фудбал

Торино спремен да го откупи Никола Влашиќ

Торино ќе го откупи потписот на фудбалерот, Никола Влашиќ, кој во изминатата сезона играше како позајмен од Вест Хем.

25-годишниот Хрват имаше пет голови и осум асистенции на 37 натпревари. Затоа, популарните „бикови“ се определија да му понудат перманентен договор на четири години а на англискиот тим за трансферот да му платат 10 милиони евра плус два како бонуси.

Влашиќ треба да ги помине задолжителните медицински тестови и да потпише за тимот од Италија.


Тотенхем ја одби и третата понуда, Баерн се откажува од Кејн?

Тотенхем ја одби и третата понуда на Баерн Минхен за Хари Кејн, информираат медиумите на Островот.

Баерн од поодамна има договор со Хари Кејн, но никако не може да постигне договор со Тотенхем. „Спарси“ најпрво одбија два понуди, а Баварците пред неколку дена испратија последна понуда од 100 милиони евра, иако напаѓачот влезе во последната година од договорот.

И покрај фактот што Кејн инсистира да си замине и да се пресели во Баерн, сепак Тотенхем ја одби и третата понуда од германскиот клуб.

Претседателот Леви бара 140 милиони евра за слободата на Кејн, а Баерн после ова најверојатно ќе се откаже од трансферот и ќе се насочи кон други цели.


Бразилецог Натан потпиша за Наполи

Одбранбениот фудбалер, Натан Бернардо Де Соуса, денеска беше промовиран како нов член на Наполи

Бразилецот пристигна од Брагантино за скромни 10 милиони евра. Тој доаѓа на местото на Ким Мин-Јае кој по освојување на пехарот во Серија „А“ си замина во германскиот Баерн Минхен.

22-годишниот централен бек претходно беше дел од тимот на Фламенго кој ја освои домашната титула во  2020 година.


Матри: Јуве не е меѓу фаворитите за титула

Алесандро Матри настапуваше за повеќе врвни италијански клубови и беше член на националниот тим, а во последната изјава за медиумите ги истакнал своите очекувања од новата сезона во Серија А.

Јувентус нема да игра во Европа и тоа многумина го сметаат за предност на „бјанконерите“, но Матри не е убеден дека неговиот поранешен тим има потенцијал за скудето.

„Јувентус според мене е далеку од освојување на скудето.

 Жално е Бонучи да биде надвор од проектот поради некаква корпоративна одлука, додека Куадрадо може да биде сериозно освежување за Интер, бидејќи секогаш може да направи разлика на теренот“, вели Матри.


Пропадна трансферот на Верати во Саудиска Арабија

Марко Верати повеќе од една деценија е дел од францускиот прволигаш Пари Сен Жермен, поточно е играч со најголем стаж од сите фудбалери во сегашниот состав на клубот од „Паркот на принцовите“.

Меѓутоа пред неколку дена се изгледаше дека ќе заврши приказната на Верати со ПСЖ, односно тој ќе замине во Саудиска Арабија од каде имаше интерес од Ал Алхи и Ал Хилан.

Информациите беа дека играчот е спремен за таков чекор, но проблем направија „светците“ кои бараа високо обештетување за Италијанецот.

Овој процес застана, се одолговлечи, па играчот за врска решил да донесе јасна одлука за иднината и да остане и оваа сезона во Франција. Ова е информација на „Л’Екип“ што значи дека Марко сега ќе може максимално да биде фокусоран на предизвиците со ПСЖ, тим кој има високи амбиции и во натпреварувачката 2023/2024.


Матиќ ја напушта Рома и се сели во Рен

Фудбалерот на Рома, Немања Матиќ, веројатно ќе си замине од Рим, најавуваат дел од медиумите.

Според нив, српскиот интернационалец добил понуда да го облече дресот на францускиот Рен. Наводно, „волчицата“ ја прифатила понудата за 35-годишниот ветеран.

Матиќ првите фудбалски чекори ги имаше во Партизан а потоа замина во Колубара. Надвор од Србија играше за Кошице, Бенфика,Челзи, Манчестер Јунајтед и досега за Рома.


Каспер Шмајхел се враќа во Англија

Каспер Шмајхел откако го загуби првотимскиот статус во Ница за наредната сезона, може да се врати во Англија.

За потписот на 36-годишниот интернационалец од  Данска е заинтересиран Нотингем Форест кој сака да ангажира двајца играчи на неговата позиција. Затоа има тековни преговори со Манчестер Јунајтед за Дин Хендерсон како и со Арсенал за Мет Тарнер.

Шмајхел во претходната сезона во дресот на Ница прими 47 голови на 46 натпревари во сите конкуренции.


Менаџерот на Мане ги откри причините за заминувањето од Минхен

Садио Мане неодамна стана играч на Ал Наср, откако го напушти Баерн Минхен.

По неговото заминување од Ливерпул во Баерн Минхен, неговата кариера не одеше според посакуваниот терк, па тој беше соочен со заминување од Минхен.

Помеѓу Мане и Сане дојде до сериозен инцидент пред неколку месеци во натпреварот против Сити во ЛШ, по што дојде и до физичка пресметка меѓу нив двајца, а првите информации беа дека сето тоа почнало од Сенегалецот.

„Многу работи беа кажани и напишано, но малку од вистината. Тоа беа валкани работи кои ги изнесоа германските медиуми, се со цел да удрат намерно по Мане и да го извалкаат. Лага е дека Баерн го казни Мане 500.000 евра поради инцидентот. Сите кои се разбираат во фудбалот, знаат дека Лерој Сане е арогантен човек, а Мане се спротивно од тоа“.

„Садио по поразот од Сити му пријде на Лерој Сане, а овој го удри Сенегалецот по што морале да интервенираат соиграчите. На крајот Сане му се извини на Мане, но зошто? Затоа што тој го почна инцидентот, дури претходно Мане и трпеше расистички навреди од арогантниот Сане, тоа е целата вистина“, открива Бакари Сисе, портпарол менаџерот.


Данецот Густав Исаксен пред потпис со Лацио

Лацио полека се буди на трансфер пазарот, па откако го обезбеди Даичи Камада кој му се приклучи на Тати Кастелјанос, нов члена на „бјанкочелестите“ ќе стане ѕвездата на Митјиланд, Густав Исаксен.

Се работи за 22 годишен офанзивец, крило кое ќе треба да донесе свежина во напаѓачката линија на тимот предводен од Маурицио Сари. Лацио за него ќе издвои околу 17 милиони евра и тоа откако тој ќе ги заврши медициските тестови кои се закажани за в понеделник.

Според информациите договорот ќе биде до 2028 година, играчот ќе има плата од 1,3 милиони евра по сезона.


Ди Лоренцо го продолжи договорот со Наполи

Џовано Ди Лоренцо уште долго време ќе го носи дресот на калчолигашот Наполи.

Ди Лоренцо вчера го прослави 30. роденден, а како подарок му е новиот договор според кој ќе остане во Неапол до 30 јуни 2028 година.

Тој минатата година беше промовиран во капитен по заминувањето на Инсиње и Мертенс и како лидер имаше можност да го крене Скудетото, прво за Наполи по пауза од три децении. Бекот од 2019 година е дел од сегашниот клуб во кој пристигна од Емполи.

Севкупно има одиграно 184 натпревари на кои има дадено 13 гола и запишано 28 асистенции.