фудбал

Утрехт се пофали со потписот на Але

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт.

Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци.

Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во шпанскиот Леганес, а потоа во Утрехт, каде што постигна шест гола на 18 натпревари и му помогна на тимот да заврши четврти во Ередивизие и да се квалификува за Лигата на Европа.

Але сега се враќа во познато окружување, каде што ја започна својата кариера пред десет години, и потпиша нов договор со Утрехт.

Утрехт е на седмото место на табелата во холандското првенство со три бода.


Санчо ја одби понудата на Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.

Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.

Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.


Калимуендо потпиша за Нотингем Форест

Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест.

Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа.

Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше 14 асистенции.

Третиот е најскапото засилување на клубот во овој преоден рок. Форест издвоија повеќе од него за Омар Хачинсон и Ден Ендо.

Нотингем, ја отвори новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 3:1 против Брентфорд.


Борусија Дортмунд и Рома го сакаат Ечевери на позајмица

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Клаудио Ечевери, добил понуда да замине во редовите на Борусија Дортмунд.

Наводно, Германците сакаат да го земат 19-годишниот офанзивен играч за врска на позајмица со можност да го откупат договорот.

Ечевери во текот на зимскиот трансфер период ја напушти Ривер Плата и се пресели во редовите на „граѓаните“. Покрај „милионерите“, за услугите на Аргентинецот е заинтересиран и составот на Рома.


Сити ја одби првата понуда на Галатасарај за Едерсон

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ја отфрлиле новата подобрена понуда на Галатасарај за голманот, Едерсон.

Турскиот клуб понуди околу 10 милиони евра за 32-годишниот Бразилец но, Англичаните инсистираат на поголема сума.

Бразилецот е упорен на ставот дека сака да ја напушти Англија и да го облече дресот на Галатасарај.


Арсенал го доби големото дерби на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед со 0-1 во дербито од првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше нетипичен, „топџиите“ влегоа со епитетот големи фаворити, но тоа го оправдаа само со резултатот. Манчестер јунајтед доминираше, пропуштија играчите на Рубен Аморим неколку добри шанси, но не успеаја да го совладаат Раја.

Решавачкиот момент се случи во 13.минута, кога погоди Рикардо Калафиори, со што го спречи противникот да ја забележи 100-та победа во меѓусебните дуели.

Италијанецот ја рокадата на голот на „црвените ѓаволи“, Онана беше заменет со Бајиндир, откако Рубен Аморим одлучи да не го вклучи Камерунецот во стартните 11.

По корнерот на Деклан Рајс, Турчинот погрешно го процени летот на топката, ќе остане дилемата дали имаше фаул врз него од Салиба, но по неговата лоша реакција, топката дојде до Калафиори кој од еден метар ја спроведе во голот.

Практично тоа беше се од Арсенал на овој натпревар. Јунајтед доминираа и во поседот и според шансите. Доргу во првиот дел ја погоди стативата, Куња имаше добар пробив, но лоша завршница, а во вториот дел Раја брилијантно го одбрани ударот на Мбеумо.


Џејкоб Ремзи е нов фудбалер на Њукасл

24-годишниот играч од средниот ред, Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата.

Ремзи им се придружи на „страчките“ од Астон Вила и стана четвртото засилување на Њукасл ова лето.

Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).

„Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам одлука“, изјави Ремзи за официјалната веб-страница на Њукасл јунајтед (newcastleunited.com).

Поранешниот англиски репрезентативец до 21 година кариерата ја започна во младинската школа на Астон Вила и одигра 167 натпревари за сениорскиот тим, постигнува 17 гола и забележа 19 асистенции.


Гасперини: Ако си замине Коне, тоа ќе биде голема загуба за нас

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини даде свој коментар за можниот трансфер на играчот од средниот ред Ману Коне во Интер.

„Ќе видиме што ќе се случи во следните петнаесет дена. Коне е играч од врвно ниво. Неговото заминување би било голема загуба за нас. Треба да видиме што можеме да направиме. Сите знаете дека финансискиот фер-плеј е проблем за нас. Не сме активни на пазарот повеќе од дваесет дена. И не сум задоволен од тоа.

Ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто без да изгубиме играчи. Јасно ставив до знаење што треба да се направи. И клубот беше многу отворен со мене. Се надеваме дека можеме да го постигнеме она што го сакаме“, рече 67-годишниот италијански тренер на прес-конференција.

24-одишниот француски играч од средниот ред Ману Коне игра за Рома од август 2024 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна два гола и направи три асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 40 милиони евра.


Гвардиола: Не сум најзадоволен со така голем ростер на фудбалери

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Пеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.

„Ми се допаѓа кога силен тим игра во сите натпреварувања, но не сакам да ги оставам играчите дома. Тоа е штетно. Невозможно е да се создаде добра атмосфера. Секој треба да чувствува дека може да игра и да помогне. Клубот знае за ова уште од минатата сезона, не е вест, но ситуацијата е таква каква што е. Во следните две недели ќе разговараме со фудбалерите и нивните агенти за да најдеме решение“, рече 54-годишниот шпански специјалист на прес-конференција.

Во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата, Манчестер сити вчеравечер го победи Вулверхемптон на гостински терен со 0-4.


Екитике: Темпото во Премиер лигата е пеколно

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике призна дека бил изненаден од темпото и физичките барања на Премиер лигата по еден од неговите први натпревари на Островот.

„Интензитетот е различен. Тие не лажат за Премиер лигата. Добив грчеви во 60-тата минута“, изјавил напаѓачот.

Французинот имаше одлично деби во Премиер лигата за клубот од Мерсисајд, постигнувајќи еден гол и асистирајќи за друг во натпреварот од првото коло против Борнмут.