Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Игор Тудор, не крие дека е задоволен по ремито со Болоња во рамките на Серија „А“.
„Ова е добар бод, солиден резултат на тежок стадион каде што секој има проблеми. Имавме многу повредени и суспендирани играчи но, се снајдовме добро“ – рече Тудор.
„Создадовме шанси но, можеме да бидеме задоволни имајќи ги в предвид сите околности“ – рече тренерот на „Старата дама“ од Торино.
Реми на Јуве во Болоња и голема збрка во борбата за ЛШ
Juventus’s Khephren Thuram celebrates after scoring the goal 0-1 during the Italian Enilive Serie A soccer match between Bologna FC 1909 and Juventus FC at Renato Dall’Ara Stadium, Bologna, northern Italy, Sunday, May 04, 2025 – Sport – Soccer – (Photo Michele Nucci – LaPresse)
Фудбалерите на Болоња и Јувентус одиграа возбудлив натпревар од 1-1 на „Ренато далара“ во недела навечер. Ова беше директен дуел помеѓу екипи кои се борат за Лигата на шампионите. Во преостанатите три кола ќе има неверојатно возбудлива борба на четири екипи за четвртото место.
Претходно, Рома продолжи да прави чуда, остана непоразена и 19-ти натпревар по ред, победи по 15-ти пат во таа серија, славеше против Фиорентина и остана во игра за пласман во европската елита.
На три кола пред крајот на Серија А, сигурни патници во Лигата на шампионите се Наполи, Интер и најверојатно Аталанта, додека Јувентус (63), Рома (63), Лацио (63) и Болоња (62) ќе се борат за четвртото место.
Во Болоња, во вистинска војна на теренот, Јуве поведе преку Кефрен Тирам во деветтата минута, а израмнувањето го донесе Швајцарецот Ремо Фројлер во 54-тата минута.
Нкунку најави заминување од Стемфорд бриџ
Кристофер Нкунку ги брои последните денови на „Стенфорд Бриџ“. напаѓачот не е задоволен од статусот што го има во тимот и порачал на клупските челници дека сака да го напушти Челси.
Нкунку одигра само 910 минути во 27-те натпревари колку што беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер во Конференциската лига. Во ова натпреварување тој постигна пет гола и забележа три асистенции во девет натпревари.
Сепак, тој не е задоволен од статуст, сака да го напушти тимот иако неговиот договор со Челси истекува само во 2029 година. Ова би значело и дека Челзи би можел да заработи од заминувањето на поранешниот напаѓач на Лајпциг и ПСЖ.
Нкунку е желба на речиси сите клубови во Премиер лигата кои се во горниот дел од табелата. Медиумите го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Засега нема конкретни понуди испратени на адресата на лондонскиот клуб, но се водени разговори со менаџерот на играчот и многу е веројатно дека Нкунку ќе остане во Премиер лигата.
Челзи се надева дека ќе заработи околу 35 милиони евра. За споредба, Нкунку дојде во Челзи од Лајпциг за 60 милиони евра.
Меси и Суарез се разбудија, Интер Мајами го надигра Њујорк Ред Бул
Интер Мајами убедливо ги победи Њујорк Ред Булс со резултат од 4-1. Блесна Лионел Меси со брилијантен гол.
Во победата на својот тим, Аргентинецот го постигна најубавиот гол на натпреварот по одлична акција со Сеговија.
Натпреварот беше решен во првото полувреме. Домашниот тим постигна три гола во првите 45 минути и со тоа практично го реши прашањето за победникот. Пикол го доведе Интер во водство во деветтата минута, а подоцна Вигант го дуплираше водството во 30-та минута. Во 39-та минута беше 3:0 кога Луис Суарез го постигна својот втор гол оваа сезона во МЛС лигата. Тоа не беше крај, бидејќи Софо го намали водството на домашниот тим во 43-та минута.
Второто полувреме беше формалност, но момент на магија беше виден во 67-та минута. По неколку двојни додавања со Сеговија, Меси успеа да се избори за позиција и шутираше прецизно под пречката за конечен резултат. Ова беше неговиот четврти гол во седум натпревари.
Облак го сруши Икер Касиљас, не примил гол на 173 натпревари во Примера
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари. На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.
Но, ако се погледне процентот на натпревари на кои голманите во Ла Лига останаа непоразени, Облак е убедливо на првото место. Верувале или не, Облак остана непоразен во Примера со 48%, потоа Виктор Валдес со 44%, Бујо со 39%, Зубизарета со 37%, а последен во топ 5 е Икер Касиљас со 34%.
