативите на голот на Алмерија, потврдија од шпанскиот
фудбалски клуб преку социјалните мрежи.
24-годишниот голман треба да остане во Примера Дивизион една
сезона а потоа има можност да биде откупен за околу 10 милиони
евра.
Луис во претходната сезона во дресот на „римските орли“ бранеше на
шест натпревари.


Луис Хол од Челзи се сели во Њукасл

Њукасл испратил понуда за постојан трансфер на талентираниот
дефанзивец на Челзи, Луис Хол, информира „Скај Спортс“.
Лондончани процениле дека 18-годишниот лев бек вреди минимум 30
милиони фунти но, дека е најдобра варијанта првично да оди на
позајмица.
Од друга страна, младинскиот репрезентативец на Англија сака
перманентен трансфер. Интересно е тоа што Хол пред само две
недели потпиша нов шестгодишен договор со „сините“.


Барса и Ансу Фати најавија разделба уште ова лето

Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но до сега не го покажа во целост својот потенцијал.

После уште една слаба сезона падна во втор план кај Чави и е спремен да го напушти клубот ова лето.

Барселона исто така е спремна да слушне понуди, па неговиот агент Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб. Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе разговарал со неколку клубови.

Најсилен интерес за шпанскиот талент има од Премиер лигата, а Барселона очекува понуди во наредните денови.


Тимбер мора на операција, го чека долга пауза

Новото засилување на фудбалскиот тим Арсенал, Јуриен Тимбер, имаше малерозен старт на сезоната и заработи потешка повреда.

Тој ги оштети лигаментите на десното колено и ќе мора да оди на рехабилитира барем неколку месеци, потврдија денеска – „топчиите“. Голгетерот се повреди на средбата против Нотингем Форест во првото коло од Премиер лигата.

Ќе потсетиме дека Холанѓанецот беше купен од Ајакс за 38 милиони евра вклучително и бонуси.