фудбал

Зиелински одби да премине во Саудиска Арабија и ќе остане во Наполи

Полскиот фудбалски репрезентативец, Пјотр Зиелински, ја одбил понудата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија само за да остане во Наполи, тврдат денеска Скај Спорт Италија и Калчомеркато.

29-годишниот играч од средниот ред се согласил да добие помала плата само да ја продолжи соработката со италијанскиот шампион.

Иако имаше шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран и Лацио, Полјакот нема намера да ја менува средината.


Бјелица го враќа Адеми во Европа, македонскиот репрезентативец во Трабзонспор?

Velika Gorica, 081221. Zracna luka Franjo Tudjman. Odlazak GNK Dinama u London na utakmicu 6. kola skupine H UEFA Europske lige protiv domacina West Hama. Na fotografiji: Arijan Ademi. Foto: Ronald Gorsic / CROPIX

Аријан Адеми би можел наскоро да се врати во Европа бидејќи
интерес за него покажал Трабзонспор.
Според информациите на турските медиуми, Трабзонспор
започнал преговори со Пекинг Гуан за позајмица на македонскиот
репрезентативец. Засега нема најави каков би бил исходот на
преговорите.
Сепак, турските медиуми истакнуваат дека Трабзон по секоја цена
сака да се засили со искусен играч за врска кој ќе помага и во
одбраната. Покрај Адеми во игра се уште неколку имиња, но
нашиот фудбалер е прва мета поради хрватскиот стратег Ненад
Бјелица.


Деко промовиран во нов спортски директор на Барселона

Португалецот Деко кој со голем успех го носеше дресот на
Барселона од 2004 до 2008 година се врати во Каталонија и сега
ќе има улога на спортски директор.
Деко денес беше промовиран за нов спортски директор, а
договорот кој го потпиша е со важност на три години. Ова
именување на Деко за спортски директор не е преголемо
изненадување затоа што Португалецот од мај помагаше во
трансферите на Барселона.
На позицијата Деко го наследува Метју Алемани кој официјално
ќе си замине на 2-ри септември, односно со завршувањето на
летниот преоден рок. Дотогаш Деко и актуелниот спортски
директор ќе работат заедно.


Палиња од Фулам следна трансфер-желба на Ливерпул

Фудбалерот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња може да се
пресели во екипата на Ливерпул, објави весникот „Дејли Меил“.
Според изворот, 28-годишниот Португалец е сериозна мета на
Ливерпул. „црвените“ во очај бараат засилување за средниот ред
по заминувањето на Фабињо, а досега веќе имаа неколку
неуспешни обиди на трансфер пазарот.
Палиња минатата сезона забележа 40 настапи и постигна 4 гола
за Фулам.


Репрезентативец на Уганда потпиша за Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички доведе уште едно
засилување за новата сезона. Нов фудбалер на „романтичарите“
е Шафик Кагиму.
Станува збор за 24-годишен фудбалер од Уганда кој потпиша
двегодишен договор со Работнички. Тој во Скопје доаѓа од
шампионот на Кенија, Гор Махиа Најроби и игра на позицијата
централен играч за врска.
Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло, а за
репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.


Паредес се врати во Рома по седум години

Рома и официјално го комплетираше трансферот на
аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес, кој дојде од Пари
Сен Жермен, соопшти италијанскиот клуб.
„Добредојде повторно дома!“, му порачаа од клубот на Паредес,
кој ги бранеше боите на Рома во периодот од 2014 до 2017
година. Светскиот шампион со Аргентина потпиша договор со
Рома до 2025 година.
“Секогаш е возбудливо да се вратиш во Рома. Им благодарам на
навивачите за пречекот и на управата што ме вратија во клубот
кој ми даде пат кон Европа“, порача Аргентинецот.


Астон Вила го договори Заниоло од Галатасарај

Италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло зад себе има одлични шест месеци во дресот на Галатасарај, но брзо ја завршува епизодата во Турција. Нов клуб на Заниоло ќе биде Астон Вила.

Заниоло во зимскиот преоден рок бараше трансфер во Милан, а кога се пропадна и влезе во лош однос со Рома единствениот излез му го понуди Галатасарај. По добрите настапи во турското првенство и освоената титула Унаи Емери го доведува во Премиер лигата.

Трансферот на Заниоло го потврди и тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.

„Желбата на Заниоло беше да игра во Премиер лигата и ние ја почитувавме. Во такви услови, најдобро за клубот е да го пушти да замине. Веќе го имаме Тете и на негово место ќе доведеме засилувае“, изјави Бурук по вчерашниот триумф на Галатасарај над Олимпија Љубљана од 1-0.


Арнаутовиќ по една деценија се врати во Интер

Напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ наскоро ќе му се приклучи на Интер, тврди новинарот Николо Шира.

Според изворот, 34-годишниот Австриец денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да го комплетира трансферот во Интер. Претходно беше објавено дека Болоња за трансферот ќе добие 10 милиони евра.

Арнаутовиќ играше за Интер во сезоната 2009/10 на позајмица. Потоа одигра три натпревари за клубот и ја освои тројната круна како дел од миланезите.


Вест Хем го доведе најдобриот изведувач на слободни удари во Премиер лигата

Tимот на Вест Хем го комплетираше трансферот на Џејмс Ворд-Праус од Саутемптон вреден 30 милиони евра.

По вкупно 20 години и 12 години во сениорскиот тим, Ворд-Праус се одлучи за нов предизвик и го избра минатогодишниот освојувач на Кoнференциската лига.

Договорот кој го потпиша 28-годишниот англиски репрезентативец е со важност до 2027 година.


Наполи го купи најголемиот шпански талент

Луѓето од Наполи успеаja да доведат големо засилување од Шпанија.

Нов играч на италијанскиот шампион ќе биде младиот, Габри Вега, кој ќе го напушти шпанскиот состав Селта Виго и ќе се пресели во Неапол. Целиот трансфер на фудбалерот од средниот ред ќе биде во висина од 42 милиони евра со вклучени бонуси.

Медиумите наведуваат дека Селта ќе добие и 10% од наредниот трансфер на 21-годишниот фудбалер.