Во превод, Облак е на добар пат да стане најдобар голман во историјата на Ла Лига, доколку остане уште две или три години во Атлетико…
Милан фаворит за потписот на Дарвин Нуњез
Дарвин Нуњез речиси сигурно ќе го напушти Ливерпул ова лето, а сега се спомнува дека за него сериозно е заинтересиран – Милан.
Британскиот Атлетик потсетува дека периодот на Дарвин на „Енфилд“ не може баш да се оцени позитивно, ако се земе предвид дека е платен 75 милиони евра.
Освен Милан, се спомнува дека го следи и Атлетико Мадрид, иако не беа направени конкретни потези. Од порано е познато дека Ал Наср од Саудиска Арабија сакаше да го здружи со Кристијано Роналдо, во јануари во Ливерпул дури пристигна и официјална понуда, но тогаш Арне Слот процени дека е подобро да го задржи Уругваецот.
Иако оваа сезона одигра дури 43 натпревари, главно влезе од клупата и играше во помалку важни натпревари како стартер. Постигна седум голови и забележа седум асистенции, што и не е толку лошо ако се земе предвид дека беше план Б.
Ливерпул сигурно нема да успее да ги поврати вложените пари за неговиот трансфер, но би можеле да добијат сигурно над 50 милиони евра за неговото заминување.
Тах се предомисли, сега преговара со Манчестер Јунајтед
Медиумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед има намера да потпише со фудбалер кој наскоро ќе биде на располагање како слободен агент, а „Црвените ѓаволи“ веќе одржаа разговори во обид да ги победат Реал Мадрид и Барселона во договорот.
Рубен Аморим не загуби време за имплементација на својата вообичаена формација 3-4-2-1 кога презема команда во Манчестер Јунајтед. Системот вклучува три централни дефанзивци, што ја прави извонредната длабочина на таа позиција поважна за Јунајтед отколку за повеќето други клубови.
Но, според последното соопштение од Скај Спортс, Аморим и Манчестер Јунајтед веруваат дека е потребно уште едно засилување. Тие изјавија дека Манчестер Јунајтед се впуштил во трката да го ангажира Џонатан Тах, кој ќе го напушти Бајер Леверкузен како слободен агент на крајот од сезоната.
Барселона, Реал Мадрид и Бајерн Минхен се смета дека исто така разгледуваат можност за потег.
Арсенал застана во редот за Лукман
Ова лето би можело да биде најголемиот чекор во кариерата на Лукман.
Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман се приближува кон крајот на третата година со дресот на Аталанта со која има договор уште две години.
Но, како што е моментално, можеби веќе летово ќе ги промени клуските бои и ќе се врати на Островот, каде што веќе играл за Чарлтон, Евертон, Фулам и Лестер.
Лукман дојде во Аталанта од германскиот РБ Лајпциг во трансфер вреден 10,85 милиони евра, а сега „Трансфермаркт“ го проценува на дури 60 милиони, што доволно кажува колку добар потег направи со доаѓањето во клубот од Бергамо.
Во тековната сезона одигра 37 натпревари, постигна 18 голови, со седум асистенции, па впечатокот е дека сега е вистинско време за трансфер во некој од најголемите европски клубови.
Интерес има и сè поголем е бројот на заинтересирани европски клубови за неговите услуги. По Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, но и Барселона и Јувентус, најновото име на таа листа е – лондонски Арсенал.
Таа вест ја објави Флоријан Платенберг, новинар на „Скај“, кој наведува дека Лукман влезе во потесниот избор на желби на Арсенал за летниот трансфер период. Тој исто така додава дека сè повеќе заинтересирани има за Лукман, како и дека Премиер лигата е можна опција за одличниот напаѓач.
Алиоски и Ал Ахли ја освоија азиската Лига на шампиони
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот клуб Ал-Ахли испишаа историја со освојување на титулата во Азиската Лига на шампиони, еден од најпрестижните фудбалски трофеи во континентот.
Во финалниот натпревар што се одигра во Џеда, Ал-Ахли покажа доминација и со сигурна игра го совлада јапонскиот тим Кавасаки Фронтале со 2-0.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме, и тоа најпрво Галено со прекрасно изведен удар во 35. минута, а само неколку минути подоцна Франк Кеси го удвои водството на Ал-Ахли
Гостивар се повлече од Првата лига заради лошото судење и третман од федерацијата
Сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе продолжи и ќе заврши со само десет клубови, поради повлекувања на две екипи. Прво, пред околу една недела, клубот Воска Спорт објави дека се повлекува од првенството, а сега истиот чекор го направи и екипата на Гостивар.
Гостивар претходно беше казнет со одземање на девет бодови, како и парична казна од 2.500 евра поради напуштање на теренот на мечот против Работничи.